jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.776
- Поени од реакции
- 27.884
Не е воопшто фер ова. Ниту те направив будала, ниту те навредив. Се однесувам со почит и побарав најкултурно твое учество во дискусијата, баш дека го ценам твоето гледиште, без разлика дали сметам дека е точно или не, пошто став се гради со интелегентен опонент, не со глупав. А од друга страна очигледно не си го ни прочитала мојот став околу легализацијата.Ама не, не зборат они за опиоиди.
Зошто реалноста е дека ако збориме за опиоиди, дискусијата е однапред загубена. Нема таму простор за романтизирање. Стварно не ми е јасно зошто некој би ја водел дискусијата ЗА легализација на нешто што е опасно по живот и уништува семејства. Па дури и ме прават будала мене зошто го зборам ова што го зборам. Поим немам и слично.
Нека немам врска од животот, ама знам што се основни човекови вредности, што правилно, а што погрешно.
Баш напротив сите испитувања што ги постирав зборат дека не постои ниту психичка завианост од овие 3 супстанци.Сите овие клинички испитувања се прават кај строго контролина група пациенти, пациенти за кои со сигурност се знае дека немаат гентска предиспозиција за шизофренија или некаква форма на психоза. Значи, за да се направат овие испитувања има еден куп психијатри околу пациентите кои строго ги контролираат, клинички, контролираат доза, и несакани ефекти. Значи ова што го пишуваш е исто секако да ми кажеш дека морфиумот или кетаминот се супер лекови, секако дека се, нели се користат во операциона сала, но ако ти сам дома ги користиш истите голема е веројатноста дека ќе завршиш на апарати.
За зависноста веќе кажав, може не се создаваат физичка зависност како пример опиоидите, но и текако сериозно влијаат на менталното здравје предизвикувајќи тешка психичка зависност. Веќе ви кажав што предизвикуваат.
Ок ајде прочитај го погоре, го имаш мојот став за легализација и начин на користење. Поентата на лепакот и керозинот е што имаме легални бајаги поопасни супстанци, кои ги има и кај нас. Незнам дали си видела деца дуваат лепак сред бел ден у Скопје и мува не ги лази. Со лепакот и керозинот чувството се постигнува со хипоксија, што е за 100% од луѓето штетно, додека овие 3 супстанци имаат нуспојави колку и обичните лекови, за корисници со предиспозиции. Да не зборам што све може да се најде во аптека, а што ствара зависност на ниво на хероин па и полошо, попут хелекс, диазепами, лексилиуми, лоразепами и тоа све достапни онака за било кој, па аналегитици попут трамадол. Дали воопшто имаме статистика, колку луѓе се зависни од овие? Дали имаме статистика колку луѓе се зависни од цигари и алкохол?Манипулирате со дискусијата и тоа не е во ред. Како што веќе кажав, секој лек е отров, ако правилно не се применува. Еден обичен парацетамол, ако се напиеш во дози поголеми од пропишаното може да биде опасен по животот. Но, мене прашањето ми е, зошто наместо парацетамол вие би посегнале по ЛСД или псилоцибин или нешто слично, а? Муабетов со лепакот и керозинот е еквивалент на ова што те прашувам. Знаеш зошто? Затоа што парацетамолот е лек за температура. Еве дека збориме за депресија, еден најобичен антидепресив или силен лек за смирување, ако се пие на своја рака и во неодредени дози, може да предизвика тежок колапс и труење. Но пак тука прашањето е, зошто наместо клинички одобрена терапија препишана од лекар за конкретна дијагноза, некој би земал ЛСД или псилоцибин на диво во паркот?
Неможе за едни супстанци да се ослонуваме на свеста на луѓето, a други еднакво или помалце опасни да ги стигматизираме.
Еве ајде нема да споредам лсд, дмт и псилоцибин со лепак и керозин, ќе ги споредам со комерцијални супстанци што предивикуваат зависност, цигари и алкохол.
Значи прво и основно, никаде не покажав дисреспект према тебе, ниту те ставив во корпа со некој. Мојот став е мој и не го делам со никој, ниту пак имам сличности во ставот на човекот со тој со којшто ме ставаш у корпа.Манипулирате
Зошто луѓе злоупотребуваат лепак и керозин? Зошто луѓе се навлечени на трамадоли (незнам сега како е ама самите лекари изиграваа дилери), Зошто луѓето пушат и пијат? Зошто? Дали тоа што се криминализирани дрогите и начинот на којшто заштитата се применува придонесува луѓето да не користат забранети наркотични средства?
Иначе за депресија, јас лично би одбрал ЛСД наспроти било кој антидепресив, секако со консултација на лекар кој има искуство со тоа . Пошто според тоа што читав лекува 100%. И најверојатно не кај нас, пошто докторската фела кај нас е надрогирана на суета на максимум, мада незнам од кај им е самодовербата, пошто ситуацијата ни е: Недај боже да ти притреба лекар за настинка, а не пак за нешто посериозно.
Ниту еден научник за многу легални ствари кои се опасни да се конзумираат и од кои се ствара зависност не тврди дека се безопасни. Дури и ставаат ливчиња на кои пишува точно која е опасноста. Како тоа ги спречува луѓето да ги злоупотребуваат? На цигарите дури има и грозни слики, па сепак луѓето ги купуваат.Ниту еден сериозен научник од сите овие линкови што си ги постирал не тврди дека овие дроги се безопасни. Никаде не го пишува тоа. Они прават истражувања во рамките на определена клиничка група, да видат дали има некаков терапевтски ефект и сл, но во реалноста може да видиме како овие лекови активираат психози, панични растројства и трајни перцептивни оштетувања.
И пак ќе кажам сите најнови истражувања, покажуваат дека трајни перцептивни нарушувања од овие 3 супстанци нема. Едната студија вклучува експерименти со 130К луѓе. Значи тврдењата дека доведуваат до трајни перцептивни оштетувања се во најмала рака застарени.
Значи да нагласам, зборам за овие 3 супстванци.
Исто како диазепамите и трамадолот, исто како цигарите и алкохолот. Исто како лепакот и керозинот.Дрогата е длабоко штетна, го уништува мозокот, менталното здравје и секојдневната реалност на терен го покажува тоа во најсурова форма. Играњето со овие работи не е наивна забава, туку директен пат кон трајна катастрофа.
Зошто на пример не промовираш криминализација на овие ?
