Ако нема наследено (а најчесто беа наследени станови и куќи од ексју, откупени за ефтини пари или во сопственост), ќе земеш хипотекарен кредит, а станот во залог. Хипотека на стан плус дополнителна на другиот недвижен имот.
Второ, кај некои банки нема учество за имот во нивна сопственост.
Трето, има опции за купување со 10% учество. Ако земаш стан прво, нема сигурно да се залеташ на 80-100 квадрати. 40тина ако почнуваш млад со семејство или сам се сосем доволни. Ѓорче и Автокоманда просек се 1600-1650. За прв стан 10% учество се 6ипол илјади евра. Ако немаш друга недвижнина, земаш потрошувачки кредит.
Почетоците, ако си без имот или голем вишок пари, не можеш да ги бараш во 100 квадрати стан или во скапите населби. Зошто? Затоа што навистина се надуени. Кај нас изградија Дебар Маало 2. По одвај дестина прозорци навечер се осветлени.
Освен ако немаат секс деноноќно, останува фактот дека се празни (или дадени компензација, што значи пак вишок понуда). Ако се водиме по капиталистичкана понуда побарувачка во која не убедуваа европјани, цениве се без везе. Големите ги раководат цените, помалите ги следат.
Охрид го надмина просекот на Скопје (cenakvadrat.com).
Сега читам дале поголем број дозволи за градба, што е веќе апсурд, од различни причини.
Баш ме нтересира, ако му поставам параметри на некои АИ за големина, внатрешен материјал и слично, колку би пресметал производна цена на зграда/стан