Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Screenshot 08-02-2026 13.32.32.png

... печатот со „дерматологија и инфективно“ заедно како оддел (repart) заеднички или што лечат кожни болести на инфективно или обратно инфективни болести на дерматологија? :cautious:

Screenshot 08-02-2026 13.36.42.png
 
Последно уредено:
Се мољат "лицата слободни јавачи" да не коментират кај шо не знат. Си има тука стоматолози, нго персони, тие ќе не спасат од овие епидемии.
 

... да бидат работите појасни „ПЕТ апаратот“ целосно уште не работи, работи само машината за скенирање- ПЕТ Скенер што не беше расипан, туку во квар и расипан е делот циклотронот кој го произведува потребниот радиоизотоп и тој уште не е поправен, а без радиоизотопи кои ги прави циклотронот, ПЕТ-машината не може да работи.

... но, мора да се признае трудот да се најде алтернативно решение на увоз на радиоизотопот од Истанбул, со што се надминува застојот предизвикан од дефектот на домашниот циклотрон, за да се обезбеди континуитет во прегледите и за време на викендите, Министерството преговара за алтернативен увоз од Софија, зошто центарот во Истанбул дистрибуирал материјали само од понеделник до четврток, а со Софија за набавка на изотопи би овозможиле ПЕТ-скенерот во Скопје да работи и во сабота, а и друга предност зашто радиоизотопите (најчесто Fluorine-18) брзо ја губат својата радиоактивност и мора да се употребат во рок од неколку часа по производството, Софија е географски поблиску од Истанбул, што го олеснува брзиот патен или авионски транспорт до Скопје.

... ставот на Министерството за здравство е дека примарен фокус мора да биде набавката на изотопи и ставањето на апаратот во функција, да онколошките пациенти кои чекаат повеќе од еден месец да бидат услужени, па лоцирањето на вината е ставено во втор план што не е добро да се заташка со поминување на времето!

... значи МОРА, министерот др С.Клековски да се позанимава и околу одговорноста ако сака да има рејтинг кај народот, доколку институцијата имала активен и платен договор за одржување, а фирмата НЕТ Електроникс не го променила маслото навреме, таа подлежи на финансиски пенали и губење на лиценцата, а Директорите и техничките лица кои со години свесно дозволиле софистицирана опрема вредна милиони евра да работи без основните сервиси да се покрене официјална истрага.

... НО, др Сашо Клековски беше директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) точно две години, во периодот од јули 2024 година до јули 2026 година, ФЗО е институцијата која ги одобрува буџетите, ги контролира фактурите и врши исплати кон приватните оператори за одржување на медицинската опрема, како прв човек на ФЗО, Клековски во изминатиот период имал директен увид во тоа дали „Нет-Електроникс“ ги исполнува обврските од тендерот за кој уредно наплаќал, доколку циклотронот се расипал поради долгогодишно (5 години не е сменето маслото), тоа значи дека ФЗО со години плаќал фактури за „редовен сервис“ без реално да провери дали фирмата НЕТ Електроникс воопшто излегла на терен и завршила работа, под негов надзор две години било плаќањето во Фондот, делимична одговорност и за негово време!

и ДА, ништо не се спомнува за потрошените пари дополнителни од буџетот затоа што турскиот или бугарскиот производител наплаќаат комерцијална цена која ги вклучува нивните трошоци за работна сила, профит и амортизација на нивните циклотрони, за разлика од домашното производство кое е непрофитно и државно субвенционирано, иако точната цена по доза при увоз се чува како деловна тајна поради меѓународните договори за медицински набавки, праксата во регионот покажува дека увозот на радиофармацевтски средства во итни кризи може да биде од 3 до 5 пати поскап по поединечна доза отколку кога институцијата сама си го произведува изотопот, дополнително колку пари ќе кошта деловите од расипаниот наш циклотрон и да нема никава одговорност ни кривична постапка?
 
Последно уредено:
Ништо од ова не е оправдание. Трета брзорастечка економија да не може да набави и опреми најмалку 2 петскен центри е лудило.
А што со ова?

Па да, нормално. И порано периоди немало. Ама нели ќе добиевме здравство ко што требит? Не ни очекувам од приучени доктори да знаат да водат клучен ресор во државава, здравството-Фондот и Министерството.
Да не си им во кожа, нема да релативизираш вакви проблеми.
 
Ништо од ова не е оправдание. Трета брзорастечка економија да не може да набави и опреми најмалку 2 петскен центри е лудило.
А што со ова?

Па да, нормално. И порано периоди немало. Ама нели ќе добиевме здравство ко што требит? Не ни очекувам од приучени доктори да знаат да водат клучен ресор во државава, здравството-Фондот и Министерството.
Да не си им во кожа, нема да релативизираш вакви проблеми.
Де бре, тоа здравството на практика НЕ ПОСТОИ, ти тука за виша математика ПЕТ скенови збориш.

Кој е чувствува болен и оди во болница, ќе го избркаат уште на шалтер.

Втор пат нема ни да му текне да отиде. Ако е ептен болен и е на умирање работата, ќе мора да оди во приватна болница на финансико дерење.

Ако не јбг.

Тума биџи пишува за приватни специјализации, вака апаратот се расипал онака се расипал.
 
Можи не користеле фул синтетик масло, ѓаол ќе го знае.
 
, ти тука за виша математика
... пред да напишам пост(че) дали може да ми напишеш колку тебе, само како еден пример вработен, ти се одбива од плата за здравствено осигурување или подобро кој % се одбива од плата за здравствено осигурување во Германија?
брзорастечка економија да не може да набави и опреми ...Не ни очекувам од приучени доктори да знаат да водат клучен ресор во државава, здравството-Фондот и Министерството... нема да релативизираш вакви проблеми.
...еве и тебе би те замолила да напишеш само како пример, колку ти плаќаш од твојот месечен приходи % за здравствено осигурување, односно поточно колку е % кој се одбива од плата за здравствено осигурување во Македонија?
...инаку потребите за здравствените услуги, терапија, апаратура е секаде за пациент ист, човекот е исто болен и во Германија и во Македонија!
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom