- Член од
- 16 јули 2021
- Мислења
- 2.848
- Поени од реакции
- 5.036
Но на крај темата која ќе биде, да се укине минималецот или да не се дига? Или пак останува првичната? Зашто ти нема да го натераш комфорт зона човек да работи повеќе од минимум па и 10х му ја кренале минималната.Во приватниот сектор исто прави проблеми. Еве два примери.
Мали фирми (фирма човек, или 1-2 вработени) кои не прават многу пари, ама па и не работат многу. Пример знам луѓе што работат по 4-5 саати во денот и си вадат пари за минималец. Е сеа, на тие луѓе, кога ќе ја зголемиш минималната плата за Х%, автоматски ги тераш или да ги поскапат услугите, да мораат да работат повеќе (со некои бизниси не е можно тоа) или да затворат. Ако се во струка кај што не е тоа лесно изводливо, на некој начин им го уништуваш бизнисот.
Поголеми фирми, кај што имаш некој на минималец. Кога ќе се зголеми минималецот, ти не можеш да им покачиш само на тие на минималец, затоа што ќе ги стигнат тие што заработуваат повеќе од нив во моментот. Така да на крајот, мораш скалесто да покачиш на сите. И трошоците ти се зголемиле без да се зголеми продуктивноста. И што праиме во тој случај? Ги тераме луѓето кон сива економија (осигуран на минималец, другите пари на рака).
Последно уредено:
