Знаев дека Пелистер се слаби, ама не и дека се греота, сиротињи , или кој уште не збор.Освен плејмејкеерот Миљковиќ , сите други во екипата можат да потпишат за замени на Торус и Соколи бидејќи само го срамат името Пелистер.Работнички одигра сосема солидно во нападот во целиот натпревар,потфрли одбрната но за среќа битолчаниве немаа врска па се изнапромашуваа од 6.25.Не знам колку точно тројки, но околу 25 сигурно промашија.Работнички во првото полувреме отиде со 8 коша разлика, а потоа ги растурија и направија околу 25.Последните 5 минути Докузовски ги играше со млади сили па Пелистер успеа малку да ја намали разликата.
Мора да се напомене дека Талевски и Караџовски се само имиња оставени како спомен во нашиов баскет, денес не покажаа ама баш ништо, како некои почетници играа.
Кај Работнички најдобри поединци беа Димче,Караколев и Огнен,а особено првиот кој ретко кога промаши за тројка.Симиќ,Љуца и Бојан солидни.
СРВ 70 денес.Сосема солидно навивање но секогаш може подобро.Сепак, СРВ уште се консолидираат, се работи на организација , се прави сајт, се отвара нова канцеларија така да не треба да се замерува за (ЗАСЕГА) не толку атрактивното враќање.Еве една фотка и би замолил без провокации .
Следна чинам е со бугариве на гости следниот вторник.Ако грешам нека ме поправи некој.