Вратите на Перцепцијата

Кон црниот болдот...

Ваков тип на „досетки„ обично поставуваат ликови кои не веруваат во Божјото постоење и кои на секој можен начин сакаат да докажат дека Бог не постои, затоа што ете, тој некој си бог не може да створи нешто кое е поголемо и потешко од богот па затоа таквиот бог не е бог, оти не е семоќен.

Гледано чисто теолошки а не „философски„, живиот Бог има свои атрибути и улога во Светот и животот па вистинскиот Бог не се заминава со исполнување на нечии желби, како творењето на материјали нешта кои се поголеми и потешки од Него, ниту Бог се „замара„ со тоа кој што мисли за Него.

Живиот Бог Е Господ(ар) на(д) се‘ што е од Него створено и Бог не твори нешта за да Го изигруваат или мајтапат.

Кон црвениот болд...

Се работи за мисловна играрија од областа на квантната механика, од која дознаваме за честичките, “состојбите„, „местата„ и „просторот„ на (суб)атомско ниво‘, и обидот за нивно пренесување во реалнот свет по начелото „Што би било кога би било„, односно како статистичката веројатност не е лесно применлива во макро-светот.
Јас верувам дека постои Творец кој е вечен и недофатлив за нашата јадна перцепција. Не можеме да го сфатиме но можеме да имаме вера во Него. Тоа што го именуваме во машки род е само беден обид да се даде писмена форма на нешто надвременско и надматеријално.
Патот од атеист кон агностик и на крај Верник беше прилично долг но ете сепак, некогаш личното искуство наведува да се прифати Спасителот, најголемиот меѓу најголемите, Христос.
Автоматски споено мислење:

Интересен е парадоксот на Епименид. Имено тој бил од Крит и изјавил дека сите Критјани се лажови и дно на дното. Со тоа што ги става сите критјани во категорија лажови а бидувајќи критјанин, значи и тој лаже и уствари критјаните се доблесни луѓе.
 
Последно уредено:
Ако законот на физиката, ,,багот" у него и субјективното искуство од ДМТ, па дури и астрологија нели, може да поминат ко доказ, пак не сме добиле тест за симулација, туку универзален калап шо голта се.

Значи тука малку се разидуваме у поента. Јас претпоставувам дека живеам у симулација и сакам да проверам дали е таа претпоставка точна. Пошо, сите овие појави шо ги пиша, можеме да ги толкуваме преку природни закони на универзумот нели, али ако претпоставиме дека сме у симулација, истите овие ги толкуваме ко ограничувања на системот. Значи иаме можности шо ни даваат исти резултати. Фората, мислам е у пристапот до информации да направиме разлика кое толкување е точно. Пошо може ние не сме у таква позиција. И зашо? Прејако е ова знаеш, дали стварно ние гледаме ,,пукнатини" и сигнали у реалноста или само гледаме како перцепцијата и толкувањето се у обид да најдат смисла и структура у се. Од статистика и симболи, шо знам, еве, до длабоко изменети состојби на свест.

Замисли еве, добиваме некое ново сетило. Нешо со кое контаме структура шо за нас претходно била недостапна. И сеа, гледаме повтроливи обрасци шо укажуваат на тоа. Може новиот начин на перцепција, новото сетило нели, е тоа шо фали, за да разликуваме природен феномен од ограничување на системот.

Значи, не ја бутам претпоставката. Размислувам за можни начини надвор од нашата перцепција. Ако уопште постојат.
Автоматски споено мислење:

Фер. Ми смени рамка од апсолутно на релативно. Објективна логика и референтен систем. Ме свиѓа.
Општо прифатената научна парадигма у моментов е дека светов функционира како саат, све е причинско последично. Свеста е епифеномен, имаме биг бенг и све е последица на каузалноста која потекнува од истиот.
Тој пристап не остава простор за размислување у кој свеста е примарна...влијанија на рандом генератор на броеви, астрологија, парапсихологија и т.н.
Од друга страна, ако постојат сите овие феномени кои ги спомнав претходно тогаш системов мора да е информациски. Можеме ние да имам и сетила на пример како птиците, за магнетното поле на земјата кое функционира на принцип на квантна суперпозиција....тоа нема да смени ништо.
Да речеме и дека имаме и шесто сетило, да претпоставиме епифизата која има иста внатрешност како окото, нели ретина, е способна да улови одреден спектар од ЕМ поле. Нема тоа да смени ништо у однос на тоа како гледаме на светов.
Целата фора у доказот околу тоа дали светов е симулација е у можноста ние да направиме симулација. Ако тоа го можеме тогаш милијарда % е можно да сме у симулација, или симулација у симулација.
Она што е можеби мистерија е дали е можно да влијаеме у промена на матриксов и ако е тоа така тогаш тоа е правата моќ.
Автоматски споено мислење:

Јас верувам дека постои Творец кој е вечен и недофатлив за нашата јадна перцепција. Не можеме да го сфатиме но можеме да имаме вера во Него. Тоа што го именуваме во машки род е само беден обид да се даде писмена форма на нешто надвременско и надматеријално.
Патот од атеист кон агностик и на крај Верник беше прилично долг но ете сепак, некогаш личното искуство наведува да се прифати Спасителот, најголемиот меѓу најголемите, Христос.
Автоматски споено мислење: вчера во 21:43
Интересен е парадоксот на Епименид. Имено тој бил од Крит и изјавил дека сите Критјани се лажови и дно на дното. Со тоа што ги става сите критјани во категорија лажови а бидувајќи критјанин, значи и тој лаже и уствари критјаните се доблесни луѓе.
Постоење на творец имплицира на немање на слободна волја а тоа имплицира на тоа дека сме ние ветер и магла.
 
Општо прифатената научна парадигма у моментов е дека светов функционира како саат, све е причинско последично. Свеста е епифеномен, имаме биг бенг и све е последица на каузалноста која потекнува од истиот.
Тој пристап не остава простор за размислување у кој свеста е примарна...влијанија на рандом генератор на броеви, астрологија, парапсихологија и т.н.
Од друга страна, ако постојат сите овие феномени кои ги спомнав претходно тогаш системов мора да е информациски. Можеме ние да имам и сетила на пример како птиците, за магнетното поле на земјата кое функционира на принцип на квантна суперпозиција....тоа нема да смени ништо.
Да речеме и дека имаме и шесто сетило, да претпоставиме епифизата која има иста внатрешност како окото, нели ретина, е способна да улови одреден спектар од ЕМ поле. Нема тоа да смени ништо у однос на тоа како гледаме на светов.
Целата фора у доказот околу тоа дали светов е симулација е у можноста ние да направиме симулација. Ако тоа го можеме тогаш милијарда % е можно да сме у симулација, или симулација у симулација.
Она што е можеби мистерија е дали е можно да влијаеме у промена на матриксов и ако е тоа така тогаш тоа е правата моќ.
Не мислам дека треба свеста да се третира ко небитна, само ради тоа шо може е производ на физички процеси.
Тоа шо нешо се создало од нешо друго, не значи нели, дека нема сопствена улога. Свеста може да биде резултат на мозочни процеси и пак да биде суштинска за ориентација, учење, носење одлуки, разбирање на светот итн. Свеста и перцепцијата го овозможуваат нашиот пристап до реалноста.

Види, може да постои нешо независно од нас и тука го поврзав новото сетило. Не на начин да ни ја смени нели реалноста, туку можеби да ни открие нешо шо досеа не сме можеле да го сконтаме. Еве, скроз твојот пример со птиците и магнетното поле. Полето постоело и пред ние да знаеме дека постои, али ние немаме сетило со кое директно би го детектирале. Нов начин на перцепција не мора да ни открие друга реалност. Може да е нешо шо цело време било дел од оваа нели, али ни било недостапно.

И тука ми е и поентата. Дури и да откриеме некоја нова структура или феномен, како ќе знаеме дали гледаме природно својство на универзумот или ограничување на системот? Не гледам одговор у твоето мислење.

Не знам еве, може не ја контам логиката на Бостром, пошо не гледам како е доказ можноста да се симулира свест и да се создаде симулација. Доказот мора да е независно проверлив, повторлив и да може да ги разликува двете хипотези.

Е сеа, матриксот, мислиш на влијание врз физички закони, квантните процеси или буквално на промена на некаква надворешна структура? Пошо ова се различни ствари и не сум баш сигурна у која насока целиш.

Од позиција на атеист, мислам дека ова не следува автоматски. Зависи од тоа нели каков Творец претпоставуваме и каква слободна волја подразбираме.
 
Факт е дека некој, нешто, го има создадено универзумот и светов. Толку е интелегентно и точно и прецизно и просто функционира автоматски.

Раперот Nas имаше албум и песна насловена Time is Illmatic, што и всушност е. Автоматизам над нашето сфаќање.

Целиот Сончев Систем и оваа карпа наречена планета Земја се сами по себе чуда, кои ние понекогаш зафатени од секојдневните проблеми на преживувањето на неа заборавме дека си пловиме низ вселената у круг Бог знае колку години уназад. А и што се години уствари?
Сумериците први го направиле тој систем 60, уствари 60 секунди, една минута, 60 минути еден саат, 24 саати еден ден итн... Мереле, пустеле, праеле...

Е сега религиите имаат некои многу детални верувања и обичаи коишто се водич за нашето духовно здравје и состојба и се точни.

Не кради, не лажи, не врши прељуба итн... Сите овие работи не повредуваат и без некој да ни ги каже. Не не повредуваат само затоа што Библијата вели така, туку не повредуваат природно, и нас и сите живи суштества на планетава.

Не му го прави на другиот, она што не сакаш да ти го прават тебе. Можеби е прво, основно, и најважно правило.

Ама религијава се има поделено, многу забегува со обичаи немој да переш у недела, пости, ова она, остај пари у црква...
 
Не мислам дека треба свеста да се третира ко небитна, само ради тоа шо може е производ на физички процеси.
Тоа шо нешо се создало од нешо друго, не значи нели, дека нема сопствена улога. Свеста може да биде резултат на мозочни процеси и пак да биде суштинска за ориентација, учење, носење одлуки, разбирање на светот итн. Свеста и перцепцијата го овозможуваат нашиот пристап до реалноста.

Види, може да постои нешо независно од нас и тука го поврзав новото сетило. Не на начин да ни ја смени нели реалноста, туку можеби да ни открие нешо шо досеа не сме можеле да го сконтаме. Еве, скроз твојот пример со птиците и магнетното поле. Полето постоело и пред ние да знаеме дека постои, али ние немаме сетило со кое директно би го детектирале. Нов начин на перцепција не мора да ни открие друга реалност. Може да е нешо шо цело време било дел од оваа нели, али ни било недостапно.

И тука ми е и поентата. Дури и да откриеме некоја нова структура или феномен, како ќе знаеме дали гледаме природно својство на универзумот или ограничување на системот? Не гледам одговор у твоето мислење.

Не знам еве, може не ја контам логиката на Бостром, пошо не гледам како е доказ можноста да се симулира свест и да се создаде симулација. Доказот мора да е независно проверлив, повторлив и да може да ги разликува двете хипотези.

Е сеа, матриксот, мислиш на влијание врз физички закони, квантните процеси или буквално на промена на некаква надворешна структура? Пошо ова се различни ствари и не сум баш сигурна у која насока целиш.
Автоматски споено мислење:

Од позиција на атеист, мислам дека ова не следува автоматски. Зависи од тоа нели каков Творец претпоставуваме и каква слободна волја подразбираме.
А шо е реалноста? Дали ја перцепираме целата реалност или само дел од неа? Дали делот шо не го перцепиреме и исто толку важен или можда е поважен? Има многу прашања а многу малку одговори.
 
Не мислам дека треба свеста да се третира ко небитна, само ради тоа шо може е производ на физички процеси.
Тоа шо нешо се создало од нешо друго, не значи нели, дека нема сопствена улога. Свеста може да биде резултат на мозочни процеси и пак да биде суштинска за ориентација, учење, носење одлуки, разбирање на светот итн. Свеста и перцепцијата го овозможуваат нашиот пристап до реалноста.
Што значи тоа - твојот пристап, која си ти таа што имаш свест, ум и т.н. Дали мислиш дека си резултат на некоја одредена биолошка комплексност на материјата, emergent property?
Види, може да постои нешо независно од нас и тука го поврзав новото сетило. Не на начин да ни ја смени нели реалноста, туку можеби да ни открие нешо шо досеа не сме можеле да го сконтаме. Еве, скроз твојот пример со птиците и магнетното поле. Полето постоело и пред ние да знаеме дека постои, али ние немаме сетило со кое директно би го детектирале. Нов начин на перцепција не мора да ни открие друга реалност. Може да е нешо шо цело време било дел од оваа нели, али ни било недостапно.
Има еден начин за да сконтаме кои сме ние, а тоа е преку процес на негација, apophatic. Да искористам една моја омилена мисла...„That who you can see, you are not, that which you can observe, you are not, that which you can become aware of, you are not“ Ова е најчист начин за да сконташ каде си ти у овој универзум.
Секако тука се и изменети состојби на свеста, одредени хемикалии...дроги, начини на дишење, јога, ритуали, флотациони комори(sensory deprivation tank) како што користеле овие од Делфи јасновитките и т.н. Имаш методологија објаснета од Роберт Монро(gateway и hemi Sync) добро објаснета како да се дојде до тоа....тајниве друштва и ритуални магии, Енохијанска, Гриморска, Хаос магија и т.н.
И тука ми е и поентата. Дури и да откриеме некоја нова структура или феномен, како ќе знаеме дали гледаме природно својство на универзумот или ограничување на системот? Не гледам одговор у твоето мислење.
Ограничување на системов гледаме у секојдневието, и тоа ни го дава науката со самата методологија и пристап, само треба да се поврзат работите. Супер симетријата, квантни феномени како ентанглмент(испреплетеност), дабл слит, самиот факт што има ограничување у просторот и времето...планкова должина и време, ограничување у брзината на светлината, патување на информацијата инстант и т.н.
1795422468780.png
Кога сме таму, еве едно интересно филмче.
Од позиција на атеист, мислам дека ова не следува автоматски. Зависи од тоа нели каков Творец претпоставуваме и каква слободна волја подразбираме.
Ако сме ние створени од нешто тогаш немаме слободна волја...проста логика имаме тука. Да дадеме два примери на уметници у кои уметникот е Бог. Едниот е балерина а другиот е сликар. Кај сликарот делото е мртво...сликата, кај балерината нема разлика од делото до изведувачот.
Ние сме дел од Бог, или крсти го како сакаш....да не заглавуваш во семантика.
 
Од позиција на атеист, мислам дека ова не следува автоматски. Зависи од тоа нели каков Творец претпоставуваме и каква слободна волја подразбираме.

За Бога Творецот, можеме да философираме на пар начини:
- онака како Он ни се објавил,
- онака како поединци Го замислуваат и
- целосно неприфаќање на Неговото постоење, во облик од „атеист„.

Кон првата цртичка - гледано чисто теолошки, Бог Е онаков каков Он ни се објави, во Неговата беспочетност, семожност и неограничеснот.
Кон втората цртичка - Бог Е онаков каков човекот може да Го разбере Бога, со сета своја/човекова огтраниченост. На пример, кај дел од елинските философи можеме да сретнеме ставови кои се блиски до теолошките, иако Бог не им се објави на Елините. За боговите -идоли не е потребно арчење време, оти тие се или чисто човечки фантазерски производ или демонска измама.
Ко третата цртичка - атеистичкиот став за Бог не Го засега Бога по ниту еден основ. Ставот останува чисто субјективен, со немањето намера и желба за прифаќање на Божјото постоење, со сите последици од тоа неприфаќање.
 
Последно уредено:
Ставот останува чисто субејктивен, со немањето намера и желба за прифаќање на Божјото постоење, со сите последици од тоа неприфаќање.
Кои последици?
Не можеш да му мериш на некого вредност у однос на тоа дали се плаши од нешто или не. Вредноста на луѓето е у нивните етички принципи....а тоа се коси уствари со прифаќањето на авторитети. Не постои никој погоре од човекот затоа што у него е уствари божјата искра.
Автоматски споено мислење:

А шо е реалноста?
Реалноста ако идеме по гностичкото учење би била Плерома вистински свет надвор од овој симулакрум. Ама тоа воведува дуализам и тука наидуваме на еден тон проблематики.
 
Кои последици?
Не можеш да му мериш на некого вредност у однос на тоа дали се плаши од нешто или не. Вредноста на луѓето е у нивните етички принципи....а тоа се коси уствари со прифаќањето на авторитети. Не постои никој погоре од човекот затоа што у него е уствари божјата искра.
Последици кои се видливи и во реалното живеење, а уште повидливи во битисувањето после овосветовниот живот.

Верувањето во Бог не е само просто стравување од Бог, иако токму со стравот почнува и самото верување во Бог, но верувањето иако започнува со страв, тоа верување продолжува во облик од духовен раст, што значи (постепено) приблужување кон Бог и истовремено оддалечување од стравот од Бог.

Етичките човекови начела се прилично универзални и тоа само по себе е показател дека „некој„ ни ги вградил со самото наше раѓање. Од друга страна, самите етички начела би биле бесцелни ако со нив и од нив не биде постигната одедена посакувана состојба, а не само нивно просто, механичко и бесцелно исполнување начела, кое (исполнување) ионака ќе заврши со смртта.
 
Верувам дека има нешто што нашето човечко око не би можело да го види, ај така да се изразам, но повеќе не се работи за видување, туку и за чувствување.
Интригантни ми се оние "видовити" луѓе како Баба Ванѓа на пример, таа е една во светот, немало друга видовњакиња како неа на светот. Многу ме привлекуваат камења и сакам да читам и да откривам повеќе за нив, оние камења за кои се верува дека имаат некаква моќ,пример жад, аметист, месечев камен и уште многу други, се борам против оваа привлечност потсвесно зашто сум верник и сакам да останам доследна на христијанската вера, па затоа само си купувам прстенчиња сребрени, со такви некои камења но чисто зашто ми се естетски убави, не би правела грев да им припишувам магични својства, иако еве пример конкретно Жад бил многу ценет камен во стара Кина па и ден денес се верува дека носи среќа и штити од болести, но нашата вера не дозволува такви верувања, така што си останувам на тоа. Луѓето имаат потреба да веруваат во натприродни сили, нема ништо попривлечно од мистериозни нешта и луѓе, луѓето се препуштаат на фантазијата и си прават филм во глава, посебно денес кога се малтене е на тапет, се сликаат што јаделе, каде биле, и со кого, тоа ја убива мистериозноста и создава огромна досада.
 
Така е. Тоа "сетило" за перципирање на натрпиродното е чувствување, интуиција или како и да го наречеме, ама просто осеќаш.
Кога ги спомена камењата, па, би рекол дека во вселената има многу камења, астероиди, метеорити, метеори итн... за кои се верува дека паднале и паѓаат на планетава Земја, и нема ништо лошо во тоа да си веруваш, ама треба и да си проверуваш. :)
 
Што значи тоа - твојот пристап, која си ти таа што имаш свест, ум и т.н. Дали мислиш дека си резултат на некоја одредена биолошка комплексност на материјата, emergent property

Има еден начин за да сконтаме кои сме ние, а тоа е преку процес на негација, apophatic. Да искористам една моја омилена мисла...„That who you can see, you are not, that which you can observe, you are not, that which you can become aware of, you are not“ Ова е најчист начин за да сконташ каде си ти у овој универзум.
Секако тука се и изменети состојби на свеста, одредени хемикалии...дроги, начини на дишење, јога, ритуали, флотациони комори(sensory deprivation tank) како што користеле овие од Делфи јасновитките и т.н. Имаш методологија објаснета од Роберт Монро(gateway и hemi Sync) добро објаснета како да се дојде до тоа....тајниве друштва и ритуални магии, Енохијанска, Гриморска, Хаос магија и т.н.

Ограничување на системов гледаме у секојдневието, и тоа ни го дава науката со самата методологија и пристап, само треба да се поврзат работите. Супер симетријата, квантни феномени како ентанглмент(испреплетеност), дабл слит, самиот факт што има ограничување у просторот и времето...планкова должина и време, ограничување у брзината на светлината, патување на информацијата инстант и т.н.
Чекај, чекај, читам два пати еј. Не знам дали сум збунета или е ова свест, мистицизам, квантна физика...

Сеа вака, може не е добра аналогија, али не ми текнува друго. Температурата произлегува значи од движење на честичките, така, не? Сеа кажи ми, дали ова значи дека не е реално својство? Е, свеста е поврзана со мозочни процеси и пак е суштинска за нашето искуство, одлучување, интеракција... Јас не гледам причина да претпоставам дека мора да постои нешо нематеријално за свеста да биде значајна. Дали свеста е emergent property, апсолутно може да е, али ова не е целосно решено. И не знам да ти одговорам конкретно. Али еј, скроз е ова сериозна научна и филозофска тема. Факт! Само шо неаме дефинитивен одговор.

Не сме исти ние ок, со секоја мисла или емоција шо ја иаме. И можеме нели да ги набљудуваме, анализираме и преиспитуваме. Можеме да направиме и разлика меѓу набљудувачот и набљудуваното као два аспекти нели. Али, гледај сеа. Јас можам свесно да го набљудувам сопственото дишење нели и да го контролирам. Дишењето е ама дел од мене. Можноста да станеме свесни за некој сопствен процес нели, не докажува дека сме нешо одвоено од тој процес. Можеш ти скроз да се дистанцираш од искуство и да го набљудуваш, како тоа ама, покажува одвоено, шо знам, нематеријално вистинско јас? Тешка филозофија е ова, знаеш. А шо да праам сеа, еве mentally investigating everything. Лол!

Три ствари сеа. Искуство. Толкување. Доказ. Можеш да имаш исклучително реалистично искуство у изменета состојба на свест, апсолутно да. Али како ти го толкуваш тоа искуство? Како ќе докажеш дека е објективно точно?

Во однос на другото, веројатно е ок да се согласиме дека не се согласуваме. Или не се разбираме, еве не знам. :)Пошо види, не побарав само појава шо може да се уклопи у претпоставка за симулација. Поентата ми беше значи, да најдеме нешо шо би можело да покаже дека сме у симулација, а не нешо шо може нели да се објасни и со природни закони.

Тхнх на препораката за филмот. Скроз озбилно ќе го гледам.
Автоматски споено мислење:

Ако сме ние створени од нешто тогаш немаме слободна волја...проста логика имаме тука. Да дадеме два примери на уметници у кои уметникот е Бог. Едниот е балерина а другиот е сликар. Кај сликарот делото е мртво...сликата, кај балерината нема разлика од делото до изведувачот.
Ние сме дел од Бог, или крсти го како сакаш....да не заглавуваш во семантика
Добра аналогија е ова со балерината, али ја контам јас поинаку. Делото не е одвоено од изведувачот и постои преку него. Значи, не сме некакви одделни творби на Творец, туку дел од него или негов израз. Зависноста од нешо поголемо не мора да подразбира целосно отсуство на сопствено дејствување.
Автоматски споено мислење:

А шо е реалноста? Дали ја перцепираме целата реалност или само дел од неа? Дали делот шо не го перцепиреме и исто толку важен или можда е поважен? Има многу прашања а многу малку одговори.
А леле, ова прашањево твое, ми отвори сеа уште 30 други. Лол.

Па, веројатно е многу поширока од она шо ние можеме да го перцепираме. Иаме ограничени сетила нели, а и она шо го доживуваме, мозокот го обработува и интерпретира. Шо не значи дека делот у реалноста шо не го перцепираме е помалку реален нели, или шо знам, помалку важен.

Може значи да постојат процеси и структури за кои ние не сме свесни, али пак да имаат огромно влијание врз светот у кој живееме. Е сеа, јас со прашањата нели. Прејако е ова, како можеме да дојдеме до сознание за нешо шо не го перцепираме непосредно и како да го разликуваме она шо стварно постои од она шо само го претпоставуваме. Скроз интересно!

Ова сеа, шо пишал членот за гностичкиот пристап, е метафизичка перспектива за природата на реалноста и отвора друга, скроз супер тема.
Автоматски споено мислење:

За Бога Творецот, можеме да философираме на пар начини:
- онака како Он ни се објавил,
- онака како поединци Го замислуваат и
- целосно неприфаќање на Неговото постоење, во облик од „атеист„.

Кон првата цртичка - гледано чисто теолошки, Бог Е онаков каков Он ни се објави, во Неговата беспочетност, семожност и неограничеснот.
Кон втората цртичка - Бог Е онаков каков човекот може да Го разбере Бога, со сета своја/човекова огтраниченост. На пример, кај дел од елинските философи можеме да сретнеме ставови кои се блиски до теолошките, иако Бог не им се објави на Елините. За боговите -идоли не е потребно арчење време, оти тие се или чисто човечки фантазерски производ или демонска измама.
Ко третата цртичка - атеистичкиот став за Бог не Го засега Бога по ниту еден основ. Ставот останува чисто субјективен, со немањето намера и желба за прифаќање на Божјото постоење, со сите последици од тоа неприфаќање.
Шо знам, малку се разидуваме у поента. Не навлегов у тоа каков е Бог, дали се објавил или како човекот го замислува, туку конкретно пишав за односот меѓу создавање и слободна волја, нели.

Прва цртичка сеа. Ако идам од позиција на некој шо не верува у постоењето. Тврдењето дека Бог се објавил не ми е доволно. Прашувам кои независни докази би го потврдиле тоа, а не само дека нели, некое искуство може така да се протолкува.

Втора цртичка. Како разликуваме шо е вистинска божествена природа, а шо е човечка претстава за Бог, шо знам, склопена еве нели од наши сопствени ограничувања. Ако човекот го разбира Бог преку сопствена перцепција, како знаеме дека таа претстава стварно одговара на Бог?

Трета цртичка. Спорно е ова сеа, знаеш. Да немаш желба и намера за прифаќање, не е исто со отсуство на верување. Пошо, знаеш, да не си убеден у некое тврдење и свесно да одбиваш да го прифатиш се две различни ствари.

Е, последициве сеа. Пак иаме претпоставка дека постои живот после смртта нели и дека неверувањето има одредени последици. И како ќе го потврдиме сеа ова независно од религиското тврдење?

У секој случај, почетната поента ми останува иста. Дури и да претпоставам дека постои Творец, не гледам како од самото создавање логички следува дека нели, создаденото нема слободна волја.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom