Wow! На домашен терен три порази од три утакмици со 0-8 гол разлика. 0 бодови од 6 утакмици и 7-ми пораз по ред. Да биде поболно, повеќето играчи дури и играат за клубовите постандардно отколку порано. Иначе Белгија вчера ја победи Италија со 4-1 и завери пласман во 1/4-финале, истата таа Белгија со која игравме 1-1 во Скопје и 0-0 на гости.
Реков дека со Словенија сега ќе си ја нарушиме убавата статистика што ја имаме. Словенија на двата меча дојде со послаб состав од оној кога игравме последно во оние квалификации за ЕП (тогаш го немаа Шешко баш, го немаа ни на овие утакмици, ама го имаа Иличич). Кај они беа утепани, два пати не победија со 2-0 и со 3-0 и тоа дома! Нивниот селектор уште вика дека ние сме имале добар селектор.

Не знам која репрезентација се има послабо претставено во ЛН Б зона. Дури и Казахстан имаше освоено бод во една потешка група со Норвешка и Австрија.
На крај камерата покажа дека на стадион може има едвај 600 луѓе, а мислам дека беа помалку. Азер неспособниот, син на Масар претседателот на федерацијата, мора да игра очигледно по секоја цена. Невидлив на терен, не знае што прави, удри еден словенец во врат при крај на утакмицата и не знам како не доби картон за тоа. Се гледа дека не ни знаат другите што да прават со него. Ѕвездата узбекистанска и 15-ти меч по ред не постигна гол - очигледно повеќе го бива да ломоти по социјални мрежи. Еве сега Согдиана му спрема трансфер во Бундес Лига, а може и во Премиер ќе игра за Брајтон. Оној саботерот го чуваат во резерви, а од формата е далеку од она што го играше кога Мрме беше селектор.
Квалитет во репрезентацијата има, само што нема ниту жар, ниту некаква игра, се е од баражот поставено партиски со врски, ојле да игра. Башка што играчите играат сега повеќе во клубовите отколку лани и пред прошлата година. Па нека се направат споредби кој е и што е и како се вадело порано максимум, а сега на никој не му се игра - а и не знаат за што играат.