Љубовта кон случајниот минувач

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се има случено уф многу пати! Да сум се збудалила по некој сосема непознат,првпат виден...да зазјапам онака забележително во него...

Алу љубов кон него-никогаш!(барем во тој момент)
 
Убаво чувство, како сладолед на сред Сахара. Толку е вистинито и толку трае. Дозволувам да ме облее милина тие десетина секунди, но не остварувам конкретен контакт. За пола ден заборавам на се.

Шансите љубовта кон случаен минувач да заврши со хепиенд секс или романса се исто толкави колку и шансите да те погоди џамбо џет додека одиш на релацијата Соборна црква - Драмски.
 
охоххооооо колку пати =) ама она, само физичка привлечност-никако помисла за љубов... ама тоа било само во тој момент-не сум ја следел или шознам па да трчам по неа за да се запознаам, да искачам каде што таа искача или слично. било момент и крај, а ако ни било судено би се сретнале на право место и во право време и би се случило нешто, а не јас да ја "бркам" насекаде каде што оди!
 
Ау не да ми се има случувано број им нема. Еднаш така идам по тротоар врнеше многу сабајлето и таа една ме загледа ми се насмевна така шпиунски ја како вол зјапнав во неа и одеднаш ШЉАП во вир до колена жива вода се напраив заради неа почнав да пцујам она и другарка и се скинаа од смеење си продолжија по патот а ја си шетав со љочка ко помочан.И што е најбитно не ми доаѓа памет уште си зјапам по жени.
 
Не. Кај мене не е ниту напалување туку како „Уау каков е еееееј!”. И како... Толку:)
 
Случајно налетав на подзаборавенава тема (благодарност до таговите:back:)

Љубов кон случајниот минувач...This sure beats the "love at first sight" pink thing.
Онака као проаѓа особата, ја погледнуваш, се заљубуваш, но потоа согледуваш дека е само минувач и трајно ја/го бришеш од меморијата...Можеби, не викам не.

Уствари, сите сме минувачи низ нечиј живот. Мигчиња, фрагменти. И толку, ништо повеќе. Само јас, и љубовта кон јас е трајна и неменлива.
 
Случајно налетав на подзаборавенава тема (благодарност до таговите:back:)

Љубов кон случајниот минувач...This sure beats the "love at first sight" pink thing.
Онака као проаѓа особата, ја погледнуваш, се заљубуваш, но потоа согледуваш дека е само минувач и трајно ја/го бришеш од меморијата...Можеби, не викам не.

Уствари, сите сме минувачи низ нечиј живот. Мигчиња, фрагменти. И толку, ништо повеќе. Само јас, и љубовта кон јас е трајна и неменлива.

Хм...некогаш и љубовта кон самиот себе знае да варира.:smir:
Има и луѓе кои низ текот на целиот живот воопшто не се ни засакуваат.:)
 
Хм...некогаш и љубовта кон самиот себе знае да варира.:smir:
Има и луѓе кои низ текот на целиот живот воопшто не се ни засакуваат.:)
Тоа го споменав во контекст дека единствената константа во животот сме си самите себе. Сами од себе не може да побегнеме дур сме живи.
Се друго доаѓа и си оди:)
 
охооооооооо....не еднаш...колку пати ми се има десено и тоа после си ја мавам главата зошто ништо не сум направил, и не сум пробал да ја запознаам...па макар и да и кажам здраво
 
:wub: Дали некогаш ви се има случено, да го погледнете некој само барем на момент, и станувате свесни дека тој е совршен и преубав и барем на момент имате чувство дека би можеле да го сакате цел живот???
А тоа е само уште еден случаен минувач???



Нема шанси..

Како може да помислиш за некого кого воопшто не го познаваш дека може да биде љубовта на твојот живот? Може да ти е убав или секси.. и ништо повеќе од тоа
 
па добро е ова за некое сценарио за филм стварно....иначе во реалниот живот е далекуууууу од возможно.....може да се случи некој згодничок да пројде и да искоментираме у стил еј топ типче али во никој случај да се затрескаме....тие што веруваат во тоа дека може изгледа го гледаат само надворешниот изглед !
 
Може некогаш онака на минување да видам дечко кој ќе ми го одвлече вниманието,па дури и кога ќе минува да се свртам и да го измерам цел па да си си помислам ееее шо јако типче...Но да се заљубам не.
Никогаш не сум можела да ја сфатам љубовта на прв поглед,а ова да се заљубиш во минувач пак ич.
 
ми се има случено да изгледам некоја од горе до доле и да искоментирам по нешто за неа ама сето тоа е далеку од заљубување...нема шанси да се заљубам во некоја шо ќе ја видам на минување
 
Многу често имам зјапано со минути во некое затегнато газе во тренарка.
Вакви моменти сум имал, газ, фаца, облини, очи. Што мислам се нарекува физичка привлечност.
А вие, најдете некоја груба дефиниција за љубов, па направете компарација со случките доживеаниок?

Ах деца, што знаете вие за љубов..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom