Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    804
Еден лик тука на форумов кој го нарекуваа Ставре поради некој претходен ник тврдеше дека навистина Путин извршил инвазија за да лови нацисти во Украина. На прашањето каде тоа тие нацисти имаат било каква јавна позиција, макар еден градоначелник, еден пратеник, еден советник, ништо, штама :D
А за Крим да речеме, руси се повикуваат на историски причини, затоа што Крим бил руски некогаш. Но исто така бил под власт на маса други империи, кралства и царства. Дали и тие (ако останале некои) имаат право да нападнат?
Тоа е исто како неоосманлиите кои тврдат дека балканот е турски пошто 550 години биле тука и бил насилно одземен од нив во балкански и прва светска. :D
И мислиш османлииве нема да тргнат пак ?

Тоа да си легнат на брашно можат само германците после изгубени 2 светски војни и страшна еврејска пропаганда.
 
Којзнае како се осеќа некој војник, офицер, командант, генерал кога издава наредба за напад, испукување проектил и истиот по грешка или не удира во цивилен објект и убива цивили деца. Без разлика дали русин или украинец. Баш ме занима која е психологијата на немање никаква грижа на совест.
 
Грижата на совеста за испукана граната оддалеку, без пукачот да знае што и кого/колкумина погодил, може да не се „јави„ во текот од пукањето и војната, ама сигурно ќе се јави после војната.

Дотолку полесно ако пукачот веќе има идеолошки инструран ум.

Ете, погледни ги американските војници, кај кои после секоја војна, им се „јавува„ некаков „синдром„, за чие лечење армијата од САД плаќа дебело.

После повлекувањето од Авганистан, од советските војници се појавија тешки социјални проблеми низ СССР.
 
Грижата на совеста за испукана граната оддалеку, без пукачот да знае што и кого/колкумина погодил, може да не се „јави„ во текот од пукањето и војната, ама сигурно ќе се јави после војната.

Ете, погледни ги американските војници, кај кои после секоја војна, им се „јавува„ некаков „синдром„, за чие лечење армијата од САД плаќа дебело.

После повлекувањето од Авганистан, од советските војници се појавија тешки социјални проблеми низ СССР.

Не, овие се насочувани проектили, не е ова минобацач. Ставани се координати, џојстици, сателити. Точно се знае кај удира.
 
За болдираното.
Немаше Русија подготвеност за ,, се или нешто" во 2014, војската не им беше подготвена за голема акција.
Да и Украина во 2014 не беше толку вооружена и искористи 8 години за добро да се вооружи и направи ровови во Донбас.
Русија во 2014 го зема крим без испукан куршум, и ја измлати регуларната Украинска армија со ирегуларци. Денес војуваат со цела сила и не можат на крај да излезат. Очигледно Украина се спремила подобро од нив.
 
Не, овие се насочувани проектили, не е ова минобацач. Ставани се координати, џојстици, сателити. Точно се знае кај удира.
Биди сигурен дека и во Првата Светска, топџиите не пукале „на ќоро„, туку прецизно, на одредени точки..

Еве што е „вицот; јас сум топџија, ма‘ам по 5 гранати во минута на одредена координата, на која има објекти и персонал, кои се на растојание од мене од 20-30км. Не можам со своето око да видам што точно гаѓам и кого точно го убивам ради далечината, што ми дава привид на затапување на мојата совест дека ете, гаѓам „на ќоро„ па може нешто и некого ќе погодам, онака случајно.

Разбира се, сметката за моето однесување ќе ми дојде, кога-тогаш, и ќе ми наплати за мојата привидна правдина при гранатирањето.
 
Русија во 2014 го зема крим без испукан куршум, и ја измлати регуларната Украинска армија со ирегуларци. Денес војуваат со цела сила и не можат на крај да излезат. Очигледно Украина се спремила подобро од нив.
Се спремило НАТО
Автоматски споено мислење:

Некои ги фаќа отпосле. Се губат. Ама не артилерците, обично специјалците кои влегуваат на нож.
Пројателка имаше еден таков пациент.
Му рекле има мбогу кучиња во комплексот.
Земал со цевка скоро сите ги потепал, пред гостите од хотелот. Ужаси, он мртов ладен.
 
Последно уредено:
"EU sanctions on Russia aren't stopping the war because Putin is ready to starve his population to keep it going."

Human rights activist Bill Browder, on #EuropeToday, as the EU readies new sanctions list against Moscow.

Значи еве во каква делузијата живеат, дури и хипотетички да е така, нели е тоа нивната цел, да гладуваат Русите и да го урнат царот? :)
 
Русија во 2014 го зема крим без испукан куршум, и ја измлати регуларната Украинска армија со ирегуларци. Денес војуваат со цела сила и не можат на крај да излезат. Очигледно Украина се спремила подобро од нив.

Едно е да се заземе Крим, каде Русија имаше своја црноморска флота цело време од независноста на Украина, а друго е да се заземе територија на копнениот дел од Украина каде немаа своја војска. Да се обидеше Русија во 2013 и 2014 да зазема копнени територии на Украина ќе имаа минимално повеќе освоена територија отколку сега во периодот на 2022-2026.
Русија во тие години не беше подготвена за влез во Украина.
Украина знаеше дека ќе е неизбежна конфронтација со Русија бидејќи Украина не се откажува од ЕУ и НАТО членството а Русија не се согласува со тоа.
Добро, овие последни неколку години Русија попушта, и денес Русија се согласува со членство на Украина во ЕУ, а е против членство во НАТО.
И Украина се вооружуваше 8 години, непосредно пред 2022 година набавија противтенковски Џавелин ракети и овие Џавелин беа клучни за сопирање на напредокот на Русија кон централна Украина.
 
За болдираното.
Немаше Русија подготвеност за ,, се или нешто" во 2014, војската не им беше подготвена за голема акција.
Да и Украина во 2014 не беше толку вооружена и искористи 8 години за добро да се вооружи и направи ровови во Донбас.

Реално на почеток беше желбата само за потпишување на тој договор за асоцијација со ЕУ, и кај националистите во Украина желбата беше за влез на Украина во ЕУ.
Членство во НАТО во тој период на пред Мајдан од 2012- 2013 година не се споменуваше.
Ама уште пореални да бидеме, во хипотетичка ситуација да Јанукович тогаш кажеше ДА за потпишување на договорот за асоцијација со ЕУ и старт на преговорите за членство, и да останеше Јанукович до крај да го истурка претседателскиот мандат, на следните редовни претседателски избори во Украина ќе победеше кандидат кој е проукраински, проевропски и прозападен. И владата и целата политика ќе беа во тој правец.
И секако после ЕУ, во Украина ќе посакаа и влез во НАТО.
Имаше амбасадор на Украина во Белград, човекот во првите денови од војната, некаде кон крај на Февруари 2022 во гостување во централен дневник на РТС кажа амбасадорот дека Украина само сакала членство во ЕУ.
Ама новинарите за мене од непозната причина не му поставија хипотетичко а и логично прашање: дали после ЕУ би се зголемиле апетите и за НАТО?

По мене после влез во ЕУ во Украина би барале и влез во НАТО, дури и мирно да се решеше кризата со Мајдан.
Што се однесува до подготвеност на РФ за војна со Украина и тогаш и денес РФ била и е подготвена.
Проблемот беше што сите добро го знаат, а тоа е дека војната немаше да започне и заврши во Украина туку дека целата западна империја ќе се вклучи со сите сили, а ќе заврши надвор од Украина. По промоцијата на хиперсоничното оружје РФ доби значајна предност пред империјата и се стекнаа услови за решавање на прашањето на Украина која со децении се подготвуваше како платформа за продор кон РФ.

Реално никогаш не било потпишување на некаков си договор од секогаш бил планот на Москва!
Околу членството во ОТАН си го испуштил самитот во Букурешт каде Германија и ... се обидоа и се успеа да се одложи за иднина.

Никогаш Украина, заради културните и сите останати врски со РФ немаше можност да стануе составен дел на западнта империја, не Јанукович и 100 Јануковичи нема да го изменат тоа. (потсетување на фак-еу)

Амбасадорт ќе каже тоа што ќе му напишат, ја нема таа слобода да интерпретира тоа што сака, освен ако нема политички амбиции да ја води таја држава.

И да повторам никогаш не била во прашање Украина туку Русија, Украина е само средство да се постигне целта.

Ете, погледни ги американските војници, кај кои после секоја војна, им се „јавува„ некаков „синдром„, за чие лечење армијата од САД плаќа дебело.
Што се однесува до обезбедувањето на УСА војниците.
Читав некаде како го решиле проблемот со лечењето и пензиите де,
Во 1974г. дошло време да се отпочне со исплата на пензии и други трошоци врзани за социјални и други примања.
Е арно ама парите ги нема, некој ги пренаменил/украл и шо правиме сега.
Дошле на генијална идеја пали тоа архивите да нема евиденција и после прави си “нова“ архива и методологија за нивно згрижување (ама со двојно помала бројка), ма махери се каубоиве за вакви направии од нив и нашиве тутурутки учат (па имаме поплави и пожари кога ќе има потреба).

Украина моментално го брише подот со Руската "армија".
Ајде веќе порасни, уште ли со вакви муабети?
 
Могуќе да е како што велиш.

Ете, Американците снимија куп филмови, од типот „Рамбо„, преку кои укажуваа на состојбата со ветераните од виетнамската војна, која не била баш среќна...

Пред некоја година, сега веќе покојниот М. Лазански посочи анализа за начинот на кој се трошат оние тешки милијарди воен буџет, па рече дека најголемиот дел од парите се арчат на плати, пензии и медицинско лечење ветерани, на режиски трошоци за армијата по базите и по светов, а најмалку пари се арчат за развој на нови оружја.
 
Којзнае како се осеќа некој војник, офицер, командант, генерал кога издава наредба за напад, испукување проектил и истиот по грешка или не удира во цивилен објект и убива цивили деца. Без разлика дали русин или украинец. Баш ме занима која е психологијата на немање никаква грижа на совест.
Да си подложен на фронтовски услови на живот 24/7, со месеци, полесно ќе ти се избрише од умот морално-етичкото мудрување.

Тешките услови за живот другачие делуваат на сфаќањата, моралот, етиката...
 
@Harald

Вистина ова бе дека во 2022, дури 281 пат на насловна Путин го имале во шведскиов медиум?

Не знаев дека толку популарен бе е Путин таму :pos:
 
Ајде веќе порасни, уште ли со вакви муабети?

Мубаети Киев за 3 дена ли? :D

Инаку во Септември окупаторот претрпе најголеми жртви, меленово месо иде ко алва деновиве.

840923030_1655242686215728_3061985975061647401_n.jpg
 
Back
На врв Bottom