И шо дека Алварез ќе кажи не сакам да играм, шо ќе промени тоа во ситуацијата ? Не го пуштаат испод цена и крај, синкир не знае Чоло дека сака да бега па сега Понеделник ќе дознае.
Како нема да му помогне да порасни како фудбалер, сети се само со Гризман што се случи, од анонимус стана мега звезда и светски првак, замина да си ја проба среќата и се врати како посран да бара прочка од навивачите, изјави дека најголема грешка му беше трансферот во Барселона и дека најдоброто нешто што му се случило во кариерата е Атлетико.
За Алварез истото важи, кој гарантира дека во Барселона нема да флопни и во меѓувреме Атлетико нема да стани првак ? Ете со Гризман таков беше случајот, замина во Атлетико и одма наредна сезона Атлетико првак стана во Шпанија.
Па ќе смени бе женска неможете само со Сорлот да останете и незнам како ама само Атлетико сеа засега форсираат играчи да останат.
Алварез веќе се има освоено во кариера не е она баш како Гризман па да брка лш и светско незнам си што.
Гризман да сакаше да остане Атлетико ќе останеше на крај пак се извинуваше во документарецот и дојде во Барса.
Се врати Атлетико пошо он во најдно ерата на Барса зимаше 35-40 милиони, збориме за 2020/2021 сезоната кога тимот беше печен за втора лига со Мингеза, Брејтвејт, Рики Пуч, Хутгља и Нето на гол. Пике шпиц играше таа сезона а Гризман иде Барса за лш а Меси си заминува Барса иде лига Европа.
И пак се врати во комфорт зона и пак не освои трофеј никаков и пак се извинуваше и многу ти значи тебе тоа на тие пари? Последна сезона му е и се опростуваше пред своите навивачи. Што сакаше да каже према тебе за да остане "легенда" на Атлетико? Малку логички размисли, сигурно Сосиедад и Барса навивачи не го сметаат за легенда на свој клуб. Највеќе време остави Атлетико и нормално ќе збори така.
Веќе и Коке и Љоренте имаат изјави дека Алварез веќе знае што како сака и дека му посакуваат се најдобро.
Хил Марин првата изјава му беше дека Атлетико не е отскочна даска за супер звезди и донекаде го сваќам ама реалноста е таа. Се дур Чоло не замине џабе ви се толку звучни имиња.
Предобри фудбалери имале Атлетико на рака ама фудбалот ви е канцер.
Типот 2 год игра таму и нема трофеј освоено ниту некоја статистика, неможе баш квалитетите да ги покаже и јасно му е колку е саат.
Во право беше дека клубовите си туркаат имиња и таргети преку новинари за да иницираат нешто така да верувам Феран знае дека Алварез ќе дојде и нејќе пак да биде играч од клупа. Клубот досега ќе тргнеше накај друг и ќе завршеа работа ама чим вакви се настаните значи има нешто и кад тад верувам ќе попуштат за 120 или 130 милиони.
Еве го нема 9ка да имаме ама Феран бара да си замине не е океј за клубот без 9ка да остане ама друже ако нејќеш знаеш каде е вратата и чао пријатно.
Стефи не те разбирам, еден Нејмар кажа сака да си иде клубот му рече чао и не бил само он, незнам како не сваќаш дека и Феликс вака беше дупешки праеше ама Чоло нејќе играч што нејќе да игра за клуб така и Алварез.
Седеше клупа не се мирисаше со играчите и ебеше хемија на тимот кога и да играше немаше желба и зашто така да ти фаќа простор во тим кога секако има неограничен избор на таленти што ќе се убијат да се докажат да играат за Атлетико. Го продадоа Феликс и живот иде напред така и Алварез.