Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Замени го зборот виновници со изманипулирани. Колку и да им било тешко на жените у минатото не требало да си ја продадат душата на ѓаволот....фигуративно кажано.
Шо да заменам? Сеа ќе правиме суптилна ревизија на реалноста? Уште малце па ќе искочи и сами си потпишале договор со ѓаволот, онака, фигуративно, нели. Има разлика од историска анализа и однапред зададени улоги на цел еден пол.
Автоматски споено мислење:

Баш напротив, статистики имаше, но не им одговараат на жените, зашто нема повеќе жени инженери, постирав статистики зашто нема, зашто не учат инжинерство. На прашањето зашто не се лобира жените да имаат еднаквост и за физички работни места, не добив некој смислен одговор или статистики за контра. Ако ете, сметаш дека имаш поконкретни одговори, повели.
Хелоу, В. Ти вчера, те читав дека, извади многу добра поента. Сакав да се надоврзам, али коа видов дека феминизмот ги пишал воените закони у сите држави, па сеа треба да се правдаме и за секоја регрутација и како вие тука така фино исклизавте од фискални политики и субвенции за наталитет, право на љубов према отаџбина и мобилизација у Украина, скроз се предомислив. Пошо, нели, таква ми е природата, ѓаволска. Феминизмот е крив. Да ти кажам дека не ја поби членката, само ја смени тезата.

Твојата поента, уште е интересна ама. Пошо, не знам еве за другиве цури тука, али јас не мислам дека е неосновано да се отвори прашање за нееднакви обврски на мажите у мобилизација и еве скроз би пишувала за ова. Само шо, знаеш, посебна дискусија е, а не побивање на аргументот дека жените немаат дужност да раѓаат за државата.

Е, ѓаволот у мене, еве вика да не скролам назад. Убаци шо мислиш, ќе одговорам. Али прво да ве прочитам од тука натака, да видам до кај сте стигнале со Софија.
 
Последно уредено:
Си викаш, остај чоекот додека има сила и коњот го носи :)
Нивната конверзација ме потсеќаше на мене коа му објаснувам на помалиот син зошто треба да мие заби секој ден а он упорно ми се инати. Кај кажуваш за негово добро испаѓаш и лош
 
Хелоу, В. Ти вчера, те читав дека, извади многу добра поента. Сакав да се надоврзам, али коа видов дека феминизмот ги пишал воените закони у сите држави, па сеа треба да се правдаме и за секоја регрутација и како вие тука така фино исклизавте од фискални политики и субвенции за наталитет, право на љубов према отаџбина и мобилизација у Украина, скроз се предомислив. Пошо, нели, таква ми е природата, ѓаволска. Феминизмот е крив. Да ти кажам дека не ја поби членката, само ја смени тезата.

Твојата поента, уште е интересна ама. Пошо, не знам еве за другиве цури тука, али јас не мислам дека е неосновано да се отвори прашање за нееднакви обврски на мажите у мобилизација и еве скроз би пишувала за ова. Само шо, знаеш, посебна дискусија е, а не побивање на аргументот дека жените немаат дужност да раѓаат за државата.

Е, ѓаволот у мене, еве вика да не скролам назад. Убаци шо мислиш, ќе одговорам. Али прво да ве прочитам од тука натака, да видам до кај сте стигнале со Софија.
Здраво Луна. Немам намера со тоа природата ѓаволска да го коментирам, нит па сум кажал нешто такво. Баш напротив, не сум рекол дека жените мора да раѓаат, веќе тој воз замина, туку прашањето што сакав Очајна да ми го одговори директно, е дали е ок мажите да немаат одговорност да војуваат во случај на војна. Зашто ете прифаќам, my body my choice, не сакаш да раѓаш, фер, но важи ли истото за мене кога е у питање војна? Ете, можеби ти ќе можеш директно да одговориш на прашањето, каков и да е одговорот. Нели тоа што важи за едните треба да важи и за другите?
 
Она си рече дека е атеистика, не верува ниту во ѓаволот ниту во Господ.
 
Аииии... ми го игнорираше сарказмот бе. Ме свиѓа многу шо отиде право у поента.

Не. Ич ама не мислам дека е ок мажите да имаат обврска да војуваат, само ради тоа шо, нели, се мажи. А жените да бидат ослободени од таа обврска ради тоа шо се жени. И сериозно ова го контам ко однапред зададени родови улоги. Пошо види, ако одбраната е нели обврска на граѓаните, тогаш нека бидат еве и критериумите исти. Со исклучок, сеа јасно, на здравствена состојба, нели, способности и други некои релевантни ствари.

Не знам, еве, мене не ми е доволен аргументот дека мажите увек иделе у војска и точка. Не, три точки. Пошо, не е доволно. Историјава па никад и не била сертификат за еднаквост, нели.

Е, тоа шо го спорам е уствари, дека раѓањето е телесен и репродуктивен процес, нели, шо се дешава у телото на жената. Воената обврска е скроз законска и политичка обврска шо ја наметнува државата. Не се еднакви ситуации. Значи има разлика меѓу права и обврски и еднаквост на сите права и обврски. Еднаквост не е секој да има исти обврски у секоја ситуација. Сеа, у ситуацијава, коа веќе иаме различен третман, мора да има и оправдана причина за него. Не стереотипи или традиција!
Автоматски споено мислење:

Она си рече дека е атеистика, не верува ниту во ѓаволот ниту во Господ.
Прејако. Атеизмот е скроз релевантен за аргументот. Метафора, ипак, не бара верска припадност. Али да, разбирање на контекстот.
 
Ништо ај ќе почекаме Кина да отвори погон за производство на деца, па ќе престанеме да збориме за раѓања и такви од времето надминати работи.
 
Али пази, да имаат гаранција. Да не искочи ко каблине од Алиекспрес. Светат три дена нели и после сам ги лемиш. Леле лол!
 
Аииии... ми го игнорираше сарказмот бе. Ме свиѓа многу шо отиде право у поента.

Не. Ич ама не мислам дека е ок мажите да имаат обврска да војуваат, само ради тоа шо, нели, се мажи. А жените да бидат ослободени од таа обврска ради тоа шо се жени. И сериозно ова го контам ко однапред зададени родови улоги. Пошо види, ако одбраната е нели обврска на граѓаните, тогаш нека бидат еве и критериумите исти. Со исклучок, сеа јасно, на здравствена состојба, нели, способности и други некои релевантни ствари.

Не знам, еве, мене не ми е доволен аргументот дека мажите увек иделе у војска и точка. Не, три точки. Пошо, не е доволно. Историјава па никад и не била сертификат за еднаквост, нели.

Е, тоа шо го спорам е уствари, дека раѓањето е телесен и репродуктивен процес, нели, шо се дешава у телото на жената. Воената обврска е скроз законска и политичка обврска шо ја наметнува државата. Не се еднакви ситуации. Значи има разлика меѓу права и обврски и еднаквост на сите права и обврски. Еднаквост не е секој да има исти обврски у секоја ситуација. Сеа, у ситуацијава, коа веќе иаме различен третман, мора да има и оправдана причина за него. Не стереотипи или традиција!
Одличен одговор, не се согласуваме со се, но важно е дека имаш горе-долу урамнотежено чувство за правда, и директно знаеш да го кажеш. Реткост.
 
Али пази, да имаат гаранција. Да не искочи ко каблине од Алиекспрес. Светат три дена нели и после сам ги лемиш. Леле лол!
Туф, колку грешени по светов одат, ти најде кинезите под притисок да ги ставаш.
И од таму ќе биде, што ти се паднало тоа ќе си имаш, како и за се' друго во животот.
 
Леле лол. Руски рулет у демографско издание. Е, затоа и барам гаранција. Знаеш, среќата нема увек добра корисничка поддршка. Нејќу така бе.
 
Ајде, ајде, ќе си најдеш некој што ќе те направи среќна, само помалце фолирање и немаш гајле.
 
Ова, еве, уште појако од атеизмот. Не знаев дека сум пријавена у советувалиште за љубов. За наталитет иначе зборевме. Лол.
 
Back
На врв Bottom