- Член од
- 27 октомври 2017
- Мислења
- 921
- Поени од реакции
- 1.460
- Возраст
- 115
Кутрите душички, што му сметале за така да ги убие. Треба да се забранат коли да се возат на места каде што живеат срценцава.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Има и глутници волци, има лисици, еден куп други животни што може да ти излезат на патот.![]()
Трагедија ја потресе Македонија: Загина возач, автомобилот се запалил по удар во кучиња скитници, па во браници - Press24
Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метални браници на патот и се запалило. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е...press24.mk
Почнаа и луѓе да гинат поради кучињата скитници![]()
Потврди ли истрагата дали возел во дозволениот лимит или не, ваков тип на несреќа обично е поради голема брзина, може куче да ти искочи може лисица може све на такви патишта и за тоа треба да си свесен, ова е несреќен случај претпоставувам реагирал инстиктивно се сецнал и толку треба, нарочито ако се установи дека возел над дозволениот лимит што во моментов не знаеме. Добар пријател на мој колега, вчера играле фудбал вечерта и овој фатил патот накај Струга и тек сабајлево дознале сите дека за него станува збор oткако успеале да го индетификуваат. Нека почива во мир.![]()
Трагедија ја потресе Македонија: Загина возач, автомобилот се запалил по удар во кучиња скитници, па во браници - Press24
Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метални браници на патот и се запалило. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е...press24.mk
Почнаа и луѓе да гинат поради кучињата скитници![]()
Шведска нема улични кучиња, а годишно има 75000 несреќи на автомобил со животно. Се случува и тоа мора секој да го разбере.Потврди ли истрагата дали возел во дозволениот лимит или не, ваков тип на несреќа обично е поради голема брзина, може куче да ти искочи може лисица може све на такви патишта и за тоа треба да си свесен, ова е несреќен случај претпоставувам реагирал инстиктивно се сецнал и толку треба, нарочито ако се установи дека возел над дозволениот лимит што во моментов не знаеме. Добар пријател на мој колега, вчера играле фудбал вечерта и овој фатил патот накај Струга и тек сабајлево дознале сите дека за него станува збор oткако успеале да го индетификуваат. Нека почива во мир.
Проблемот со кучињата во земјава е системски, а кај нас системот затајува за нас луѓето, нема сигурно да очекуваме дека ќе функционира за животните а најлесно е гневнот да се насочи према нив. Има примери од големи градови ко Манчестер на пример, проблемот таму е решен целосно, многу тешко да најдете улично куче, тие што ќе ги видите се најчесто избегани од дворови и ги враќаат дома, ама кај нас нит има волја, нит знаење, едноставно не се решаваат проблеми од кои оние кои директно треба да ги решат, немаат никаков финансиски профит од тоа, од таму е и немањето волја и замарање до тој степен со овој проблем кој дефакто егзистира во Македонија.
Кај нас народот не може да е единствен кој профитира од одредена работа, а ова е баш таков проблем за жал, каде може да има само еден победник, затоа, се работи на оние сегменти од општеството каде полесно се лапаат провизии и се тераат криминали и елитите се богатат, а народот добива трошки и тоа се претставува како некаква си победа, и така у круг, без разлика кој е на власт.

Се случува и да ги избегнеш и видиш, ако возиш нормално, или да направиш судар а да не е фатален, ако брзината e оптимална. Овде ништо не е установено, само на памет се збори, ама реално гледано, несреќа е во прашање без разлика на околностите, дали можела да се избегне или не повеќе не е битно, а дали е куче, елен, коњ, еж, мачка, лисица, сеедно, без да се знаат сите околности само се збори на памет јалово.Се случува да закачиш глутница кучиња и да се запалиш да изгориш жив![]()
Проблемот многу брзо и лесно се решава, како што е решен во ЕУ, ништо поинаку.Неколку пати го имаме разложено овој комунален проблем, дури и целосното убивање на бездомната популација на улични кучиња. Ова нема да функционира во пракса, нема да се реши проблемот. Некогаш беше главен метод, па еве, после 30-40-50 години уште имаме бездомни кучиња. Не гледам разумна причина и зошто од чиста мира би убил друго живо суштество кое не причинило никаква штета, материјална или нематеријална.
И да се тргнат сите кучиња, решение број два, да речеме во стационар, за неколку месеци пак ќе има кучиња- што значи дека проблемот лежи во самите граѓани поточно во неодговорните сопственици. Фрли го целиот подмладок во некое село, има храна таму и нема контрола и надзор, и проблемот се прелева и во урбаните средини. Стационирањето значи нови трошоци за храна, вода, струја, лекови, персонал...а пак за една година, ако бидат фрлени 100 кучиња, ќе имаш околу 700-800 кучиња на улица.
И за доместификацијата на овие животни е зборувано, и за природата која ја делиме со други живи суштества, нешто кое не ни припаѓа само нам. Опасните кучиња, оние кои извршиле напад треба трајно да се тргнат од јавниот простор, другите, кои се кастрирани, не гледам зошто некому би му пречеле.
Да беше лесна политичка одлука убивањето, и Орце и Коце ќе ја имплементираа, па и Данела, која беше градоначалник на Дрпне. Во политиката мора да се прават компромиси, да се наоѓаат компромисни решенија, а едно од тие решенија е како ќе се стави затка на дотурот на кучиња. Пример, никој никогаш не се крена за јавниот превоз, но граѓани и граѓански огранизации се кренаа за некое си таму куче кое го чувала пола зграда.
Кастрирањето и стерилизирањето е најхуманиот медот. Логиката е следна. Имаш Х кучиња кои живеат Y период. Ако бидат кастрирани и стерилизирани Z единки, репродуктивноста ќе опадне, и по поминување на тој Y период, нема да имаш (ваков) комунален проблем. Или ќе може да го држиш под контрола. Меѓутоа со константниот дотур, не можеш да дојдеш до Z. Ако нема Z, Y значи бесконечност. Џабе ставаш вода во бурето кога затката е тргната. Пример е мојава населба, да немаше нови единки, немаше да има едно ебано куче. Од старите останаа 3-4, кои се во длабока старост, но еве има 15-20 “нови“, кучиња кои магично се појавија последниве 6-7 години, и одиме пак.
И не се споредувајте со ниту една држава, најмалку со Словенија. Таму немаше ни едно куче, но немаше ни едно хартивче на улица. Тука има планини ѓубре, покрај кучиња и сите редум проблеми кои не мачат децении наназад. Различна (не)култура.
Супер, ама имаш македонски проблем, а не проблем на ЕУ. Веќе постои регистар за миленици со законска обврска кучето да има микрочип, проблем не е само самото куче, проблем е и подмладокот. Ти можеш да го напуштиш кучето, правно гледано тоа е ствар, можеш да се откажеш од него, како што можеш да се откажеш од многу движни и недвижни ствари во твојот живот. Можеш да починеш, кучето е на твое име. Можеш да се отселиш, кучето е на твое име. Тогаш се постапува како ствар без сопственост.Проблемот многу брзо и лесно се решава, како што е решен во ЕУ, ништо поинаку.
Обавезно чипирање на секое домашно милениче со впишан газда во регистар.
Сите останати џукели или успивање или преземање и чување во стационар.
Во моментот кога ќе се појави куче без чип, види погоре. Ако има чип враќање кај газдата со казна за напуштање.
Не смее кучиња да шетаат надвор, тоа нигде во Европа го нема
