Убаво ви пишува @kano погоре, ние сме држава што зависи од нивните пари, ние плати и пензии нема да можеме да исплатиме ако не земеме кредит. Толку сме зависни што ако се почешаат за лево маде, нас мамата ќе ни се расплаче. Доста со филмови дека ние сме некој фактор и дека одлучуваме или можеме да одлучиме нешто. ВМРО, СДС, Левица кој сака нека биде на власт, државава нема да може да се опорави, без разлика колку си се лажеме ние самите тука. Никакво производство немаме, земјоделие умрено итн.
Буквално најлош период да бидеш на власт после катаклизмата на комуњарата, а треба да оправаш сето тоа, да најдеш начин да се реши ова со Бугарија (да не се лажеме дека ќе се откажеме) и најважното - да најдеш начин нешто и во џеб да заврши. Со оглед каков мутав народ сме, ништо чудно да се изменаџира една криза, да се направи поширока влада, а ние како народ да го вадиме бугарскиот кур од гз на крај со приказна за започнување на преговори за влез во ЕУ.
Кредитите ни требаат за да ги плаќаме гласачите на ДПНЕ и СДС и нивните хирови по државна администрација. Не ни требаат за нешто друго.
Али најсмешно ми е ова со опоравувањето, какво црно опоравување моментално ДПНЕ кадрите крадат со исто темпо како СДС последните години. Ама апсолутно никакво опоравување нема. Не само тоа туку трупаат долгови на претпријатијата и институциите зошто никој повеќе не им дава кредити. Буквално се е заглавено во долгови до гуша. Види Железници на Македонија ( Инфраструктура и Транспорт ) колку долгови им доаѓаат за наплата во следните 2 години. Види ЕЛЕМ колку долгови има во последните 2 години.
Државата спадна на тоа да зема кредити и позајмици од М-НАВ и Лотарија, и ние сме се опоравувале. Каде? што е опоравено?
Сите проблеми во Македонија имаат еден ист заеднички идентификатор ДПНЕ-СДС, па ај да пробаме онака чисто на едни избори да не гласаме за нив па да видиме дали се е навистина толку тешко и лошо или едноставно сме заложници 35 години на една секта.
Последно уредено:


