Ретко глупи и крајно правно неписмени правници има во тоа обвинителство. Артан ги ебе како сака, предметот им е распаднат. Обвинителство загуби двајца клучни сведоци. Не дека не знаевме дека е договорено, да се вратат, да има фиктивен процес и да бидат ослободени. Вака обвинителство губи интегритет.
Ристов цела година си лапа плата, иако нема сработено но еден предмет, сем неговиот. Неговиот правен тим си поигрува со обвинителството, на крајот може и да се извлече затоа што има признание од страна на неговите родители дека парите се нивни, иако обвинителството има ДНК докази дека во еден момент парите поминале и низ Ристов.
Огромен дел од предметите за Бомбите им застареа, државата треба да им плаќа милионски суми на име процесни трошоци на поранешните функционери во тоа злосторничко здружение наречено ДПМНЕ.
И што е потрагично, тоа злосторничко здружение дојде на власт ветувајќи правда, правичност и одговорност за сите кои се огрешиле пред законот, за сега со Ива Михаилова власта (извршната) да не може да се меша во правосудството! Нека ја стрпаат по притвор, па ако и се вложи здравствената состојба, ќе може да биде префрлена во било која наша болница/клиника. Тоа право го има. Затоа што ако добие затворска казна во процесот, за времетраењето на истата, ќе може да се лекува во границите на оваа територија. Крајно глуп и секојдневен процес, за крајна баналност, се екранизира. Лесен предмет, нема никакви компликации, нека ја осудат и тоа е тоа. Ќе правиме циркус од секој поединец кој има повеќе од едно државјанство.
И еве, после 3 години власт, има кривични само против директните конкуренти за столчето на Филипче: Деспотовски, Богоев и Костадинов. Што значи дека му направија чистка на тронот на партијата која од ден на ден станува маргина. Да имаше изборен цензус, ко што има во Србија, ќе се бореа за гол живот.
И уште три процеси се вратени назад, Ласкарци, Јакимовски и со таткото на Вања. И со Пулс ќе биде вака, таму има многу повеќе обвинети, а сме на средина на првостепената постапка. Сега за сега процесот оди, ама ќе има уште најмалку 15 рочишта само оваа година. А започна лани. Ќе продолжи и во 2027 година. Ова е првостепена постапка.
Покрај ова, се одбиваат предмети каде има признание на вина под изговор дека немало кривично-правни елементи! Значи, еве јас, направам одредено кривично дело, некое од понезначителните, ме фатат, признавам вина и предметот е отфрлен. Нема процес каде би добил и макар условна казна! Тогаш ајде да избришеме сѐ што овие космички умови сметаат дека не треба да е противправно, и да одиме со тие 20-30-40 дела каде ќе стекнат експертски познавања за едно 20-30 години, таман пред пензија. Нема кадар, па и зошто некој би сакал да работи опкружен со крајно неинтелигентни правници кои ти диктираат како да ги работиш предметите?