Еј ама ја направивте екипава како да сме со 4ца играчи... Се враќаат и Мечка и Педро од повредите, Урош нема суспензија за во домашно првенство, не драмете до толку како да немаме екипа или да ни фалат играчи за да почнеме натпревар, Сабер направи божем тешко им падна што истрчаа 40 минути со Младост во Богданци, па на тренинг кога играат 6 на 6 е поголем интензитетот него тој натпревар во Богданци... со Мечка и Педро имаме по 2 играча со подеднаков квалитет на секоја позиција, воопшто не е толку трагична ситуацијата како што ја претставувате, се слагам дека ќе беше многу подобро да донесеме можеби уште еден бек шутер и класичен дефанзивец, ама и вака сме убедливо прв фаворит за титулата во домашно првенство, плус ростерот не е затворен, проблем е што во овој период од сезоната не е лесно да се најде квалитетен играч што е слободен или што би дошол за мала оштета.