Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Дај бе не тропај глупости (и не шири дефетизам)!
Баба ти дедоти не добивале пари од САДистан и ЕУропска па како ли опстанувале/живееле, според твојава логика требало милион пати да се самоубијат од заседа.

Баба ми и дедо ми имале независност зошто имале способност и капацитет да се прехранат и да стават покрив над глава, немале долгови и имале деца. Денеска е 180 степени спротивно.
  • Во времето на баба ми и дедо ми, па дури и до 1989та, државниот апарат не бил ниту 25% од сегашниот државен апарат.
  • Во 1989, сме имале наталитет од 2.4 во времето на баби ми и дедо ми биле 3+, тоа значело дека пензискиот фонд е стабилен.
  • Во времето на баба ми и дедо ми, Македонија не само што произведувала доволна храна за свои потреби имала и за извоз. денеска не е тоа случајот.
  • Во времето на баба ми и дедо ми, Македонија произведувала повеќе од што увезувала. ДЕНЕСКА ДЕФИЦИТОТ НА ИЗВОЗ - УВОЗ Е 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.
  • Југославија имала државен долг кој бил 30% од БДП во 1989, денеска Македонија има 70% задолженост.
    1786448597474.png
Па така на баба ми и дедо ми не им требале ЕУ и Амерички пари за да преживеат и да одржат стандард на живот и да имаат фамилија, во 2026 Македонија не може да истурка една година без кредити и грантови, зошто дури и со финансискиот прилив од имиграцијата имаме околу милијарда евра дупка во буџетот кој го пополнуваме со КРЕДИТИ, ГРАНТОВИ и ДРЖАВЕН ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ.

Не е тоа дефитизам, тоа е реалност. Тоа се бројките. Тоа што не се прифатливи за тебе е сосема друго.
 
кои големи Македонци, МПО? Кој бил под апсолутна власт на Михајлов? Или Петар Ацев и Љубен Димитров, уредници на Македонска Трибуна, најблиските соаботници и организатори на трансферот на финансии од МПО (ванчовистичка) кон внатрешните организации на вмро во Македонија? Грчките, турските, италијанските и француските разузнувачи инфилтрирани во вмро, а против тогашна ФНРЈ, а со тоа и евентуална пропаст на Македонија макар и само Вардарскиот дел? Или "големата македонка" која го ликвидирала Тодор Паница и ги вртела парите од Италија кон антимакедонските т.н. вмро организации?
Некои дејци кои не размислувале за последиците од евентуално отцепување од ФНРЈ и божемно соединување со другите два дела, а во реалност надвор од заштитниот чадор на ФНРЈ и лесна мета на договорените големи сили или соседите, посебно за бугарите кои ги финансирале овие антијугословенки дејности (додека врховисти и балисти сеуште биле активни низ НРМ?
Кои биле тие големи македонци и со каква визија за иднината на Македонија? Како ќе се справеле до Метаксас и британските напалм бомби и бугарските чети и воопшто Бугарија која сеуште чекала на анексија и на Вардарскиот дел?
Едно е желба, друго е реалност. За жал, од наивност настрадале клучни Македонци тој период.
Автоматски споено мислење:

И зошто сеуште постои улица Мара Минанова кога ја знаеме каква улога имала во ликвидацијата на петте струмички студенти како клучен играч за ликвидацијата заради нејзината позиција како лидер на Струмичкото КП?

Отрезнете се малку од тој "патриотизам" и фрлање вина кон нешто за кое постојат бројни докази дека не било баш така.
Не си ме разбрал, зборувам за после 45та, за Ченто за крвавото коледе па и за познати личности како Шишков кои се пишани така и кодошени за нешто што не биле, таа етикета бугараш била оружје за дефамација.
За другото што пиша апсолутно се согласувам.
Мислам дека не разбираш еволуцијата на михајловизмот па дојде забуна, кратко речено, во раните години е за обединета Македонија со бугари во неа, после е за фашистичката независна сосе врање и ниш без Албанците исто со бугари во неа, и на крај после 45та неговите се борат за соединување со бугарија, затоа и се судени за големо бугарски шовинисти, дефакто во сите 3 македонии за него тоа е етапа за голема бугарија, затоа и никој не го подржувал.

Па да, многу Михајловисти се заштитени во Македонија додека во бугарија се сотрени, овде станале соработници, или поточно шпиуни па затоа денес имаме проблеми, уште виреат.
Автоматски споено мислење:

Бугарските историчари и лагите, Македонците не се населиле во Војводина присилно ни само после втората светска војна.
Што беше бркањето на егејците на пример ако не присилно, или тие сами едвај чекаа во бугарија да ви дојдат.
Уште се натпреваруваат со србите каде Македонците повеќе се населувале, глупаци
1726 Мичо Македонецот со средновековниот Македонски грб.
Патем овој запек е во историската комисија на бугарија.
3486.jpg
3487.jpg
Уште по карпошовото востание во 16 век има населени во војводина, после и за време на грчко турската војна во 18 век, чудно човеков го става македонскиот грб, и неговите наследници се македонци, чудно господине кајчев, многу чудно.
 
Последно уредено:
Да додадам уште нешто. Реалноста е дека овој систем е повеќе неодржлив, зошто се потпираше на претпоставката дека САД и Европа вечно ќе ни даваат пари да си играме држава и заради тоа освен краток период за време на Груевски, никој ама апсолутно никој не се потруди на ниту еден начин да изгради функционален и ефикасен државен апарат и функционална економија.

А ова не само што нема да трае вечно, туку веќе е стигнато до моментот дали ќе трае уште многу долго. Единственото нешто што останува за дебата, е дали ќе се направи некако обид да се спаси ситуацијата пред да дојдеме до моментот на пропаст. Или ќе оставиме да си тече природниот тек на работите, да пропаднеме комплетно па потоа ќе пробуваме промени. Проблемот е дека природата е многу сурова ако сама си ја тера работата, и луѓе со малку капацитет за размислување генерално би требало да пробаат да го избегнат ова решение. Али ете кај нас не е баш така.

Најжалната работа е што како така имавме достигнато одредено цивилизациско ниво во 1990. Дали имало еден куп проблеми, секако. Јас отворено сум критичар на многу работи за време на Југославија. Али сме имале одредено индустриско и техничко ниво. Сме знаеле да произведуваме автобуси, електрична опрема, хемикалии. Сме имале градежни фирми со капацитет за големи проекти, сме имале земјоделие кое може да ја опслужи државата. И од 1990 наваму, имаме еден процес на уништување на се што сме наследиле а не градиме ништо ново, барем не ништо ново од каква било вредност долготрајна:
  • Скопски саем - Срушен
  • Универзална сала - Срушена
  • Железници - Руинирани
  • Пошта - Нефункционална
  • Езеро Треска - Затрпано
  • ФАС 11 Октомври - Затворен
  • МЗТ - Затворен
  • Хемтекс - Затворен
  • Стаклара - Затворена
  • Охис - Затворен
  • Алумина - Затворена
  • Треска - Затворена
  • Раде Кончар - ниту сенка од тоа што биле
  • Хотел Панорама - Срушен
  • Маврово, Гранит, Бетон - не постојат.
  • Војска - шака јад и чемер
  • Образование - сите стандарди руинирани
  • Полиција - продолжена рака на организиран криминал
И ова се само еден мал број примери и примарно од Скопје.Во Куманово, Прилеп, Битола, Охрид ситуацијата е далеку далеку полоша од тој аспект. Тие следни што ќе доаѓаат после ДПНЕ и СДС откако овој систем неминовно ќе пропадне. Ќе треба да градат држава КОМПЛЕТНО ОД ПОЧЕТОК, зошто не се зачува ама апсолутно ништо. И се ова зошто? зошто успеаја да го поделат народот на два кампа на навивачи и да ги третираат изборите и владеењето на државата како да е натпревар. Вие крадевте, сега ние ќе крадеме. Вие имавте титули, сега ние ќе имаме титула.

Проценката во 1980тите била дека Македонија до 2020 ќе има 3 МИЛИОНИ жители. Денеска немаме повеќе од 1.5 милиони жители. Е тоа ни донесоа овие 35 години. И да потенцирам, ние 35 години подоцна уште правиме РЕФОРМИ. Уште помалку од 10 години фалат, и Македонија ќе била под овој режим исто толку колку што била во Југославија. И за 35 години немаме ништо.


Да си здрав и жив за муабетот, исто така сакам да потенцирам дека листата е многу поголема на тоа колку фирми/компании/дејности сме биле поразвиени тогаш и што било изградено за време на СФРЈ:
  • Železarnica Skopje,
  • Alkaloid
  • Makedonka
  • Astibo
  • Teteks
  • Jugohrom
  • FENI
  • Tutunski Kombinat Prilep
  • Makedonija Tabak
  • Tikveš
  • Pivara Skopje
  • ZIK Pelagonija
  • Loznar / agrokulturni kombajni
  • REK Bitola

Замисли само, да останевме Југославија (исто така сум критичар на некој работи во социјалистичката република, ама искрено имаше повеќе добри страни отколку лоши), само требаше уште една деценија две за да се пропелираме во драстичен раст.

Во многу од овие фирми и компании работеле по илјадници луѓе. Проценката за растот на населението ти е точна, така ќе беше ако не стагниравме ВМРО-СДС 35 години, и полошо ќе биде ако остане вака државава без драстични реформи, ама за такви реформи ќе треба да се откорени скоро сето низ државниве институции бидеќи сето мириса на корупција, дрчност, лакомост и безчовечност најповеќе.
 
Бугарските историчари и лагите, Македонците не се населиле во Војводина присилно ни само после втората светска војна.
Што беше бркањето на егејците на пример ако не присилно, или тие сами едвај чекаа во бугарија да ви дојдат.
Уште се натпреваруваат со србите каде Македонците повеќе се населувале, глупаци
1726 Мичо Македонецот со средновековниот Македонски грб.
Патем овој запек е во историската комисија на бугарија.
Прегледај го приврзокот 484655
Комплимент е тоа за него.
Тој барем нешто од нешто да разбира, не би гледал во Војводина, туку ќе си гледа што му се случува дома.
А дома му се случува ова:

1786454690128.png
1786454712623.png
Спореди само колку бедно делува ова во однос на Нигерија. И не се само тие. Бангладеш, Пакистан, Етиопија, Танзанија имаат застрашувачки голем број младо население. Тоа население по 30-50 години каде мисли Кајчев дека ќе живее? Да не мисли случајно дека Бангладеш со неговата географија има место да држи 500 милиони, или овие од Нигерија и Етиопија ќе одат во Сахара? Тоа ако има капацитет воопшто да мисли, зашто цело време во главата му живеат Тито и Вук Караџиќ.

1786455130112.png
1786455160376.png
 
Да си здрав и жив за муабетот, исто така сакам да потенцирам дека листата е многу поголема на тоа колку фирми/компании/дејности сме биле поразвиени тогаш и што било изградено за време на СФРЈ:
  • Železarnica Skopje,
  • Alkaloid
  • Makedonka
  • Astibo
  • Teteks
  • Jugohrom
  • FENI
  • Tutunski Kombinat Prilep
  • Makedonija Tabak
  • Tikveš
  • Pivara Skopje
  • ZIK Pelagonija
  • Loznar / agrokulturni kombajni
  • REK Bitola

Замисли само, да останевме Југославија (исто така сум критичар на некој работи во социјалистичката република, ама искрено имаше повеќе добри страни отколку лоши), само требаше уште една деценија две за да се пропелираме во драстичен раст.

Во многу од овие фирми и компании работеле по илјадници луѓе. Проценката за растот на населението ти е точна, така ќе беше ако не стагниравме ВМРО-СДС 35 години, и полошо ќе биде ако остане вака државава без драстични реформи, ама за такви реформи ќе треба да се откорени скоро сето низ државниве институции бидеќи сето мириса на корупција, дрчност, лакомост и безчовечност најповеќе.

Не е само за колку луѓе работеле, туку сме имале компании во кои луѓе се здобиле со техничко знаење за како да произведуваат покомплицирани индустриски добра. Тоа е најважното. Да одреден број од фабриките и индустриите биле слепи улици кои или биле непрофитабилни или многу брзо ќе биле непрофитабилни, али:
  • МЗТ
  • Фас 11 Октомври
  • ФЗЦ „11 Октомври“
  • Искра
  • Раде Кончар
  • ЕМО Охрид
  • Братство Охрид
  • Стаклара Скопје
  • Охис
  • Селена Штип
  • Микрон Прилеп
  • ЛТХ Охрид
  • Барем една од Маврово, Гранит, .... за да имаме градежна компанија за големи државни проекти ( брани, автопати, итн ..)
Овие фабрики требале да бидат одржувани на целосно производство па макар и да се целосни загубари, се додека државата комплетно не банкротира и пропадне. Процесот на оформување на кадар за вакви компании е пеколно тежок. Затоа секоја инвестиција освен Ван Хол во Македонија денеска се кабли, катализатори и слични ниско - технички индустрии кои се наменети за необразован кадар. Зошто немаме каде да обучиме друг кадар, а ниедна компанија нема да инвестира овдека па да обучува кадар.

50% од овие фабрики да беа одржани во живот до крајот на 90тите, во најлош случај истите најверојатно ќе беа купени од Германски и Француски фирми и денеска ќе имавме каква таква индустрија и економија. Микрон, Раде Кончар и МЗТ да се остави да пропаднат е буквално злосторство против Македонскиот народ. За да возобновиме економија и индустрија во иднина ќе треба пак да отвараме нови државни компании / јавни-приватни партнерства каде што државата има мнозински удел за постепено повторно да се обучат кадри.

Е тоа е за мене главната болка. Сме имале нешто, не било нај сјано али било доволно за да имаме што да надградиме и да напредуваме. Денеска нема на што да се надгради, темелите ни се во мочуриште. И ќе мора повторно да се почне од почеток. А зошто? зошто во раните 90ти решија да живеат луксузно без да работат и 35 просраа низ кафани со државни пари.

И најважната работа. Овие 35 години ни се случи геноцид под СДС и ДПНЕ. Од проектирани 3 милиони популација, ние денеска имаме 1.5 милиони.
 
Последно уредено:
Што со Крвавото Коледе? Кои истакнати Македонци или Македонци биле убиени на 7 јануари?
Од Коледето нема убиени тогаш, но беа осудени на смртни казни па ослободени, но што лежеа со години за Македонија кој е крив? Тие грешки треба да се признаат, без разлика дали бунтовниците биле во право или не, другите народи имаат слобода да одлучат кои ликови и кој тек во историјата го сметаат за правилен, додека ние мислам сеуште ставаме букети и кај Ченто и кај Лазо, имам и чувство дека Ченто треба да се заборави за да нема проблеми со соседите, па ајде Лазо бил супер и голем патриот, ги гледаме резултатите од него...
 
крвавото коледе
За Крвавото Коледе има отворени документи и сведоци дека ниеден од 30 и неколкуте организатори не бил стрелан. Осудени на робија, да или на стрелање, но ниеден стрелан.
Сведоштвото од Вера Ацева
- Во тоа време, кога Југославија сѐ уште не беше ослободена, кога сѐ уште не беше завршена војната со Германија, ние ако тргневме на Солун, тоа ќе значеше дека ние ќе треба да се судриме со сојузниците, на чијашто страна дотогаш бевме. Тоа е прва работа. Второ - можевме ли ние да се носиме со грчката војска којашто беше добро вооружена, зашто таму веќе беа влезени Англичаните...!? И која можеби броеше 800.000 - милион војници, а ние имавме сто-илјадна војска, вооружена само со пушки, малку пушкомитралези и 10-20 митралези...

Натаму, Ацева вели дека ако македонските војници тргнеле на Солун, Англичаните ќе влегле во НР Македонија, во Југославија, и би го вратиле српскиот крал Петар... А, тоа ќе значело дестабилизирање на ФНРЈ и возобновување на Кралството Југославија.
М-р Кирил Донски, исто така сведок на настаните на Скопското кале, раскажува:
- Бев со Михајло Апостолски... Тоа беше Гестаповска игра, за ние да ги нападнеме сојузниците. Во Грција имаше 2 англиски дивизии и ние на нив да нападнеме...тоа беше глупост на квадрат. Но, војниците беа национал-патриоти, а на некои и не им се одеше на Сремски фронт. Глупости, никој не е убиен таму.
Генерал Михајло Апостолски за Бунтот на Скопското кале во јануари 1945, вели:
- Тогаш, Господ да не му даде кој не сакал Македонија да биде цела. Но, знаете ли што ќе се случеше ако тргневме на Солун? Тогаш ќе ја изгубевме Македонија. Знаете ли какви сѐ договори беа направени меѓу сојузниците? Ние не можевме да ја задржиме сојузничката (грчка и британска) војска на границата, а ќе ги упропастевме и оние придобивки коишто веќе ги имавме.
Стефан Дечев
Бугарскиот историчар Стефан Дечев, јасно говори и признава дека овие измислици на бугарската пропаганда, немаат никаква научна и реална основа, да се тврди дека десетици биле убиени на самиот плоштад, дека се убиени 70 офицери, дека имало 900 загинати од глад и жед на скопското Кале, нити дека 23 000 Бугари биле убиени во Охридско и уште 150 000 Бугари затворени, низ македонските затвори. Сето ова го карактеризира како фантазии, кои не ни заслужуваат коментар.

Еве кој се бил стрелан велешко од озна. Сето тоа невини блгарски администратори

од сега покојниот Д-р Владо Ивановски, македонски историчар, а врз основ на архивска документација

еве ти и видео гратис. Класична бугарска пропаганда

Значи сето тоа со убиствата на Калето било бугарска режија, ѓубре и пропаганда за скопското Кале.

Од Коледето нема убиени тогаш, но беа осудени на смртни казни па ослободени, но што лежеа со години за Македонија кој е крив? Тие грешки треба да се признаат, без разлика дали бунтовниците биле во право или не, другите народи имаат слобода да одлучат кои ликови и кој тек во историјата го сметаат за правилен, додека ние мислам сеуште ставаме букети и кај Ченто и кај Лазо, имам и чувство дека Ченто треба да се заборави за да нема проблеми со соседите, па ајде Лазо бил супер и голем патриот, ги гледаме резултатите од него...
Знаеш дека за дезертерство во воена состојба и денеска имаш казни во МА според КЗ? 1-5 години затвор, а за непослушност до 3 години. А спореди ја сегашната состојба со онаа кога биле активни чети на балисти, врховисти, српски четници и сите нивни јатаци и поранешни соработници со окупаторот. Изгледа не си бил ЈНА штом вака лабаво ги сфаќаш работите.

А овие 40 души воглавно за годинаипол биле скоро сите ослободени.

Ти паѓаш секогаш на бугарска пропаганда, како за бугарските пасоши.

па ајде Лазо бил супер и голем патриот, ги гледаме резултатите од него...
кои резултати поточно? Позитивни, негативни?
 
Се согласувам во се со тебе, освен во тоа што покрај ситуација во егејска македонија и пиринска македонија се направи минимумот а можеше многу повеќе со месното население, прво егејскиот дел можел да бара автономија и да не се врзува со комунизам, тоа не е направено, пиринска македонија е уште поголема измама на тито, толку чипови сме имале во раце, за сега да се занимаваме со албанците... (Резултатите на лазо) Јас мислам дека тие тогаш нарочно заради српскиот интерес не избоксуваа поголема Македонија за денес историско демографски да не зафркаваат, овие изговори на Апостолски, Ацева и Донски ми се плитки, прашањето кон нив не треба да е зошто не сме тргнале на Солун туку кои контрамерки сме ги преземале на дипломатското поле, или само Грција и Бугарија склучуваа договори, кон бугарија уште поголеми грешки се направени без да се размислува за иднината.
Стефан Дечев не сакам да го коментирам и кога е во право, он е ист бугарски шовинист како другите, само него му е дадена улогата да изиграва по нормален, исто човекот не негира
 
Само во Вмро важи паролата - "Со нас и неспособните успеваат"

Прегледај го приврзокот 484698

Неточно, и плавите жолтици имаат кадри со далеку побогати кариери на дното кои ги имаат поставувано на далеку поважни позиции.

Проблемот е во тоа што рајата има помнење како на златна рипка, поради што лесно заборава какви се гнаси имаат држено државни/јавни функции и за време на било која влада предводена од страна на плавите жолтици и за време на било која влада предводена од страна на пвеводбениците.
 
Мислам дпне ќе ги стави бугарите во устав без промени во протоколите, без гаранции, ќе го направи ова ем од притисок ем ќе биде убедуван оти Радев е власт па може во иднина да имаме корист.
Во секој случај со ова се надевам и најголемите подржувачи на традиционалните македонски партии ќе разберат дека најголемите наши непријатели зборуваат македонски и се колнат во македонштина и жици од гитара.
И така, они ќе си останат со парите, а сиромасите на кои им остана само потеклото со кое се гордеат ќе им биде продадено на горни милановац или во случајов во татаро-пазарџиско.
Уриме.
 
Идиотов се правда дека депонијата постоела 30 години, од тие 20 години неговата пресвета партија е на власт. Зошто постои оваа држава бе луѓе???
 

Attachments

  • Screenshot_20260812-072212.png
    Screenshot_20260812-072212.png
    55,7 KB · Прегледи: 40
Идиотов се правда дека депонијата постоела 30 години, од тие 20 години неговата пресвета партија е на власт. Зошто постои оваа држава бе луѓе???
klasicen makedonski politicki moabet.

ne da najde resenie, ne da ja relocira, ne da kaze deka rabota na slucajot i da bide prv u tie 30 godini da se pozanimava so taa deponija, tuku odma dismisivno odnesuvanje i prefrlanje odgovornost.
 
Идиотов се правда дека депонијата постоела 30 години, од тие 20 години неговата пресвета партија е на власт. Зошто постои оваа држава бе луѓе???
„Оваа„ држава постои само со пар цели:
- „испумпување„ на буџетите (централен и локални) со привидно законски набавки и
- работни места на кои можеме да ги „ухлебиме нашите„.
 
Back
На врв Bottom