Многу често ме фасцинираат луѓе кои се идентификуваат со својата работа и кои веруваат дека грајндот во работењето да создадеш генерациско богатство е начинот, или еден од начините, на кои можеш да му дадеш на животот смисла.
И не само тоа, пречесто сум слушал како луѓето велат дека би полуделе ако не работат неколку денови или месеци, и како не се само парите и сметките притисокот, туку не можат да го поднесат чувството дека не се продуктивни и не би знаеле што со себе тогаш. Тоа е и најчестиот одговор ако некој прашаш дали ако ги има средствата не би работел до крајот на животот. Сум го слушал тоа од блиски и хронично уморени. Мора да работиш, ќе кажат со некоја адмирација кон чинот.
Гледам луѓе кои расположението им е диктирано од работа која не спасува животи, а сепак си доаѓаат дома нервозни бидејќи нешто сосема нормално се случило на работа, и таа енергија им се провлекува низ остатокот на денот, како и низ животот. По светот, особено корпоративниот, деновиве постојат и нови болести како burnout, каде луѓето наводно толку се преоптеретиле од љубов кон работата што не можат да функционират и може да не се појават на работа со месеци, посетуваат психијатри, но најинтересното е кога се враќаат ги гледаш со истото темпо, со истата пасија, со идење екстрата милја, итн.
Знам дека сум насекаде со муабетите, но сакам темата да биде интроспективна помеѓу другото, како на пример надоврзување и потпрашување.
Како вие гледате на вашата работа?
Дали си ја сакате и зошто?
Дали имате работа од соништата и ако не, како би изгледала таа?
Дали работата ве дефинира и е нешто по кое ве препознаваат, наоѓате ли идентитет во тоа?
Гледате ли на тоа како кариера или станало кариера бидејќи сте заглавиле во нешто кое морало да го работите?
Сте морале ли да продолжите семеен бизнис и како го прифативтте тој предодреден живот?
Што би компромизирале ако треба да се прекфалификувате?
Само издушете се на темава ако сакате и тоа ви помага да утре станете повторно и го повторите истото и истото и истото.
Ја носите ли работата дома?
Некои работи се благородни како лекар или учител, и можеби е само мојата среќа, ама во моите потреби од тие услуги, не изгледаа и не ме третираа како да тоа е нешто што навистина сакат да го прават, туку е уствари тоа што е на крајот на денот, само уште една задолжителна услуга. И најчесто гледам фрустрации кај луѓе кои работат услужни дејности, тие луѓе се толку згнасени од човештвото што секогаш се прашувам дали нивната работа вреди толку за да си дозволат така да се чувствуваат. Знам дека не секогаш се има избор, но некогаш цената е прескапа.
Убава тема вот.
Wot - Како вие гледате на вашата работа?
Визи: Лихва и Владарство. Темпларски принципи.
Wot - Дали си ја сакате и зошто?
Визи: И да и не. Зошто не? нормално, (не)етичкиот дел.
Wot -Дали имате работа од соништата и ако не, како би изгледала таа?
Визи: Типичен хомо одговор би бил, да сум музичар. Замисли ги сите тие музички спотови?? во кои кадри, темно сина византиска свила ги покрива моите бицепси и мускулести батаци и бутови??? на врвовите од Шара засипана со снег, со Архангелот Габриел со тиркизно/азурни крила застанат до мене. Замислија балканеријата и турбофолкерајата од песни на Албумот? Микс од ултра етно world music со техно и чил. На мостот во Арта во Грчка ќе е коверот на Албумот, облечен во златно-црвена свила со меч и златен ореол.
Wot - Дали работата ве дефинира и е нешто по кое ве препознаваат, наоѓате ли идентитет во тоа?
Визи: Дефинитивно да.
Wot - Гледате ли на тоа како кариера или станало кариера бидејќи сте заглавиле во нешто кое морало да го работите?
Визи: Јас оригинално се спремав да сум нешто сосем друго...медицина, но од тоа не бидна ништо. Вака е подобро, фала му на Бога.
Wot - Сте морале ли да продолжите семеен бизнис и како го прифативтте тој предодреден живот?
Визи: Не сум морал. Да морав ќе бев добар паша ко Рон.
Wot - Што би компромизирале ако треба да се прекфалификувате?
Визи: Како мислиш компромизирале, како помирување? со нешто што не сакаме? преквалификуван во скроз друга професија, како рудар кој морал сега да оди шнајдер? Ништо од тоа. Би станал самостоен паша во такво сценарио. Би чувал пари во даночен рај ко Дубаи или биткоини на МКД Банка.
Само издушете се на темава ако сакате и тоа ви помага да утре станете повторно и го повторите истото и истото и истото.
Wot - Ја носите ли работата дома?
Визи: Не. знам да се исклучам уште на патот кон дома. Често знам пикантериите од приватниот живот да ги понесам мисловно на работа. Во таа смисла, andersrum - работата ми помага да заборавам во каква 3ка сум бил вчера.