Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Прво пази како се однесуваш со изразиве, не сме мали деца тука. Секој има право на мислење, па ако не се согласуваш со истото има начин како да дискутираш. Како што во ниеден мој пост не те навредувам, биди коректен.

Тоа за Реал, само вие од Барса не сакате да го прифатите.
Ако сакаше исклучиво само ПР да прави Перез ќе одеше со 150м за Дембеле, Олисе, Квара, Халанд...немаше да се фати баш за Алварез. А Перез направи и ПР, и блеф понуда која требаше да биде одбиена поставувајќи референтна цена за вашиот прв трансфер таргет. Читај што вика во соопштението од Реал, Атлетико ја одбива понудата реферирајќи ја откупната клаузула како крајна цена. Значи откупната клаузула во приказната ја наметнува Реал...

Реал ја даде понудата во јуни, а од јуни до сега вие и Алварез ги направивте циркузите кои му нанесоа штета на цената на Атлетико. Атлетико има незадоволен играч, играч кој фановите не го сакаат - идеална стратегија која ја практикувате кога немате доволно пари за да купите некој играч и со таа стратегија сакавте да избоксувате намалување на цената за Алварез. Да не се случеше понудената цена од 150м вие ќе го реализиравте трансферот, зошто управата на Атлетико претходно немаше да има одбиено 150м и ќе имаше почист пат да го реши трансферот за сума која повеќе ви одговара вас. Со самото соопштение на Реал вас ве минира и ви ја наметнува откупната клаузула во приказната. Дополнително во приказната за откупната клаузула влијае и вашето однесување на пазарот.

Да се разбереме, не викам дека Перез е клучната и најважната причина зошто не го носите Алварез, тука влијае и вашето однесување на транфер пазарот и дигнитетот на Атлетико. Мое мислење е дека Перез има удел во целата приказна да ви ги заташка работите да останите без вашиот прв таргет во нападот.

Е сега зошто 130м за Арсенал? Атлетико има незадоволен играч, играч кој фановите не го сакаат и клуб кој го има изгубено респектот кон играчот. Доколку остани мислам дека голем е ризикот цената за Алварез да падне уште подрастично во 2027 година. Логично е да одлучат да го продадат...Ама за вас важи откупната клаузула (која Реал ја наметна со пуштањето во оптек во нивното соопштение), а за други клубови важи друга цена.

@Del Boy Тоа е моја претпоставка од однесувањето на Барса на трансфер пазарот. Легитимно е...
Еве контра прашање, од каде си сигурен дека имаат 100м? И тоа е твоја претпоставка нели?

Пак ќе ти повторам, по не знам кој пат, препукувањата и изјавата на Атлетико дека нема да го продаде Алварез на Барса е пред таа "понуда", уште кога го спомнуваа Романо и твитовите.
Парите во трансферот немаат врска, не сакаат да го дадат на Барселона ради тоа што сметаат дека не преговарале како што треба.
Не разбирам како не ти е јасно.
И во изјавите од Атлетико, буквално сите изјави на сите што се у процесов се исти, дека не го продаваат на Барселона ради пристапот што го имале.
Едноставно е, каков Перез, какви 150 милиони.

А за парите, знаеме дека има затоа што Лапорта вчера изјави дека понуда има и уште важи ако се предомислат за продажба.
 
алварез сигурно не вреди колку гордон со оглед во каква форма е,колку е желен и колку се снајдува на 9......за споредба со лева или ете суарез може вода да им носи на позиција 9 и да им ги бања стапалата после секоја текма

е сеа влегол инаетот дека не може во барса,а не може ни во реал за 150 милки?? wtf?!! и верува некој во ова као на лицитација реал крена цена па овие неќеле 150 милки за сега моментално просечен напаѓач и оверејтед играч посекако

додека мбапе во реал посекако нема да се донесе друг напаѓач посекако,пошто преценетата ѕвезда бог и батина во факин реал не може да поднесе да игра со секого,последно изгледа ни сам со себе не може да се поднесе,посебно по феилот на светското кога издоминира во групите,а за до финале го снема

на крајот најголем лузер посекако ќе биде атлетико мадрид и неговите фанови......имаат незадоволен скапоплатен оверејтед играч кој и да остане нема повеќе да има позитивен импакт во тимот,за обештетувањето ќе си најдеа најмалце 2-3 работници играчи кои и те како ќе им фалат сезонава со оглед на ростерот кој прашање е дали ќе обезбеди ЛШ за следната година
 
Ми излезе вест дека од
Дечко глуп ли си бе?
Сите што пишуваат тука за се се во право, ама ова твоето со Реал нема врска!
Како може на Реал да не го дадат за 150 милиони, а на Арсенал да им го дадат за130?
Тоа беше шпекулација за кревање на рејтингот на Перез, од тогаш буквално ни еднаш не се спомна Реал у причава, освен ти тука на форумот!!!
Реакцијата на Атлетико со твитерите и глупостите беше уште пред да искочи таа "понуда"

Разбери дека у случајов не е ништо до парите!!! Го изјавиа тоа и од Атлетико.
Со сите ќе се преговара и може да замине само не во Барса и тоа е тоа.
Автоматски споено мислење:

Иначе што сакате повеќе од ваков клуб :icon_lol:
Оти не кажиш дека требаше да има свечена церемонија пред натпреварот за признание на светските шампиони и истата беше одложена поради проблем со навивачите ?
Што повеќе од тој клуб ? :)
 
Ми излезе вест дека од

Оти не кажиш дека требаше да има свечена церемонија пред натпреварот за признание на светските шампиони и истата беше одложена поради проблем со навивачите ?
Што повеќе од тој клуб ? :)

Откажана беше поради тоа што полицијата во Елче претепала малолетен навивач на Барса заради каталонско знаме. Никаков проблем со навивачите, поради протест беше одложена од страна на клубот.
 
додека мбапе во реал посекако нема да се донесе друг напаѓач посекако,пошто преценетата ѕвезда бог и батина во факин реал не може да поднесе да игра со секого,последно изгледа ни сам со себе не може да се поднесе,посебно по феилот на светското кога издоминира во групите,а за до финале го снема

Ova ako go izrecitiras so strumicki dijalekt moze da ispadne bas brza rap traka, plus ima rima. :pos:
 
Откажана беше поради тоа што полицијата во Елче претепала малолетен навивач на Барса заради каталонско знаме. Никаков проблем со навивачите, поради протест беше одложена од страна на клубот.
Па на утакмицата имаше повеќе каталонски знамиња од Шпански, и као сега ајде прославата заради навивачот ја одложуваме кога знаеме сите дека не ја признаваат Шпанија, во Билбао исвиркани беа играчите кои освоија со Шпанија, што верувам дека се штитеше клубот од такви непријатни сцени
 
Па затоа имаше каталонски знамиња де, имаше и соопштение од клубот зошто и како и кога и каде.

Целата смисла на клубот е каталонскиот идентитет, нормално не ја сакаат централната власт, за нив се од Мадрид се фашисти и окупатори од граѓанската војна до денес. Или мислиш заради Мурињо и Флик не се сакаат Барса и Реал?
 
Го тепаа детето пред стадион дека имал знаме Каталонско, се виде дека е под 18 год детето на земја беше и пак го тепаа.
Многу нормално дека ќе откажат церемонија.

@Syn ај ти образован си ама другиве уште не сваќаат дека самото име и беџ ствара немир во Шпанија.
Ова со Алварез е испланирана тактика на Марин уште лани знаел дека ќе си иде Алварез. Само Алварез глуп мислел со респект ќе заврши целава работа.

Сваќате дека целта е веќе исполнета кога едни ботови на форум сеуште не ја знаат цела ситуација и сега муабетот е уште од старт го терале да протестира?
Зашто нема проблем со клубови од Европа туку само Шпанија

Нема никад вакво нешто да се случи Барса, никој играч не протестирал да си иде ниту никој нема да биде држен со сила освен Меси последната година.

Играчот ќе дојде ама веќе штетата и пропагандата е нанесена. Секоја будала веќе без да знае нешто мисли дека вака функционираат секаде со трансфери.
 
Последно уредено:
Го тепаа детето пред стадион дека имал знаме Каталонско, се виде дека е под 18 год детето на земја беше и пак го тепаа.
Многу нормално дека ќе откажат церемонија.

@Syn ај ти образован си ама другиве уште не сваќаат дека самото име и беџ ствара немир во Шпанија.
Ова со Алварез е испланирана тактика на Марин уште лани знаел дека ќе си иде Алварез. Само Алварез глуп мислел со респект ќе заврши целава работа.

Сваќате дека целта е веќе исполнета кога едни ботови на форум сеуште не ја знаат цела ситуација и сега муабетот е уште од старт го терале да протестира?
Зашто нема проблем со клубови од Европа туку само Шпанија

Нема никад вакво нешто да се случи Барса, никој играч не протестирал да си иде ниту никој нема да биде држен со сила освен Меси последната година.
Ice Cube Reaction GIF
 
Дури посебно и пишав со цел да не труе или да не труеме насекаде ама џабе е.
Памет не и доаѓа и мора на СЕ капак да ти стави.

Чека она тука некој од кооперација за да влезе против цел фан клуб.

Се откажувам од секоја можна дискусија, банирана е во фан клуб ништо не може таму.(y)
 
Back
На врв Bottom