Партиската војска без поговор ќе постапи, јас не можам, се објаснувам, се инаетам. Така и на работа. Не сум секогаш во право, најчесро реагирам на грешка, глупи политики и некои противправни обиди за терање на лична правда. Војската те учи на надреденост, на послушност, на ред и дисциплина. Ова можеш да го научиш во домот, во друштвото, па и се вештини кои можеш да ги стекнеш и научиш самиот.
И еве, пример, утре биде нападната Бугарија, Муцунски излезе со солзи на очињата и прави слика дека и ние сме под закана, колку ќе облечат униформа да гинат на бугарска почва? Нели, сите за еден.