Знам дека на членовите на форумов кои од "нигде никаде " ќе "упаднат" во одредена дискусија се гледа како на "падобранци", иако со самото зачленување се стекнуваш со право на коментирање, а и секој од членовите некогаш бил "падобранец ". Мене небулозите напишани во темата за новинарот од мојата профилна слика (аватар) ме натераа да се зачленам, а може да се каже дека други изречени небулози ме вратија. Во меѓувреме редовно го следев форумот, без притоа да учествувам во дискусиите.
И да, bijons e приказна за себе. Присутна речиси во секоја дискусија со километарски текстови на некој чуден македонски (преведени од некоја апликација). Колку што знам, се бави со медицина. Како само наоѓа време, а и волја за сите тие постови? Во мојот претходен коментар посакав елаборат и за некоја од тенисерките (секако во соодветната тема), само што моја желба беше друга Русинка (а и за оваа изостана емотивниот статус). Фасцинантно е некој кој ќе ја "поправа" или "ублажува" хомосексуалноста да обрнува толкаво внимание на припадничките на "понежниот" (сопствениот) пол и постојано да ги истакнува нивните "атрибути", а "симпатиите" меѓу припадниците на "посилниот" пол, во најголем дел (ако не и сите) да имаат долга коса. Јас немам никаква поврзаност со медицината, но психолозите веројатно би имале соодветно објаснување.
Инаку на темата, презимето на Рафаел, со оглед дека е Шпанец, е Ходар. Кога би бил Португалец или Бразилец, би се читало Жодар.
Ми се чини дека Шелтон има солидни шанси да ја одбрани титулата.
И навистина се надевам дека Синер и Алкараз ќе учествуваат на US Open. Во спротивно ќе биде како и во женска конкуренција невозможно да се предвиди кој ќе го освои. Фановите на Ѓоковиќ ќе продолжат да "сонуваат" (да се надеваат) за 25-ти. Јас лично не им давам преголеми шанси ниту нему, ниту на Зверев.
Инаку, добро е што се појавуваат нови тенисери кои постигнуваат одредени успеси. Проблемот е што истите се еднократни, како што е случај и со нивните колешки. Недостасува конзистентноста, како и кај тенисерките каде сведочевме на безброј освојувачки на Grand Slam титули, на кои тоа им е една од ретките, ако не и единствена титула во кариерата.