Возењето во такси потреба или луксузирање?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали таксито е потреба или луксуз?

  • Потреба

    Гласови: 35 79,5%
  • Луксуз

    Гласови: 11 25,0%

  • Вкупно гласачи
    44
Денес се возев со такси. Два пати. Хахаха, првиот пат прекратко, ама дека брзав морав, па и со диво такси се качив, 400 денари ми зедоа (не можев да се расправам). Вториот пат подолго растојание, во најголемата гужва, 300 денари. :)

Реално да немаш кола, просто немаш како да стигнеш од едниот до другиот крај на градот. Автобусите се во ужасна состојба. А и во гужвата сега со учениците, како во возовите во холокаустот да си…
Реално немам кола од давно, фул ремоут позиција, шо ќе ми е, мојот транспорт е со следниот распоред:

1. Пешки (70% од времето, претежно преку кеј)
2. Такси (25% ако е тиња времето или ако сум направен пепел)
3. Автобус (околу 5%, ако брзам/тиња време/не ми се оди а не е у ударно време)

Иначе ко што не брзам скоро никогаш за нигде, пешанац ми е најтоп.

Ама разбирам што е без кола, дур идев на времето у канцеларија да, си требаше.
 
Да и јас пешки одам. Со кола заглавувам сто саати во сообраќај. За такси искрено секој ден не ми се даваат пари, ако е за така ќе одам со колата. А и пак исто ќе заглавам во сообраќај.

Автобус, ептен ретко, пак бирам кола пред автобус. Последниот пат кога се качив си реков ова е последно. Значи како што ти кажав, холокауст. Еден до еден наредени, испотени, залепени, смрдени, ужас. Се симнав и реков крај.
 
А не, во момент кога знам дека автобусот изгледа на индиски автобус, нема теорија, чат-пат сум се качувал у 12-1 саат пладне или приквечер околу 8. У 4 саат или кога идат сите на работа е убиство, доволно ми е да погледнам низ прозор за да знам што се дешаа.
 
Последниот пат кога се качив си реков ова е последно. Значи како што ти кажав, холокауст. Еден до еден наредени, испотени, залепени, смрдени, ужас. Се симнав и реков крај.
А не, во момент кога знам дека автобусот изгледа на индиски автобус...
Мирко... :toe:
 
Ако си пијан, не само што таксито е потреба, треба задолжително да биди.
Секој таксист не би се нафатил да вози пијан човек, бидејќи стравува да не му исповрати пијаниот на шофершајбната.
 
Глупости, се турија Охрид налето возење деца од по дискотекиве.
 
Такси земам само навечер генерално кога се враќам од негде после 11/12, зошто реално како девојка не сакам сама да се враќам тоа време (од центар до дома ми е барем 40тина минути пешки плус).
 
Секој таксист не би се нафатил да вози пијан човек, бидејќи стравува да не му исповрати пијаниот на шофершајбната.
Тука си во право, има луѓе што се катастрофа кога се во пијанство.
 
Пред неколку години, бевме екипа у кафана, и другарка што е ентузијаст за етил алкохол ко мене, му влезе на виното ко Марадона на англиската одбрана. Си тргнавме, на идење накај дома ајде прво неа ќе ја оставам со такси па си идам, зашто иста насока. Ја на предно она на задно. Цурата збореше нешто ко навиена, и одеднаш за неколку секунди се слушна звук ко вода да проаѓа низ цевки. Ја оставивме и прво нешто што направи таксистот е уклучи светло на задно и погледна. Второто нешто беше рафалното пцуење кон мене, беше реферирано кон доста предци од женски род и кон мојот разум, со кој памет со пијана жена у такси, и на крај на патувањето требаше да платам ем таксито ем чистењето. Смешно е вака гледано наназад, тогаш не беше толку смешно.
 
Таква случка не ми се има десено, ми се десило со пијан другар со негова кола да си одиме за дома, не запира полиција и му ја одзема возачката. А 100 пати му реков со такси да одиме.
 
Такси земам само навечер генерално кога се враќам од негде после 11/12, зошто реално како девојка не сакам сама да се враќам тоа време (од центар до дома ми е барем 40тина минути пешки плус).
Ја побезбедно се осеќам пешки да си одам, отколку у такси да се возам сама навечер. Па тоа таксистите сите изгорени за муабет.
 
Пред неколку години, бевме екипа у кафана, и другарка што е ентузијаст за етил алкохол ко мене, му влезе на виното ко Марадона на англиската одбрана. Си тргнавме, на идење накај дома ајде прво неа ќе ја оставам со такси па си идам, зашто иста насока. Ја на предно она на задно. Цурата збореше нешто ко навиена, и одеднаш за неколку секунди се слушна звук ко вода да проаѓа низ цевки. Ја оставивме и прво нешто што направи таксистот е уклучи светло на задно и погледна. Второто нешто беше рафалното пцуење кон мене, беше реферирано кон доста предци од женски род и кон мојот разум, со кој памет со пијана жена у такси, и на крај на патувањето требаше да платам ем таксито ем чистењето. Смешно е вака гледано наназад, тогаш не беше толку смешно.

За болдираното :pos:
Добро си поминал, можела од позади со тоа нејзината вода да те истушира.

Последно уредено:
Ја побезбедно се осеќам пешки да си одам, отколку у такси да се возам сама навечер. Па тоа таксистите сите изгорени за муабет.
ооф не знам, кај мене накај населба има многу чудни типови навечер... плус кучиња. со такси ми е некако побрзо и полесно у секој случај кога е касно
 
Плус и ќе научиш нешто ново и узбудливо од некој мецена таксист.
 
Back
На врв Bottom