....аууу, си викам дај да видам кој е овој Златко Перински кој ќе биде Директор на ФЗОСРМ, кои ги има овие надлежности:
- ги спроведува прописите и политика на развојот и унапредувањето на здравствената заштита во врска со задолжителното здравствено осигурување;
- планира и прибира средства од задолжителното здравствено осигурување;
- ги плаќа надоместоците на плати и други парични надоместоци;
- ги утврдува цените на здравствените услуги од задолжителното здравствено осигурување, на кои министерот за здравство дава согласност;
- ги утврдува референтните цени за лековите, медицинските помагала, опремата, протезите, ортопедски и други помагала и потрошните материјали кои се користат во здравствената заштита на осигурените лица што Фондот ги надоместува, на кој министерот за здравство дава согласност;
Златко Перински,
дипломирал на Факултетот за физичка култура-УКИМ, каде се стекнал со звање дипломиран професор/тренер,
а со магистратура по менаџмент на човечки ресурси се стекнал на Институтот за политичко-правни истражувања-УКИМ/Универзитет за туризам и менаџмент Скопје.
- основач бил и управител на Д.Т.У. Био Стем д.о.о.Скопје со дејност претставништво на Грчка банка за матични клетки за Македонија,
- основач бил на институцијата: Bio Save d.o.o. Beograd, која е претставништво на Германска банка за матични клетки за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Романија и Хрватска.
- бил управител на С.Ц.Борис Трајковски Дооел Скопје,
- бил генерален директор на ЈП. „Водовод и канализација“ Скопје .
-бил избран за новиот министер за локална самоуправа.
...требаше да си остане спортски тренер, професор на ДИВ или управник на спортскиот објект, све друго не му е ниту професија, а со тоа ниту искуство ниту соодветно место, а ние кои сме со искуство и со соодветна професија ќе гледаме како такви особи ќе решаваат за нешто што не им е местото, ни прв ни последен на ваков пример и затоа не ни се оправа здравството, па после се давале специјализации за кои нема потреба за разлика од другите дефицитарни, а ова што е, соодветно ли е?
...значи ич не ми се допаѓа вака, сменетиот министер за здравство беше од областа на ИТ благе везе од медицина, само партиски луѓе на функција, стајте бе некој способен, а да не биде во партија, пробајте да видите што значи промена во позитивна смисла, ама изгледа не одговара така...а Премиере Х.Мицковски?