Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 60: Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако не извршуваат општествени задачи)

Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако... (види наслов)

  • Вкупно гласачи
    33
Па ако немаат физичка зависност, имаат психичка зависност. И не, не создавааг природни хемиски реакции за телото. Да, се врзуваат се серотонинските рецептори, но прават длабоки нарушувања и промени во перцепцијата и обработката на информациите во мозокот. Значи може да има невропсихијатриски симптоми од типот на трајно перцептивно нарушување со појава на флешбекови, визуелни пречки и халуцинации, кај генетски склони лица може да активираат шизофренија, тешка психоза и депресија, и целосно губење со реалноста.

Патем, знаеш ли дека печурките од одредени видови содржат псилоцибин, и знаеш што се може да се случи со нивно консумирање? Прво, екстремно лесно доаѓа до фатално труење во природата поради погрешно берење и мешање со смртоносни видови кои ги уништуваат органите и второ, на психолошки план прават катастрофална функционална дерегулација на мозокот.

Во токсикологијата важи правилото дека секоја супстанција во одредена доза е отров, но тоа апсолутно не значи дека ваквите супстанции треба да се консумираат самостојно, особено кога кај психолошки зависник нема никаква контрола над истото.

Лепаците и керозинот се токсични хемикалии кои предизвикуваат деструктивно оштетување на мозочното ткиво, белите дробови и другите органи.
Не се наменети за внесување во човечкото тело. Нивната продажба не е дозволена за да се дуваат или пијат, туку имаат јасна индустриска и секојдневна намена. Тоа што некој ги злоупотребува и си го уништува мозокот и органите со нив не ги прави легални наркотици, туку претставува екстремна форма на автодеструкција и зависност со висока стапка на смртност.
Автоматски споено мислење:

Какво релативизирање и споредби еј.

Ножевите се користат за готвење, автомобилите за транспорт. Тоа што го збориш е секундарен ризик од злоупотреба и за тоа постојат соодветни казни. Затоа сме еволуирале, и знаеме кој предмет за што се користи.

Психоактивните супстанции немаат таква примарна општествено корисна функција, не се користат за градба, транспорт или исхрана, туку нивната суштинска цел е хемиско менување на свеста, при што ризикот по менталното здравје и деструкцијата се примарниот, а не секундарниот ефект. Кога општеството видело дека тој секундарен или примарен ризик уништува животи и генерации на масовно ниво, почнало да воведува контрола исто како што вовело строги правила за секој друг опасен аспект од секојдневието. Тоа се вика ЕВОЛУЦИЈА.
Автоматски споено мислење:

Слушај, ти пишувам затоа што стварно ти мислам добро и ми е жал кога гледам дека правиш нешто на штета на самиот себе. Те ценам и знам каков потенцијал имаш, паметен си, способен и имаш толку многу да понудиш. Ова што го правиш сега не ти носи ништо добро, а сигурна сум дека ги повредува и луѓето околу тебе кои те сакаат. Штета е да си го уништуваш тоа што го имаш. Размисли малку каде те води ваквото размислување, заслужуваш многу повеќе.

Не видовме ниту еден доказ дека наркотиците биле ставени надвор од закон поради алтруистични побуди. Една студија за влијанието на супстанците, само една. Не можеш да приложиш ЕДНА. Што значи останува лажниот алтруизам и хистеријата. Кое бре црно општество видело дека се уништувале животи при минимален број на наркоси во споредба со денес, дај еден пример една земја, да видиме цифри да споредиме.
Вака само папагалски повторуваш лаги завиткани во медицинска терминологија.
Тоа што пишуваш патетични лаги за makedonija u raljama narkomanije се резултат на незнаење. Ајде дај цифра колку џанаци умреле лани или преклани во Македонија? Да видиме, да споредиме кои поведенија убиваат најмногу луѓе. А дијабетесот е кај секој трет човек...којзнае зошто. Мистерија!
Еволуција нема врска со забрана на дроги, не се бламирај за без пари. Немој ова во ИРЛ да го кажеш ќе ти се смеат. Еволуцијата е адаптација проследена со мутации низ генерации предизвикани од надворешни притисоци, а како што знаеме, човекот со десетици илјади години употребувал психоактивни супстанци.

    • Farming Motivation: Some archaeologists argue that early crops like wild rice, millet, and corn (maize) were cultivated to make alcohol, like ancient Chinese fermented drinks or South American chicha, before they were used as staple foods. [1, 2]
    • Safe Hydration: Fermented drinks provided a safer source of hydration than contaminated ancient river or stream water because the alcohol and brewing process killed harmful bacteria. [1]
    • Social Bonding: Group drinking and feasting helped build trust, forge political alliances, and manage the stress of moving from nomadic hunter-gatherer groups to crowded village life. [1, 2]
    • Labor Mobilization: Ancient leaders used beer and wine to reward and motivate large workforces building massive public projects, such as the pyramids in Egypt. [1]
Ефти од славниот Макс Планк институт

Аааа мастика мастика аааа мастика мастика ако не беше етанолот сеуште ќе си ловевме и собиравме. Секако дека етанолот не е едина причина, но изгледа дека е најсилна.

Значи не можеш, не знеш да повлечеш паралела помеѓу почетна премиса со логички след и причинско последични односи, не знам како е тоа можно, на што ве учат таму, да крадете од пациенти со терминални болести како што беше тоа случај неодамна, да ги оставате да умираат во незамисливи болки и страдања, да ги оставите да умрат како песови на улица?
The Taliban girl strikes again :vozbud:

Еве од одговорните за војната против дрогата после 55 години борба за сузбивање на наркотиците, милиони затворени особи, милиони мртви поради организираниот криминал, изгубени генерации...малку по малку признаваат дека статус квото е тотален фејл, и дека нешто мора да се менува.

Ето ги и Обединетите Нации.

И така, сите аргументи и факти се во моја полза,не видовме ништо освен патетични осврти за некакви дебили кои злоупотребуваат наркотици. Свесен и совесен човек со силна воља кој добро се познава себеси никогаш нема да стане зависник макар пробал 200 супстанци. Дали тоа овие лажниве се плашат дека ако можат легално да набават наркотик ќе биднат зависници?!
Бог да не чува од чума, долгови и лажен алтруизам.
Но што е тука е, тежок е патот на просветителството луѓе ќе те вреѓаат напаѓаат омаловажуваат исмејуваат провоцираат само затоа што во однос на нив некој изгледа како да не е од 2026 туку од 2126 и се чуди на неукоста на луѓето.
 
Последно уредено:
  • Farming Motivation: Some archaeologists argue that early crops like wild rice, millet, and corn (maize) were cultivated to make alcohol, like ancient Chinese fermented drinks or South American chicha, before they were used as staple foods. [1, 2]
  • Safe Hydration: Fermented drinks provided a safer source of hydration than contaminated ancient river or stream water because the alcohol and brewing process killed harmful bacteria. [1]
  • Social Bonding: Group drinking and feasting helped build trust, forge political alliances, and manage the stress of moving from nomadic hunter-gatherer groups to crowded village life. [1, 2]
  • Labor Mobilization: Ancient leaders used beer and wine to reward and motivate large workforces building massive public projects, such as the pyramids in E
Ај прво смири се малку. Многу си напнат, агитиран, испаничен. СМИРИ СЕ.

Сакаш докази и студии? Ајде, имам време, не е проблем. Всушност, никогаш не е проблем кога треба да се потпирам на медицина базирана на докази и кога треба да објаснувам што е правилно, а што погрешно, наместо да барам една античка студија за пирамидите за да оправдам нешто што е погрешно on so many levels.

Прво, тезата дека свесен и совесен човек со силна волја никогаш не станува зависник е чиста лаичка заблуда. Зависноста не е прашање на слаб карактер или недостаток на цврстина, туку хронична болест која предизвикува трајни структурни и функционални промени во мозокот. Тоа го потврдуваат сите светски здравствени институции и невронаучни институти. Значи постои дефиниција за таа болест.

Второ, халуциногените и психоактивните супстанции носат сериозни, документирани ризици по менталното здравје кои можат да предизвикаат трајни перцептивни нарушувања. Еден таков официјално признат медицински синдром е HPPD (Hallucinogen Persisting Perception Disorder), кој е заведен во психијатриските дијагностички прирачници под дијагноза F16.983, каде пациентите доживуваат трајни визуелни пречки, дереализација и флешбекови. Еднаш ти го спомнав ова, ама сакаш доказ, еве оди подоле и прочитај, ако можеш да разбереш нешто.

Трето, дури и извештаите на Обединетите нации и СЗО кои се залагаат за декриминализација и здравствен пристап кон корисниците, го прават тоа токму затоа што овие супстанции носат тешки здравствени, ментални и токсиколошки ризици, а не затоа што се безопасни за мозокот. Веројатно не знаеш што значи декриминализација. Декриминализацијата на корисниците е правно социјална мерка со која државите спречуваат луѓето да одат во затвор за зависност, третирајќи ја зависноста како болест, а не како кривично дело. Тоа не значи дека супстанциите се безопасни, здрави или терапевтски.

Еве ти конкретни научни студии и извори да ги прочиташ пред следниот пат да ми релативизираш панично биологија

Ти зборуваш за работи што ги читаш во текстови, а јас со сопствени очи сум гледала предозирани луѓе кои едвај ги отвораат очите дури и по неколку ампули налоксон или флумазенил. Веројатно ни сам не знаеш што е тоа. Кога ќе излезеш од апстрактниот свет и ќе се соочиш со реалноста, тогаш може да правиме муабет.
 
Сме имале и психонаути на форумов, или тие сами како што се нарекуваат научници на психата. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
братот да ја користеше дрогата за уметност сега ќе беше познат како Ван Гог.
 
Над 21 год. нека си прави кој што сака, може да се отворат места за уживатели кои ќе си ги плаќаат трошоците. Ќе се направи листа на дроги кои се многу штетни и ќе се исфрлат од употреба а се друго ќе може да се користи во некои културни дози. Марихуана може да се легализира како по земјите кај што е тоа дозволено, па ко воли нек изволи. Тоа е некое логично решение на проблемот кое е компромис помеѓу двете страни кои идат у крајност.
 
Имаш приватни пораки ако нешто те интересира, инаку јас напишав убаво на кирилица со печатни букви дека не сите зависници се гении, но скоро сите гении на популарата култура се корисници. По трет пат неам намера да објаснувам, па сега очекуваме некаков аргумент во полза на статус квото.
Автоматски споено мислење:

Нема врска што си жена, туку што си дозволуваш да имаш став за нешто за кое немаш никакво познавање. Не може да пишуваш на тема за која не знаеш ништо, си дозволуваш став кога немаш поим. Сета таа патетика која ја опишуваш е резултат на ситуацијата која ја имаме сега, дали го разбираш тоа? СЕГА кога е по твое, значи супстанците се НЕЛЕГАЛНИ. Ајде ти давам цели 24 часа да го поврзеш ова во мозочето. Оној што сака да најде дрога ќе најде дрога па макар имало смртна казна како што е со трагичниот пример на некои земји чии манијакални исламистички власти го делат вашиот необразуван став. Разликата е стопати сечен доп со триста примеси како сега или стандардизиран, квалитетен продукт како во примерот со Баер и нивниот изум Хероин (Диаморфин).
Попластично од ова нема, значи статус кво=срање супстанци и хаос, легалност=чисти супстанци, ниски цени, отсуство на организиран криминал, намалување на проституција и еден куп остали придобивки.

Тие гении од поп културата почнале со дрога од кога станале популарни.Џим Морисон скина конци од дрога на свои 27 години . Исто така и Џенес Џоплин Елвис Присли. Тука е Лејн Стејнли. Курт Кобејн се пука поради депресијата во која западна поради хероинот. Инаку муабетиве шо ги правиш се истите муабети шо им ги прават дилерите на тинејџерите за да ги навлечат на дрога. Наркомаот не е слободен човек. Тој е роб на дрогата и дилерот. Така да овие приказни задржи си ги за себе.
 
Па ако немаат физичка зависност, имаат психичка зависност. И не, не создавааг природни хемиски реакции за телото. Да, се врзуваат се серотонинските рецептори, но прават длабоки нарушувања и промени во перцепцијата и обработката на информациите во мозокот. Значи може да има невропсихијатриски симптоми од типот на трајно перцептивно нарушување со појава на флешбекови, визуелни пречки и халуцинации, кај генетски склони лица може да активираат шизофренија, тешка психоза и депресија, и целосно губење со реалноста.

Патем, знаеш ли дека печурките од одредени видови содржат псилоцибин, и знаеш што се може да се случи со нивно консумирање? Прво, екстремно лесно доаѓа до фатално труење во природата поради погрешно берење и мешање со смртоносни видови кои ги уништуваат органите и второ, на психолошки план прават катастрофална функционална дерегулација на мозокот.

Во токсикологијата важи правилото дека секоја супстанција во одредена доза е отров, но тоа апсолутно не значи дека ваквите супстанции треба да се консумираат самостојно, особено кога кај психолошки зависник нема никаква контрола над истото.

Лепаците и керозинот се токсични хемикалии кои предизвикуваат деструктивно оштетување на мозочното ткиво, белите дробови и другите органи.
Не се наменети за внесување во човечкото тело. Нивната продажба не е дозволена за да се дуваат или пијат, туку имаат јасна индустриска и секојдневна намена. Тоа што некој ги злоупотребува и си го уништува мозокот и органите со нив не ги прави легални наркотици, туку претставува екстремна форма на автодеструкција и зависност со висока стапка на смртност.
Кажуваш дека имаш искуство во токсикологија. Кои се твоите искуства со луѓе кои користеле псилоцибин, ЛСД или ДМТ?

Ова е истражување кое го докажува спротивното од тоа што го тврдиш, од официјални медицински лица.

Алтернативно можеш да го најдеш тука.

Еве додатни испитувања со ЛСД (истиот сурс што го даваш во друг контекст)

еве некои истражувања од американската психологиска асоцијација

Еве, лек за депресија...

Ако пребараш, на нет (а би те посоветувал да побараш), има еден куп официјални медицински извештаи дека овие 3 супстанци што ги набројав, не само што не ствараат зависност, туку нивните нус појави се еднакво ако не и помалку опасни како нуспојавите на обични апчиња што можеме слободно да ги земеме без никакви рецепти.

А за лепакот и керозинот, муабетот ти е на ниво на муерте :D
Значи за лепакот и за керозинот, што се бајаги подостапни и бајаги поштетни од било која илегална дрога, оставаме на свесноста на луѓето... Пошто нели оштеството нема решение за тоа, освен што јасно напишале за што се користат. Уствари добар пример за парадоксот во кој се наоѓаме.
 
Сите овие клинички испитувања се прават кај строго контролина група пациенти, пациенти за кои со сигурност се знае дека немаат гентска предиспозиција за шизофренија или некаква форма на психоза. Значи, за да се направат овие испитувања има еден куп психијатри околу пациентите кои строго ги контролираат, клинички, контролираат доза, и несакани ефекти. Значи ова што го пишуваш е исто секако да ми кажеш дека морфиумот или кетаминот се супер лекови, секако дека се, нели се користат во операциона сала, но ако ти сам дома ги користиш истите голема е веројатноста дека ќе завршиш на апарати.

За зависноста веќе кажав, може не се создаваат физичка зависност како пример опиоидите, но и текако сериозно влијаат на менталното здравје предизвикувајќи тешка психичка зависност. Веќе ви кажав што предизвикуваат.

Манипулирате со дискусијата и тоа не е во ред. Како што веќе кажав, секој лек е отров, ако правилно не се применува. Еден обичен парацетамол, ако се напиеш во дози поголеми од пропишаното може да биде опасен по животот. Но, мене прашањето ми е, зошто наместо парацетамол вие би посегнале по ЛСД или псилоцибин или нешто слично, а? Муабетов со лепакот и керозинот е еквивалент на ова што те прашувам. Знаеш зошто? Затоа што парацетамолот е лек за температура. Еве дека збориме за депресија, еден најобичен антидепресив или силен лек за смирување, ако се пие на своја рака и во неодредени дози, може да предизвика тежок колапс и труење. Но пак тука прашањето е, зошто наместо клинички одобрена терапија препишана од лекар за конкретна дијагноза, некој би земал ЛСД или псилоцибин на диво во паркот?

Ниту еден сериозен научник од сите овие линкови што си ги постирал не тврди дека овие дроги се безопасни. Никаде не го пишува тоа. Они прават истражувања во рамките на определена клиничка група, да видат дали има некаков терапевтски ефект и сл, но во реалноста може да видиме како овие лекови активираат психози, панични растројства и трајни перцептивни оштетувања.

Не е во ред и е крајно неодговорно вака јавно да се промовира и релативизира употребата на супстанции. Овој форум го читаат и помлади луѓе кои немаат изградено критички став и можат лесно да поверуваат во овие опасни илузии. Дрогата е длабоко штетна, го уништува мозокот, менталното здравје и секојдневната реалност на терен го покажува тоа во најсурова форма. Играњето со овие работи не е наивна забава, туку директен пат кон трајна катастрофа.
 
тотално вреди да се добијат два-тројца сликари и композитори на сметка на стотици уништени од хероин.
Ама не, не зборат они за опиоиди.

Зошто реалноста е дека ако збориме за опиоиди, дискусијата е однапред загубена. Нема таму простор за романтизирање. Стварно не ми е јасно зошто некој би ја водел дискусијата ЗА легализација на нешто што е опасно по живот и уништува семејства. Па дури и ме прават будала мене зошто го зборам ова што го зборам. Поим немам и слично.

Нека немам врска од животот, ама знам што се основни човекови вредности, што правилно, а што погрешно.
 
Една од последиците на живеење онлајн живот и немање појма од тоа што е надвор, е склоноста кон тропање вакви глупости и мафтање со табели од Португалија.

Сандуци со 20 годишни предозирани деца, претепана родена мајка за пари за роба, прокурвани девојчиња од фамилии, пород со аутизми и триста чуда-ништо тоа не се рачуна ако има табела од Португалија.

Они сакале да се опуштат и да имало уметници и сликари.

Теми, што не се ни теми на нормално место, уште само овде останаа вредни за дискусија
 
Последно уредено:
Најлоша варијанта се half measures, односно моменталната ситуација. Дрогата е полулегална, достапна за секој што сака, а доволно забранета за да биде кул, привлечна и неконтролирана. Резултатот од тоа се рушење на рекорди во поглед на конзумација.

Подобри опции за мене се или екстремни мерки, бесење и обезглавување, или фул легализација, па да видиме на кај ќе тера работата.
За cost/benefit за општството е смешно да се дискутира.
 
Значи во природата има еден куп отровни растенија и животните развиле систем на препознавање и избегнување.
Сигурно не им ставиле законска забрана.
Може треба да се пушти се' слободно, па да се направи природна селекција и кај луѓето. Вака ќоро сакато под капа на регулатива и заштита, прават штета и на здравото ткиво.
 
LKY има објаснето зашто решил да оди хард кор со дрогата и да не ги удира од кур западните медиуми и политичари за неговите одлуки за егзекуција на дилерите:

За тие што незнаат кој е LKY тоа е човекот заради кој Сингапур за една генерација стигна до можеби најразвиената земја во свет.

Е сега мое мислење е дека за одредени дроги би одел со Сингапур додека за други би ги регулирал. Ама ако ова се работи за Македонија би ги забранил сите затоа што ние како народ сеуште немаме доволно развиена колективна свест, функционално неписмени за да разбереме нешто и со оглед на тоа што колку народ се навлече на коцкање ова има бетер да стане ако се дозволи.
Автоматски споено мислење:

Може треба да се пушти се' слободно, па да се направи природна селекција и кај луѓето. Вака ќоро сакато под капа на регулатива и заштита, прават штета и на здравото ткиво.
Трошоците за правење таква природна селекција пак ќе ги платат другите додека да се направи. Едно од најважните работи да стекнеш навика/зависност е доколку тоа е лесно достапно и ти е во опкружување.
 
Back
На врв Bottom