Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 60: Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако не извршуваат општествени задачи)

Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако... (види наслов)


  • Вкупно гласачи
    32
Епа сега шефе и ти не си прав. Еднаш одиме со предложено дете, еднаш со каубојци. Знам дека и ја бев каубоец, ама во случајот детето убаво си напиша.

Ако одиме со темата на бијонс, префрли ги мислењата од темата феминизам, зошто таму тргнавме да збориме за тоа.
Небитно, така реши управата. Не префрлам ништо, префрлете се овде. Кафе да не треба да ви сварам? :kafence:
 
Враќање воен рок ни под разно..Тоа не е доказ ни дека ќе бидеш мажиште ни дека ќе се научиш на дисциплина од друга страна ќе завршиш обука да бидеш топовско месо или обична RIP бројка на големите играчи (во воена состојба)..

Јадете,пијте,правите пари и плескајте кога ќе ви се укаже прилика..За воен рок обично говорат луѓе кои се усеруваат од слушање на онаа Ја излези Ѓурѓо и влагаат во опасен филм..
„Подобро ужасен крај отколку ужас без крај.“ Даме Груев

Ако не си спремен да ја платиш слободата со крв, тогаш нема ни да ја имаш. Се согласувам со предлогот.
 
„Подобро ужасен крај отколку ужас без крај.“ Даме Груев

Ако не си спремен да ја платиш слободата со крв, тогаш нема ни да ја имаш. Се согласувам со предлогот.
Момак живееме во 21-ви век со АИ со све..Мачо изјавите биле топ пред еден век,сега се други времиња..Се е ок со изјавата на Даме и се согласувам со неа ама ја гледам како залудно трошење енергија и согорување како човек со која апсолутно ништо не би се променило само може да служи како "храна" за оние од 4-та димензија и телото за оние во 3Д..
 
Најдобар приказ за ефектот на идење во војска е Југославија.
И покрај тоа што била задолжителна, државата заврши како што заврши. Војската не си ја исполни својата основна задача. Дополнително, државите наследнички беа градени од луѓе кој израснале со воен рок. Ако секундарен ефект било да изгради здрава популација и општество, просведочивме дека и тоа не е случај. Изградивме катастрофални општества а луѓето од таа генерација се во ужасна физичка или психичка состојба.

Да не ме сватите погрешно, не мислам дека ради војската така да испаднале работите, туку дека ефектот на крајот од денот бил безкорисен.
 
Цитатот кој му се препишува на Даме Груев е стара германска поговорка од војните со Наполеон. Можеби и тој го рекол тоа но не е оригинално негова мисла.
 
Ако не си спремен да ја платиш слободата со крв, тогаш нема ни да ја имаш. Се согласувам со предлогот.
Кога си во нато, може да значи дека треба да браниш и туѓа слобода. :)
 
За мажи и жени ли е воениот рок? Во насловот не е напоменато.
 
Момак живееме во 21-ви век со АИ со све..Мачо изјавите биле топ пред еден век,сега се други времиња..Се е ок со изјавата на Даме и се согласувам со неа ама ја гледам како залудно трошење енергија и согорување како човек со која апсолутно ништо не би се променило само може да служи како "храна" за оние од 4-та димензија и телото за оние во 3Д..
LLM не е магија. Еве со LLM и со све пак војна има во Украина, значи ништо не се променило, нема ни да се промени.
Цитатот кој му се препишува на Даме Груев е стара германска поговорка од војните со Наполеон. Можеби и тој го рекол тоа но не е оригинално негова мисла.
Можеби, но не знаеме со сигурност. За Даме нема докази дека знаел германски или француски, а досега не сум нашол запис дека поговорката била преведена на друг јазик освен германски и француски, барем до 1903 година.
Кога си во нато, може да значи дека треба да браниш и туѓа слобода. :)
Како мускетарите :)
 
Не се согласувам, државава нема уште кој не и се качи, генг бенг и се дешава миљарди се искрадени и никому ништо. Бумерите ќутат.

И шо мои деца утре да гинат за зајко, жмицко и али антички? Не фала.
 
Како мускетарите :)
Дали знаеш зошто никогаш не влегов во партија? Затоа што немам дисциплина. Не може некој глуп вмровец да ми каже "ајде сите во Собрание", ќе правеле државен удар! Или некоја неписмена комињара "сите до 11 да сте излезени на референдум", ќе ја силувале државната волја, политики за кои се противи мнозинството од народот.

Партиската војска без поговор ќе постапи, јас не можам, се објаснувам, се инаетам. Така и на работа. Не сум секогаш во право, најчесро реагирам на грешка, глупи политики и некои противправни обиди за терање на лична правда. Војската те учи на надреденост, на послушност, на ред и дисциплина. Ова можеш да го научиш во домот, во друштвото, па и се вештини кои можеш да ги стекнеш и научиш самиот.

И еве, пример, утре биде нападната Бугарија, Муцунски излезе со солзи на очињата и прави слика дека и ние сме под закана, колку ќе облечат униформа да гинат на бугарска почва? Нели, сите за еден. :)
 
Единственото нешто кое ми се допаѓа од војската се вреќите за спиење. Пред 10-15 години стариот ми даде една офицерска, од ЈНА, нема смрт! После 40-50 години е ко нова. Секоја зима, ко удрен, спијам во војничка вреќа. :D

На плус страна е тоа што е комотна, нема откривање, топло е, сауна. И нема туѓи ладни нозе во моето ќебе! На негативната страна, неколку пати ми се има случено да се излизгам од кревет. Доле си чаура. И температурен шок е од таа комоција и топлина да се откопчаш. :D
 
Дали знаеш зошто никогаш не влегов во партија? Затоа што немам дисциплина. Не може некој глуп вмровец да ми каже "ајде сите во Собрание", ќе правеле државен удар! Или некоја неписмена комињара "сите до 11 да сте излезени на референдум", ќе ја силувале државната волја, политики за кои се противи мнозинството од народот.
Исто и јас, ниту во Македонија ниту во САД сум бил член на политичка партија. Откако заминав од Македонија, добив поинаква перспектива за тоа како голем дел од луѓето кај нас ја доживуваат политиката. За многумина таа повеќе личи на навивање за фудбалски клуб отколку на проценка на политики и резултати. Не е важно што прави партијата, дали исполнува ветувања или не, важно е само да се навива за „својот“ тим и по секоја цена да се брани.
Партиската војска без поговор ќе постапи, јас не можам, се објаснувам, се инаетам. Така и на работа. Не сум секогаш во право, најчесро реагирам на грешка, глупи политики и некои противправни обиди за терање на лична правда. Војската те учи на надреденост, на послушност, на ред и дисциплина. Ова можеш да го научиш во домот, во друштвото, па и се вештини кои можеш да ги стекнеш и научиш самиот.

И еве, пример, утре биде нападната Бугарија, Муцунски излезе со солзи на очињата и прави слика дека и ние сме под закана, колку ќе облечат униформа да гинат на бугарска почва? Нели, сите за еден. :)
Никој со сила не нe натера да влеземе во НАТО. Да знаевме да ја водиме државата како што треба, веројатно немаше ни да заминам од неа. Осамостојувањето ни падна в раце без капка пролеана крв, а работите што лесно се добиваат обично најмалку се ценат. Можеби токму затоа толку лесно ја сфативме државата и успеавме толку многу да ја упропастиме.
 
Back
На врв Bottom