Да додадам уште нешто. Реалноста е дека овој систем е повеќе неодржлив, зошто се потпираше на претпоставката дека САД и Европа вечно ќе ни даваат пари да си играме држава и заради тоа освен краток период за време на Груевски, никој ама апсолутно никој не се потруди на ниту еден начин да изгради функционален и ефикасен државен апарат и функционална економија.
А ова не само што нема да трае вечно, туку веќе е стигнато до моментот дали ќе трае уште многу долго. Единственото нешто што останува за дебата, е дали ќе се направи некако обид да се спаси ситуацијата пред да дојдеме до моментот на пропаст. Или ќе оставиме да си тече природниот тек на работите, да пропаднеме комплетно па потоа ќе пробуваме промени. Проблемот е дека природата е многу сурова ако сама си ја тера работата, и луѓе со малку капацитет за размислување генерално би требало да пробаат да го избегнат ова решение. Али ете кај нас не е баш така.
Најжалната работа е што како така имавме достигнато одредено цивилизациско ниво во 1990. Дали имало еден куп проблеми, секако. Јас отворено сум критичар на многу работи за време на Југославија. Али сме имале одредено индустриско и техничко ниво. Сме знаеле да произведуваме автобуси, електрична опрема, хемикалии. Сме имале градежни фирми со капацитет за големи проекти, сме имале земјоделие кое може да ја опслужи државата. И од 1990 наваму, имаме еден процес на уништување на се што сме наследиле а не градиме ништо ново, барем не ништо ново од каква било вредност долготрајна:
- Скопски саем - Срушен
- Универзална сала - Срушена
- Железници - Руинирани
- Пошта - Нефункционална
- Езеро Треска - Затрпано
- ФАС 11 Октомври - Затворен
- МЗТ - Затворен
- Хемтекс - Затворен
- Стаклара - Затворена
- Охис - Затворен
- Алумина - Затворена
- Треска - Затворена
- Раде Кончар - ниту сенка од тоа што биле
- Хотел Панорама - Срушен
- Маврово, Гранит, Бетон - не постојат.
- Војска - шака јад и чемер
- Образование - сите стандарди руинирани
- Полиција - продолжена рака на организиран криминал
И ова се само еден мал број примери и примарно од Скопје.Во Куманово, Прилеп, Битола, Охрид ситуацијата е далеку далеку полоша од тој аспект. Тие следни што ќе доаѓаат после ДПНЕ и СДС откако овој систем неминовно ќе пропадне. Ќе треба да градат држава КОМПЛЕТНО ОД ПОЧЕТОК, зошто не се зачува ама апсолутно ништо. И се ова зошто? зошто успеаја да го поделат народот на два кампа на навивачи и да ги третираат изборите и владеењето на државата како да е натпревар. Вие крадевте, сега ние ќе крадеме. Вие имавте титули, сега ние ќе имаме титула.
Проценката во 1980тите била дека Македонија до 2020 ќе има
3 МИЛИОНИ жители. Денеска немаме повеќе од 1.5 милиони жители. Е тоа ни донесоа овие 35 години. И да потенцирам, ние 35 години подоцна уште правиме РЕФОРМИ. Уште помалку од 10 години фалат, и Македонија ќе била под овој режим исто толку колку што била во Југославија. И за 35 години немаме ништо.