Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тоа дека се знаело за аргентинецот е типично "генерал после војна" мислење. Од кога ќе се случи нештото, лесно е да се каже "ви реков". Вака се знаеше и за Донгмо, ама ене го сега во Национал игра, прва лига Португалија.Да го поздравам Кано со муабетот од мај
Ретко промашувам. Се знаеше дека ќе биде срање аргентинецот, не дека многу работи зависеа од него. Клубот е поделен на фракции, нормално дека ќе ги игра играчите кои му се сигурни дека нема да го саботираат. Сите би ги избркал и би ја напуштил лигата, додека има време да се пријави екипа во општинска лига.
Ако се тргне тоа гоВно козарско, барем пред јавноста малку ќе обелиме образ и ќе се врати надежта меѓу навивачите дека нешто ќе се смени. Барем нема да ни е антипатичен клубот и многу луѓе ќе се вратат на трибина (повлекувањето не беше тади резултатите, ќе повторам уште еднаш). Додека уште има време да се спаси трибината од пропаст...
Нормално, сите опции кои ги планираат се тешко штабско срање и се' ќе биде исто, можеби и полошо. Затоа реков попрво Омер Буњаку би го ставил за главен.
Јохан ако го стават ќе биде епски бродолом (а он е главен фаворит), а единствена полоша опција е дечкото на Мицко (што не верувам дека ќе се случи, затоа што му дадоа топ место во владата). Вакво нешто ако се случи, ветувам дека ќе ги запалам сите десетици реквизити кои ги имам дома сред плоштад и не стапнувам на стадион никогаш во живот. Цел живот на државна цицка (и тоа во најплатената фирма), 0 денови работен стаж. Антипатичен створ уште од основно. Не знам еден што му е близок, да има позитивни зборови за него. Ради него се откажаа еден куп таленти во неговите генерации од Вардар (С.Ристовски имаше појаки врски едино и изгради кариера). Татко му го форсираше партиски цело време. Да не беше така, може Jojo немаше да прави бургери сега, ќе беше штопер во Вардар
Овој хаос во клубот Господ не го решава. Имаш сакати фудбалери на долгогодишни договори. Играчите меѓусебе поделени на кланови, не си подаваат на терен. Едната група автоматски не можеш да ја играш. Кој е будала да ги плаќа со години, а да не ги игра? Не сме ние Реал да си дозволиме нешто такво.
Нема спас за нас, може само да се лажеме од време на време. А доволно е само пристоен буџет да имаме (не мора ни да сме шампиони), да остават маркетинг да работат дечките од Комити, да стават некои нормални бар малку непартиски ликови на функции барем пред јавноста (а позади ако сакаат милијарди нека перат), да работат бар малку професионално. Не дека бараме многу.
Тројца постари Комити ја водат академијата, ја средија топ со оглед на средствата и сопките од свињенко. Една минута не биле фудбалери, ама имаат бизнис план и љубов кон клубот и си цепаат со помош која си ја наоѓаат.
Prijatelski so den hag hahahahЗа разлика од другиве Јохан има и интернационално искуство
Хехе
Клоцата на пурашот е само шпекулација или лета сигурно ? Да не си правиме овде нереални сценарија ?
Disculpe, me estaba buscando?Што го нема @kano, и он да не е во чистката со Аргентинецот...
добар мој кур, штом носел играчи само тој неговиот менаџер се знае колку е сатот, си носел пријатели да ги најаде леб. Јужно амер ти е циган, не најаден, гладен за леб и расипан до кожа.Аргентинецот беше добар тренер, ама очигледно не им одговара бидејќи не им ги слуша желбите за кој да игра во првиот состав. Кој тренер и да дојде, ако не ги слуша ќе заврши како тој што заврши.
добар мој кур, штом носел играчи само тој неговиот менаџер се знае колку е сатот, си носел пријатели да ги најаде леб. Јужно амер ти е циган, не најаден, гладен за леб и расипан до кожа.
2 играчи донесе Фабијани, Герсон и Пиреш.A па играчите што се доведени од свињенко и останатите у пичку матер играчишта. Убаво напишаа горе со овакви припремни натпревари и припреми воопшто и со поделбите во клубот џабе е било кој да дојде како тренер.
Друже, Вардар у моментов е киднапиран од една политичка партија. Еве ја ти кажувам дека одлуката за смената на тренерот вчера доаѓа по директна наредба од самиот партиски врв, Миленко е само извршителот. Е па се додека е тоа така, и се додека ако не е Миленко, ќе биде Јохан; ако не е Јохан, тогаш Неловски или слична партиска амеба, Вардар ќе биде клуб на само една политичка структура. Па уште погоре читам Јохан ќе бил најмалото зло од сите набројани. А бе жити се, што ќе праи Јохан? Ќе го воскреснува Аркан од времето во Обилиќ пред 30 години (постарите членови на темава сигурно се сеќаваат)!? Да не отварам уста што заедно со Жути и Бошко, ја искористија навивачката група во 90-тите за остварување на свои лични интереси.За мене проблемот со Миленко одамна не е само прашање дали направил една добра или лоша одлука во клубот. Проблем е целокупниот начин на кој се претставува Вардар. Со неговото минато, јавните настапи, однесувањето на социјалните мрежи и постојаното навлегување во политички, геополитички и други теми, се создаде атмосфера во која понекогаш човек не знае дали следи фудбалски клуб или некаков политички портал што треба да решава за Русија, Украина, Кина, ЕУ и светската политика.На Вардар тоа не му треба Вардар има многу поголема историја од Миленко, од ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ и од која било политичка гарнитура што денес е на власт, а утре нема да биде. Токму затоа не би сакал ни дискусијата за Вардар да ја претвориме во дискусија дали оваа Влада добро ја води државата, дали некое министерство функционира, дали Царинската управа има резултати или кој политичар бил подобар од претходниот за тие работи има други теми, други форуми и на крајот има избори секој нека гласа за кого сака овде треба да зборуваме за Вардар треба сериозно да се запрашаме што стана со клубот кој некогаш имаше способност да обединува. Вардар не бил само клуб на една политичка структура, ниту на една идеологија, па дури ни само на една тесна група луѓе. Во Скопје на Вардар доаѓале Македонци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, па и Албанци. Вардар имал вардарци во Велес, Куманово, Штип, Струмица, Охрид, Виница, Тетово и низ цела Македонија тоа е големината што треба повторно да ја изградиме денес наместо да создаваме нови пријатели на Вардар, создадовме атмосфера во која клубот постојано влегува во конфликти, препукувања и непотребни непријателства. Наместо другите да гледаат во Вардар како институција на македонскиот фудбал, премногу често се занимаваме со тоа кој кого навредил, кој што напишал на Facebook и кој со кого политички се пресметува.Затоа јас не барам „наш човек“, партиски човек или човек кој ќе биде моќен за да може да им се изживува на сите останати. Барам спортски човек. Човек кој го познава македонскиот фудбал, кој знае што претставува Вардар, кој има авторитет, но и култура на комуникација. Човек кој ќе знае да разговара со ФФМ, со другите клубови, со спонзорите, со градот, со институциите, со Комити и со обичниот вардарец наместо ние Вардарци и Комити да се претвораме во политички аналитичари и да објаснуваме како треба да функционира целата држава, подобро е тој притисок и таа енергија да ги насочиме кон неколку многу конкретни прашања: Кој го води Вардар? Кој го финансира? Каква е долгорочната стратегија? Каде треба да биде Вардар за пет или десет години и конечно кој е домот на Вардар? Зошто Вардар конечно да нема свој вистински дом? Не зборувам само за терен, туку за сопствен фудбалски комплекс и стадион на ФК Вардар. Нека биде, на пример, на потегот меѓу Кисела Вода и Аеродром или на друга соодветна локација во Скопје. Модерен стадион од 9-12 илјади гледачи, направен според потребите на клубот и европските стандарди тренинг-центар и академија, фан-шоп, музеј на Вардар, ресторан и кафуле, деловни простории, голем паркинг, евентуално хотелски капацитет и комерцијални содржини што ќе му носат приходи на клубот 365 дена во годината. Комити да имаат свој соодветен простор во рамките на комплексот и целото место да живее со Вардар тоа се темите за кои сакам да се расправаме како Вардарци.
