- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 12.004
- Поени од реакции
- 21.763
Тоа дека 1000-1500 евра морало сами си го извадивте од муабетот. Муабетот беше дека сосема лесно е да заработиш за кирија во Скопје, што е факт, зашто просечна плата од 40к горе доле даваат сите фирми тука. Тоа не е никаков бабл, тоа е реалноста. Ако не можеш да си заработиш за кирија имаш некој поголеми проблеми. Од 45 до 90к има многу разлика.Па не би рекол дека не е бабл, посебно овие од Центар, Карпош и нешто Аеродром и Кисела вода. Живот у помало место, буквално секој има куќа на минимум 2 спрата од причина пошто во 60тите и 70тите кога почнува миграцијата прават куќи што е можно поголеми пошто сеуште биле ептен потрадиционални и стариот главниот очекувал сите да живеат под ист кров, но различен спрат и не во 2 соби како на село на времето. А и една од главните причини за големи куќи е и од тоа самиот курч.
И да, доаѓам од мало место со доста гастрабајтери ама и локалците веќе гледаат да не се ни на различен спрат, се градат куќи доста иако бројот на жители опадна за неколку илјади. Причината е зашто се отворија граници и имаш полицајци што земаат 3 месеци неплатен одмор и одат по странство да работат граѓевина, возат камион и доаѓаат со 5 - 6 000 евра и се почнува со градба.
Муабетот беше за тоа овде како да се заработат 1 000 - 1 500 евра било must и дека си неспособен ако не е така. . 70-80% од популацијата тука нема да може тоа без одење сезонски во странство па макар и во Скопје.
Сето ова воопшто нема врска со демографијата и секој да живее во куќи од 150м2 нема значително да ја подобри демографијата.
Тешко тоа дека добар дел од популацијата овде не е во бабл. Тоа може да си се тешиш ама поголем дел што живее во Центар, Карпош и тоа што е блиску до Центар е одлепен од реалноста. Еве на пример баблот е дека мислиш девојки се иселуваат во Скопје за да најдат партнер зашто имало овде народ со големи плати и станови, а реалноста е и од факултет, од работа во овие 14 години што сум видел повеќето живеат со родителите до 30 години па и повеќе.
Се иселуваше народ затоа што само Скопје нудеше нешто економска перспектива без да треба со партии да се замараш плус за во Македонија најдобар универзитет и затоа доаѓаа тука и претежно се остануваше после студирање како и што останавме добар дел од мојот круг.
Веќе тоа постепено е намалено и затоа ќе се примаат турци по факултетите затоа што Словенија и Бугарија нудат добри и квалитетни услови . Имаш и во мали места што прави народ пари со работа од дома ама тоа како и овде во Скопје е мал процент. Муабетот овде ви беше дека 1000 - 1 500 евра мора да се земаат инаку си неспособен. Нема потреба тука од психологија, географија е во прашање и поставување и планската економија од Југославија која ја распаднавме во деведесетите.
Инаку и во Скопје се живееше во една куќа 3 генерации. Но тоа време изумира, негде побрзо негде поспоро, но неизбежно ќе дојде сегде. Не беше муабетот дека доаѓаат жени во Скопје за да се мажат за станови, туку дека доаѓаат со партнерот и живеат под кирија или купуваат стан тука, наместо да живеат со нивните. Истото го правиме и ние од Скопје.
Ништо од ова нема врска со демографија, муабетот беше за живеење со твоите дома (тотален no braner во оваа ера).


.