Главната разлика е што Јанакопулос и многу други такви контроверзни ликови, најчесто бранат ставови на СОПСТВЕНАТА ПУБЛИКА.
Тука и ги добиваат најголемите поени, се прави слика каде навивачите ги доживуваат како дел од себе и како некој што ги застапува нивните интереси.
Плус претходно со дела и работа се докажале и го изградиле авторитетот поради кој се обожавани.
Додека свинската глава со апсолутно ништо се нема докажано дека е воопшто навивач на Вардар.
Пред да му поклонат функција на стадион се нема појавено 20 години, кога клубот го спасуваа навивачите никаде жив го немаше, да не зборувам за купување карти, реквизити или било каква друга поддршка.
Тој е тотална спротивност од еден навивач на Вардар, затоа и наместо да ги застапува ставовите на навивачите, тој цело време си брани само свои шизофрени размислувања.
Очигледно дебело го има прегазено времето и тотално го изгуби компасот, затоа и сега со секој пост на фејсбук делува како Заев кога ќе искочи на говорница, само прави колекции од нови гафови и глупости.
Голема грешка направи што од старт многу ја потцени скопската публика, може во некои други времиња и ќе му поминат дел од селските финти, кај денешниве млади нема теоретски шанси, ќе го погребаат и ќе биде запишан со црни букви во историјата на клубот.