callejón de la muerte
General Butt Naked
- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.591
- Поени од реакции
- 7.178
- Возраст
- 47
Оваа тема ја отварам за особи кои сакаат да размислуваат надвор од тесните рамки пропишани од општествените стандарди. Значи : Мисловни Експерименти, Парадокси, Хипотези, Шпекулации па чак и по некоја Теорија!
Мисловен Експеримент е замислена ситуација во која се тестираат идеи, хипотези и шпекулации. Се базира на логичко расудување кое треба да биде логички издржано и конзистентно.
Парадокс е став или состојба со најмалку две или повеќе квалитативни спротивности или контрадикции. Можат и едната и другата спротивност да бидат точни или реални што го прави парадоксот интересен.
Хипотезата е предложено или замислено објаснение базирано на ограничени докази и експериментални резултати и обично е почетна станица кон развивањето во теорија. Како и теоријата хипотезата би требало да е тестабилна, да може да биде фалсификувана преку обзервација или експериментација при што преминува во теорија. Без тоа останува шпекулативна.
Шпекулација е барање заклучок на база на недоволни информации, често се базира на претпоставки и некомплетни и површни обзервации. Некогаш шпекулацијата може да биде почетна точка во развивањето на хипотезата за одредена ствар.
Да започнеме со еден популарен парадокс, имено : дали Бог може да создаде камен толку тежок што нема да може да го подигне?
@Lunarija пинг