- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 26.138
- Поени од реакции
- 44.127

Повод и причина за темава е поздравот од Училиштето „Вера Циривири Трена“ кон првачињата!
Според мене не е точно напишано ниту „ Добре дојдовте првачиња “ на влезот во училиштето!

ниту споено во еден збор напишано на табла во училницата „Добредојдовте првачиња“ !
Во две фотографии постирано на ФБ направени се според мене две правописни грешки од наставничкиот кадар и тоа токму кон децата кои прв пат стапнуваат во училиште и треба да се научат да пишуваат правилно!
„Добро дојдовте првачиња“ би требало да биде правилно, бидејќи ова е поздрав упатен до учениците кои доаѓаат во училиштето, правилно треба да стои разделено и со буквата „о“: , разделено (добро дојдовте) се пишува кога е поздрав (глаголска форма).
Споено (добредојде) се пишува само кога е именка (среден род) и означува прием или пречек и тука буквата о преминува во е и се спојува во еден збор „ Ви посакуваме добредојде првачиња“.
Што мислење имате вие околу кој збор е правилно напишан : „Добро дојдовте првачиња“ или „Добредојдовте првачиња“ „Добре дојдовте првачиња'?




