Епа брате, неможи да се фалиш со подвигот на црвената армија против Хитлер, а да се оградуваш од злото што го посеал Сталин. Или џа или бу...
Тоа е точно, но од тотално непозната причина исклучиво и само злосторствата на Јосиф Висарионович Сталин одат под лупа, а никако расистичките политики на Винстон Черчил - особено политиките кон Индија кои не биле само празни зборови туку резултирале и со вештачки предизвикан глад во Индија бидејќи според Черчил, Индија не била ниту нација ниту држава, а Индијците не заслужувале да бидат поштедени од условите на живот во кои живееле Британците на нивниот матичен остров, кои едновремено се соочувале со недостаток на храна за време на Втората Светска Војна - но само едновремено, но за разлика од Индијците не умирале - буквално - од глад.
И назад на темата Украина, не само што никој не ги става под лупа злосторствата на бандеристите, туку како што видовме и нивните ветерани злосторници се добредојдени во парламент, како што покажаа и докажаа на дело во Канада.
Но не е тоа некој сериозен проблем за западот, украинската зеленика која од поодамна нема легитимитет како претседател на Украина секогаш е добредојден и секогаш го испраќаат со по неколку милијарди долари или милијарди евра - а можеби и со по некој килограм кокаин или хероин за да си одржи кондиција - за да продолжи да киднапира Украинци среде улица и да ги носи среде мелниците за топовско месо наречени фронтови.
Ама Сталин е злосторникот, да не се заборави. Уште да го употребеа името Нетанјаху наместо Сталин, а наместо Црвена Армија да го употребеа изразот Израелски вооружени сили, во кристално истиот контекст можеби ќе имаа некаква релевантност.
Или ај да не очекуваме толку многу од западните пропагандисти, наместо Црвена Армија нека го употребат изразот Азов батаљон, а наместо Сталин нека ги спомнат извршителите на масакрот во Одеса и слични злосторства, сепак би добиле на некаква релевантност.