А кој ни е виновен?
Само немој самите сме, народот е виновен.
Виновен ни е секој оној што ни управувал со државата, пропорционално на нивното ниво на моќ и одговорност (и колку време биле на власт). Ако бил премиер, значи он е највеќе виновен, ако бил министер, за нијанса помалце, и така натака.
Судството ни праќа луѓе што украле ќебапи да лежат долги години, додека за милиони и милијарди изнесени од земјава или не се одговара, или се добива некоја смешна казна (условна, или година дена затвор). Државниве институции се по дизајн правени да им служат на мал број партиски клептомани и нивните најблиски пријатели од маало, средно или од кај и да се. Ја цедат државата од секој денар, и имаат полна уста патриотизам, или човекови права, или права на албанци, македонци, роми, што и да е. Они се криви, пошто они ги управуваат институциите, они управуваат со системот и го користат за да пренесат пари од даноци во свој џеб.
Не ни се евреи или илумнати криви што се вадат кредити во име на државата за да се градат згради низ Скопје и се купуваат приватни станови со народни пари низ Европа, тоа се луѓе со име и презиме. Две и пол партии се на власт кај нас 30 и кусур години, и лидерството им е горе доле исто. Ради нив, државата ни се празни од млад свет, економијата ни е на шкрги (во кредити сме до гуша) и ради нив системов е дисфункционален (ако беше функционален, немаше да можат да се збогатуваат толку брзо со таа компетентност што ја немаат). Не капираат држава, 30 плус години, не разбираат што им е функција, али добро знаат како да крадат пари и да избегаваат одговорност, знаат како да оддржуваат лојална багра партиски ботови под нив и да зграбат власт. Ги знаат сите финти, само немаат појма држава што е и како се управува, али добро знаат како да крадат јавни пари без проблем. Сите проблеми наши се домашни.