Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 60: Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако не извршуваат општествени задачи)

Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако... (види наслов)

  • Вкупно гласачи
    36
Дали знаеш зошто никогаш не влегов во партија? Затоа што немам дисциплина. Не може некој глуп вмровец да ми каже "ајде сите во Собрание", ќе правеле државен удар! Или некоја неписмена комињара "сите до 11 да сте излезени на референдум", ќе ја силувале државната волја, политики за кои се противи мнозинството од народот.

Партиската војска без поговор ќе постапи, јас не можам, се објаснувам, се инаетам. Така и на работа. Не сум секогаш во право, најчесро реагирам на грешка, глупи политики и некои противправни обиди за терање на лична правда. Војската те учи на надреденост, на послушност, на ред и дисциплина. Ова можеш да го научиш во домот, во друштвото, па и се вештини кои можеш да ги стекнеш и научиш самиот.

И еве, пример, утре биде нападната Бугарија, Муцунски излезе со солзи на очињата и прави слика дека и ние сме под закана, колку ќе облечат униформа да гинат на бугарска почва? Нели, сите за еден. :)
Јас одгурав 12 месеци со твоите постапки. Против слепа послушност, за размислување...не станав член партије...не поминав лесно, ама помина и тоа.
 
Какви две години лол прочитајте нешто околу тоа а не вака бош муабет.
Најважна задача на вооружените сили е одбраната на земјата а не воспитување и што ти ја знам, исправка на родителски дебакли. Прво решете се што тоа војската треба да биде.

Македонија нит има популација нит длабочина на територија за да може во случај на напад да изврши мобилизација на замислена регрутна војска. Единствено што може е да батали конвенционална стратегија и да се бави со асиметрична војна, значи да го прави присуството на туѓа војска што поскапо на човечки и материјален план.

Пошто земја која од најјужна до најсеверна точка се минува за неполни два саати вожња некој да фантазира како ќе има време да мобилизира резервен состав и да ги упати на фронт е тешка дебилана.
Лица кои не знаат нешто треба истото да го научат, а вака гледаме особи кои не се упатени но се гласни.
Нема пари РМ за наводно исправање на родителски и школски немар, нема пари ниту за симболична армија од 8000 припадници. Одвај нешто се крпи, све што имаат е старо, ПВО не постои, армијата е полна со народности кои веднаш би саботирале...

Единствени реални закани се шкиптарски екстремисти и оружените сили треба да се развиваат во правец на контрирање на асиметрична војна, значи Counter Insurgency или COIN при што би имале мала но високо обучена војска која би можела да одговори брзо на предизвикот а не средовечни лица со стомачини кои ќе ги мобилизира и ќе ги праќа во смрт.

Но, сето ова е чиста теорија што кажувам, во пракса имаме тешко срање, и оружените сили не можат да бидат поинакви од останатиот дел на општеството и институциите. Све е труло, корупмпирано и сјебано.
 
@Пророкот ping што мислиш за ставот дека христијаните/мирјаните не би смееле да земаат оружје во раце пошто убивањето е најстрого забрането со Законот кој Бог му го врачи на Мојсеја? Кога ќе дојде судниот ден ќе се правдаме дека сме убиле по наредба?
 
Луѓе што ќе учите за 24 месеци бе? Знаете колку време е тоа? Колку часови во теоретска и практична обука?
Реално најдобро да е обуката 40 дена, а последните 3-5 дена да бидат "пеколни" да се прави интензивна вежба со минимални часови на спиње, а најдобрите да добијата и да станат пфв. Интересно е тоа што при некоја ситуација каква што никој не посакува, овие луѓе може за 21 ден да се подготват за акција. Нема да биди никој топовско место, војните од 1991 наваму се многу различни. Дополнително вежби секоја година по 7 дена.
Гледаме во Украина колку нема топовско месо...
 
Балканов е прашање на време кога ќе се разгори, единствена гаранција за овој каков таков мир ни е хегемонијата на САД да продолжи барем у западнава хемисфера. Проблемот што е кај нас е што си распродадовме и име и идентитет....да пробаш да се престроиш на улица не те пушта никој. Едино што секој треба да знае е да ракува со оружје да ако дојде тој момент да не биде барем глинен гулаб. Ние како народ немаме капацитет за никакво војување со некоја посериозна армија.
 
Ако Косоварите тргнат во провокација да ги оштетуваат оние најзначајните и најголемите преостанати светињи на Косово и Метохија можно е Србија да биде приморана на реакција.
А можно е во иднина Косоварите да бидат поттикнати од некоја држава на таков потег и Србите нема да имаат избор.
Се вооружуваат и Србија а и Косоварите во последно време, ќе има пресметка во иднина. И тоа е можно тајмингот да се поклопи кога Русија отворено ќе војува со Полска и неколку НАТО членки. По моја проценка за 15 години од сега.
 
Oti mesate sluzenje voen rok so ginenje pri eventualna vojna. Demek ako nemas sluzeno voen rok, ke ve oslobodat od prisilna regrutacija.
Ne nema, ke ve soberat ko stoka :toe:
Автоматски споено мислење:

Најдобар приказ за ефектот на идење во војска е Југославија.
И покрај тоа што била задолжителна, државата заврши како што заврши. Војската не си ја исполни својата основна задача
Bas naprotiv, vojskata ili voeniot rok vo potpolnost si ja zavrsi rabotata za koja bese dizajniran.
 
Oti mesate sluzenje voen rok so ginenje pri eventualna vojna. Demek ako nemas sluzeno voen rok, ke ve oslobodat od prisilna regrutacija.
Ne nema, ke ve soberat ko stoka :toe:
Автоматски споено мислење:

Bas naprotiv, vojskata ili voeniot rok vo potpolnost si ja zavrsi rabotata za koja bese dizajniran.

ехее. додека им текне на нив, ние со фрапенцата исполегнати на Полихроно, Господ не нѐ враќа назад. :cool: :icon_lol:
 
Нема поглупо нешто што може да му се деси на некого од тоа да заврши негде да служи војска. Тие што се за служење, жал ми е што ќе кажам ама им фали нешто.
А ако дисциплина е едини аргумент по кој се залетуваат некои, има боречки вештини за таа работа.
Па и во војска има боречки вештини. Зошто им фали нешто на тие што служат војска?
Автоматски споено мислење:

ехее. додека им текне на нив, ние со фрапенцата исполегнати на Полихроно, Господ не нѐ враќа назад. :cool: :icon_lol:
Побрзо работи системот тогаш ;).
Автоматски споено мислење:

Ако Косоварите тргнат во провокација да ги оштетуваат оние најзначајните и најголемите преостанати светињи на Косово и Метохија можно е Србија да биде приморана на реакција.
А можно е во иднина Косоварите да бидат поттикнати од некоја држава на таков потег и Србите нема да имаат избор.
Се вооружуваат и Србија а и Косоварите во последно време, ќе има пресметка во иднина. И тоа е можно тајмингот да се поклопи кога Русија отворено ќе војува со Полска и неколку НАТО членки. По моја проценка за 15 години од сега.
Добро и каква улога ќе има Македонија? Демек Косово ќе нападни НАТО држава? Се што гледаш од тоа вооружување, можи еден ден да им го соберат и со првиот авион назад за САД.
 
@Пророкот ping што мислиш за ставот дека христијаните/мирјаните не би смееле да земаат оружје во раце пошто убивањето е најстрого забрането со Законот кој Бог му го врачи на Мојсеја? Кога ќе дојде судниот ден ќе се правдаме дека сме убиле по наредба?
Бидејќи живееме во времињата од Новиот Завет, забраната за неубивање се однесува на сиот човечки род, така да забраната е важечка и за оние кои потенцијално би убиле и за оние кои би убиле во одбрана од убијците.

Не постои оправдување дури и за убиство во (само)одрбана, иако самоодбраната има оправдување во тоа што бранителот „не почнал прв„ во намерата да убие некого.

Пред лицето Христово ќе одговараме сите зла кои сме ги сториле во текот од своите животи, сторени со помисла, со збор и со дело, а убиството е еден од најтешките гревови и исто толку тешко „се пере„.
 
Добро и каква улога ќе има Македонија? Демек Косово ќе нападни НАТО држава? Се што гледаш од тоа вооружување, можи еден ден да им го соберат и со првиот авион назад за САД.

Еден мој познајник беше во право, човекот кажа дека прашање на време е кога еден ден во иднина САД ќе изгубат интерес за Балканот а Турција нема никогаш да го изгуби интересот за овие простори.
И не е случајно што Турција со дронови и останата технологија ги снабдува и вооружува Косоварите, знаат дека при промена на рамнотежата на силите на моќните држави светски играчи ќе има друга приказна и расплет на сегашната положба на Косоварите.

И Турција нема да може директно да испрати војска за заштита на Косоварите ама со воена технологија ќе ги помага.
И тоа се случува, им испраќаат доста напредно оружје на Косоварите иако е тоа спротивно на резолуција 1244 од Советот за безбедност на ООН донесена во 1999 година.
САД и НАТО еден ден ќе се повлечат, ама нема да го однесат оружјето кое го добија и ќе го добиваат Косоварите од Турција, и останати држави им донираат оружје, Словенија им донираше автоматски пушки.
 
Back
На врв Bottom