Кредитите ни требаат за да ги плаќаме гласачите на ДПНЕ и СДС и нивните хирови по државна администрација. Не ни требаат за нешто друго.
Али најсмешно ми е ова со опоравувањето, какво црно опоравување моментално ДПНЕ кадрите крадат со исто темпо како СДС последните години. Ама апсолутно никакво опоравување нема. Не само тоа туку трупаат долгови на претпријатијата и институциите зошто никој повеќе не им дава кредити. Буквално се е заглавено во долгови до гуша. Види Железници на Македонија ( Инфраструктура и Транспорт ) колку долгови им доаѓаат за наплата во следните 2 години. Види ЕЛЕМ колку долгови има во последните 2 години.
Државата спадна на тоа да зема кредити и позајмици од М-НАВ и Лотарија, и ние сме се опоравувале. Каде? што е опоравено?
Сите проблеми во Македонија имаат еден ист заеднички идентификатор ДПНЕ-СДС, па ај да пробаме онака чисто на едни избори да не гласаме за нив па да видиме дали се е навистина толку тешко и лошо или едноставно сме заложници 35 години на една секта.
Боро, не сме се разбрале. Јас НЕ ОЧЕКУВАМ државава да се среди во некоја блиска иднина. Државава ќе почне да се средува кога оние родени во средина на 80тите ќе отидат на оној свет, а тогаш тешко дека ќе има ќоро пиле во неа. Јас ниту СДС ниту ВМРО ги правдам, дури со
@kano милион пати се имаме расправано во темата за Вардар за горе-доле истиве работи. Но, за она што погоре го пиша е во право.
ЈП имаат огромни долгови, апсолутно се согласувам, се согласувам и дека скоро ништо од она што го ветија не го остварија. Е сега, знаеш зошто сметам дека кано е во право? Затоа што како народ сме бескичмењаци, затоа што прво слушаме партија, а потоа својот мозок. Еве, да претпоставиме дека ќе има референдум за споров со Бугарија, дали мислиш дека нема глатко да помине како оној со Грција? Јас сум апсолутно сигурен, а и реален, дека и бетер ќе испаднат резултатите. Народов, барем мнозинството, к*р не го боли за државава, да го болеше, сега друга песна ќе се пееше. Колку од вработените во ЈП се осмелиле да пријават колега што не оди на работа? Зошто раководителите лагано ставаат потпис на надничните и со тоа потврдуваат дека дотичниве биле на работа? Зошто, за промена, не го пријавиле сето тоа? Зошто работниците не одбијат работа и да го пријават сето тоа кога се натерани да одат кај шеф/директор приватно да работат во замена за нереални прекувремени часови? Затоа што се е испреплетено и СДС и ВМРО и ДУИ и МУИ, а не верувам дека сето ова лесно ќе се смени и со друга партија. Кога ќе видиш, не се проблем ВМРО и СДС туку самите луѓе кои упорно и упорно ги гласаат. Е сега, ако мене нонстоп ме гласаат и покрај милијарда срања што сум направил, тогаш не ќе да е во мене проблемот. Моментално имам милион решенија во глава како би се средила државата, но реалноста е дека апсолутно никој не сака да се среди хаосот.
Околу опоравувањето, под терминов мислам подобрување на ситуација во државата, а опоравување имаме после сите избори кај нас. Колку и да се катастрофа овие, факт е дека претходните оставија пустош и маме ебаа на сѐ. За да не се разбереме погрешно повторно, јас не очекувам дека ќе биде бетер од претходно, што не е за фалење, но не очекувам ни дека ќе бидат нешто ептен подобри од нив.
Како би го решил ти проблемот со:
- Неажурна и никаква администрација
- Автобуси, возови, авиони што и да е
- Земјоделство
- Образование
- Нови пруги, автопат
- и уште милион други работи?
Ама решението да биде нешто што ќе те остави и нареден мандат на власт, нешто што нема да ти ја колабира и така утепаната држава за 10 дена. Такво решение нема другар, за жал, брцни во администрација и рачунај готов си, брцни кај шипциве исто те чека. Пробај да намалиш полиција, да укинеш бенифициран или пак да ги распоредиш соте по раскрсници, што би те чекало како власт? Земјоделци нема во државава, сите градови се иселуваат, а со тоа ти се стеснува и џебот. Токму поради тоа, на крај ќе дојдеме до она дека без кредит не можеш да ја водиш во реалноста државава, без разлика која партија е на власт.
Во државава останаа оние вработени во администрација, ит што кур ги боли за гласање, пензионери и тук-таму по некој што не може да се снајде за странство. Имаш луѓе со солидни плати, повеќето и од нив не се замараат за гласање и така на крај кругот на избирачи значително се намалува, а уште повеќе и маневрите кога би дошол на власт. Човек што чека во петок и недела по 5 часа на граница за влез и излез го заболе таквото за ситуацијата во Македонија.