ВЛАДО ИЛИЕВСКИ, стрелецот на победничкиот кош на натпреварот со Литванија - Мама Стојка: Влатко спиеше со баскетот
Влатко ја посвети победата над Литванија на татка си Илија, кој почина пред две години...ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ
Стојка Гаштарска, мајка му на кошаркарскиот херој Владо Илиевски кој прексиноќа го даде победоносниот кош на натпреварот со Литванија, не ма ла сили да го изгледа дуелот докрај. По завршувањето на првото полувреме, пла шеј ќи се од конечниот исход, второто полувреме го преседела во соба без те ле ви зор, иако со ушите била кај соседите, кои гласно навивале за Македонија
"Ко га слушнав дека соседите се радуваат, разбрав дека победивме, но не зна ев дека Влатко ги постигнал последните поени. Немав храброст да го гледам си нот ако Македонија беше поразена, бидејќи ако не успееја сите тие момци што ср це то си го оставаат на теренот, нив ќе ги болеше, но мене повеќе ", ни рече Стојка, која вчера цел ден примаше честитки . Веднаш заминала на Плоштадот, од каде што му се јавила на Влатко да ја слушне еуфоријата и славењето на струмичани кои, пак, во еден часот по полноќ застанале пред нејзината куќа и го скандирале име то на Влатко.
"Ма мо, пресреќен сум. Навистина не знам што направивме. Ова е победа не само наша туку и на сите струмичани, на цела Македонија, и му ја посветувам на тат ко ми", и` кажал Влатко на мајка му по телефон.
Татко му на Влатко Илија почина пред две години, а тој презимето го зел според неговото име.
"Влат ко отсекогаш беше со топка. Како дете беше постојано хиперактивен. Прво поч на со одбојка, па премина на фудбалските терени, но на 8 години, благодарение на брат му Димче Гаштарски, почна да се занимава со кошарка. И верувале или не, како да се најде во овој спорт. Секое слободно време го минуваше со топката те во куќа те во двор, речиси спиеше со неа. Уште како мал, напорно работеше, и ве ќе на 16 години почна да игра во првата екипа на Неметали Огражден, од каде што за ми на во белградски Партизан, преку кој ја започна неговата интернационална ка ри е ра", се сеќава Стојка за почетоците на Влатко.
Влатко како мал бил страстен риболовец
"Тој како мал беше многу мирен, послушен, но кога ќе слушнеше за спорт, веднаш ста ну ва ше активен. Дома го имитираше Бојан Крижај како скија, имитираше то гаш ни фудбалски, кошаркарски ѕвезди. Но кога почна да тренира, толку се фо ку си ра ше на кошарката, што речиси немаше ниту детство ниту тинејџерски години. Беше пос то ја но со топката. Дома правеше крш вежбајќи одредени техники од НБА и од гер ман ска та кошаркарска лига.
Мајката на Владо, Стојка Гаштарска, немала сили да го изгледа мечот до крај
Можеби и по десетина пати ги враќаше видеока се ти те за да го научи движењето и техниките. За тоа ми е жал, бидејки тој ниту из ле гу ва ше ниту се забавуваше", открива мајка му, која вели дека е горда на сите реп ре зен та тив ци, не само на нејзиниот син. Горда е и на вториот струмички реп ре зен та ти вец Димитар Мираковски кој, иако не игра постојано, сепак, дава придонес во ис пи шу ва ње то на македонската кошаркарска историја.
"Влат ко е амбициозен, упорен, но и скромен. Секогаш сонуваше за високи успеси, ка ко на клупски така и на репрезентативен план, за што напорно работи, тре ни ра.Тој живее за кошарката. Мислам дека сонот полека му се исполнува. Ја има се та моја поддршка и на брат му Димче Гаштарски, а верувам дека од горе, од небото и не го ви от татко му дава сила", вели Стојка Гаштарска, која му ветила на Влатко дека кога ќе дој де во Струмица, ќе му го зготви неговото омилено јадење - спанаќ со ориз и пол не ти пиперки.
За скромноста на Влатко Илиевски кажува и Златко Зетов, еден од најдобрите дру га ри на Влатко и Димче.
Владе со брат му Димче Гаштарски
"Влат ко спиеше со топката. Постојано тренираше. Тој не беше како сите нас. Ние из ле гу вав ме по кафулиња, но тој вежбаше. Ако не во сала, тогаш на импровизираниот кош кој им го направи чичко Илија. Иако игра за големи кошаркарски клубови, никогаш не се однесува како ѕвезда. Има една мана, кога доаѓа овде во Струмица, постојано са ка да нe чести, нему парите не му значат ништо, нему му значи кошарката", вели Злат ко Зетов.
Влат ко Илиевски од 2004 година е во брак со Словенката Ања Вилфан, ќерка на ле ген да та на југословенската кошарка Петар Вилфан. Има два сина, 6-годишниот Лука и 2-го диш ни от Јакуп. Летово Влатко склучи договор за Ефес пилсен.
Текст и фото: В. Трајков
СКОЈА УПОТРЕБА НА ФОТОГРАФИИТЕ БЕЗ ДОЗВОЛА ОД РЕДАКЦИЈА ВЕСТ Е КАЗНИВО СО ЗАКОН
Ѕвез да на Влатко Илиевски на струмичкиот плоштад
Победничата тројка
Оп шти на Струмица сериозно размислува да му постави ѕвезда на Влатко Илиевски на струмичкиот плоштад. Вака најавил струмичкиот градоначалник Зоран Заев, от ка ко цела ноќ струмичани го скандираа името на Влатко. На социјалните мре жи веќе е поведена иницијатива од младите струмичани. Ѕвездата би стоела вед наш до ѕвездата на Горан Пандев на центарот на плоштадот, во знак на бла го дар ност што струмичани ја промовираат Струмица и Македонија.
Леле, луѓе мои, што направивме!
Влатко е во брак од 2004 година со Ања, ќерка на југословенската кошаркарска легенда Петар Вилфан. Владо и Ања имаа два сина - 6-годишниот Лука и 2-годишниот Јакуп
Вла до Илиевски покажа зошто е клучен играч во македонскиот тим. На 11 секунди до крајот постигна победничка тројка, со која ја занеме домашната публика и на Ма ке до ни ја и` донесе пласман во полуфиналето.
"Ле ле, леле, леле, луѓе мои, што направивме. Ова беше најдобриот шут во мојата ка ри е ра, најдобриот во животот. Радувај се Македонијо, го заслужи тоа", беше пр вата порака на возбудениот Илиевски веднаш по мечот.
Мираковски се молеше на прозорецот за чудо
Победата ја посветил на неговиот татко Илија, кој починал пред две години, и по чие име Владо го земал презимето Илиевски
Владо Илиевски ја опиша клучната тројка против Литванија како нај слав ни от момент во неговата богата кариера.
"Бев сигурен дека тројката ќе влезе. Ова беше кошот на мојот живот. Промашив дос та шутови во второто полувреме, како и во текот на целиот шампионат, но нај важ ни от го погодив. Морам да ви кажам една приказна. Мојот цимер Димитар Ми ра ков ски, утрото пред натпреварот, отиде до прозорецот и рече: 'Боже, многу ни да де досега. Ако имаш уште нешто да ни дадеш, дај ни го денеска, не оставај го за друг пат'. Нè очекува Шпанија, но ние ќе се бориме и ќе дадеме сè од себе. Не ви се нуди можност секој ден да играте против европскиот првак и имиња како Гасол и Наваро. Тоа ќе ни биде дополнителен мотив", вели Илиевски.
http://vest.com.mk/?ItemID=FCC9540D2EB00046889604CB6B7A55B9&arc=1
Преубав текст за Струмичанецот кој секогаш сум го почитувал многу повеќе од вообразениот Пандев.