Остај ти бројки одлични, околу банката има еден куп малверзации, се споменува перење на пари, сомнителни кредити на лица кои се гонат кривично во Србија, луѓе блиски до Вучиќ. Тие можи на хартија биле чисти ама се сомневам дека во Македонија не биле запознаени со случајот.
Фактот што се провнале само кај нас доста говори за проблемот.
Добро е што се презедоа итни мерки да не ескалира работата ама ова не мириса баш добро.
Наводно и експозитурите нема да работат, а пред 24 часа рекоја дека банката непречено ќе работи и граѓаните да не се грижат.
Па секако дека знаат се, јас и ти тука на форум ќе знаеме. Сигурно не очекувале Вучиќ да падне од власт. Некако многу драми правиш, што има чудно во тоа некоја банка да ја има само во Македонија и Србија, повеќето банки кај нас ги нема во повеќе од три држави.
КБ - ја има само во Македонија,
Стопанска банка - ја има само во Макеоднија,
НЛБ Банка само во држави од Екс Ју
Халк - Турција, Македонија и Србија,
Прокредит - во Источна Европа и Јужна Америка, не знам дали е уште така.
Уни банка - во Македонија, Бугарија и Албанија.
ЦКБ - Бугарија и Македонија,
ТТК - Македонија
Силк Роуд - Македонија
М Банка - Македонија,
Шпаркасе - единствено овие може да се каже дека се присутни во ЕУ, под Erste брендот.
И да не навлегувам во сопствениците, кај 50% од банкиве ќе залгавиш во ќорсокак, а другиве се олигарси, држави, чудни фондови.