Чичко друже, да седнеме јас и ти на маса многу повеќе ќе се погодиме. Јадам и јас многу луто покрај ракијата, ама до уста утрпнување од згужвените Аџуми. Ги откажав сосевите, освен срирачи и остали за мексичка храна. Ама овие по живот се ризични, а во маркет ги продават, ги јадам скоро една до две на ден. Има нешто психопатско да минуваш низ таква болка ако сум искрен, но обожавам луто. Еве ја
темата за луто. Еднаш си издрпав јајца после јадење вакви, 20мин под туш со ладна вода ги ладев. Жена ми ако ги сецка за во храна, со ракавици го прави тоа.
Прегледај го приврзокот 492204
Oколу алкохолот, пијам све. Сношти почнав со дупли гленфидиќ 12ка во паб и убаво почна ноќта, но ме следи репутација и стигнаа пак јегер шотови. Па рум шотови. Па белгиски пива. Факт е дека два три пати во недела по неколку чаши ако пиеш си алкохоличар, а и како
@Darling напиша, помина ли 30 го надрастуваш, и освен ако не си зависен oд него, нема никаков бенефит. Затоа дома престанав да пијам и заменив со гане задњи ~5 години. Но сошл моментот е за мене битен исклучок, и затоа никогаш нема да се одминеме со алкохолот.
Околу незгодноста, никогаш нема некому да кажам
освен ако не доаѓам од убаво место, и e шега или ми е близок да така се шегуваме. Драми и такви работи дозволувам да ме промашат многу лесно. Не се испонашувам на пензионери како
@Aceso. А ниту ќе ме гори одвнатре ако нешто не сум кажал. Сум генерално позитивен и не дозволувам да глупости ми расипат расположение, тоа е во моја контрола - не нивна, а како што и кажав порано, тоа е резервирано право за неа и само неа. Затоа не ја носам ни работата дома иако работам од дома. Затоа всушности и ми е лесно на работа со сите тие нежни и фини корпо снегулки тука. Замисли да дозволиш да те изнервира Ленче кадрово и да одиш во IT темата да се жалиш зошто постоел департманот. Ленче, имај убав ден и се слушаме.