Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Добар играч ми се виде Христијан на Европското во Романија, има потенцијал. Сега кај Матлиески би можел уште подобро да напредува.

Три порази во првата фаза. Дека групите што ги добија и младинците и кадетите беа тешки, стои. Ама за оваа генерација ми е криво што не победи ниту една јака екипа. Може не изгледаа лошо со Словенија и Шведска, ама што знам мора да има некаков резултат. Сега ќе играат со Италија и Турција, две селекции кои и те како мора да ги добијат и тоа со +10. Ако сакаат да се втора најдобра екипа и да играат од 9-то до 16-то ќе мора да запнат. Треба цел да е светското првенство.

Од екипите кои бе на ЕМОФ во Скопје прошлото лето, само Норвешка и Македонија киксираа и не се пласираа во главната фаза. Шпанија, од која изгубивме 1 разлика, е прва во групата. Исланд и Германија, кои растураа на ЕМОФ, растураат и тука - посебно Исланд. Унгарија веднаш зад Исланд во групата. Хрватска и Португалија можевме да ги добиеме во Скопје, во иста група двете одат натаму со пристоен учинок.

Кога ќе се споредат навидум две слични држави Словенија вс Македонија. Словенците разбиваат на секое поле, што ракомет, што кошарка, одбојка за други индивидуални спортови да не правам муабет. А ние ?
Одбојка младинска скоро и немаме (не знам), кошарка сме премногу слаби со исклучок на по некој кошаркар во секоја генерација. Нека се префрлат во ракомет. Тука сме конкурентни и услови има.
 
Прв меч што го гледам до сега. Левово крило Ѓорѓиески каков репертоар на удари извади, алал!
 
Добро одигран натпревар против Италија и би рекол рутинска победа

Утре играме против Турција, тие се најслабата репрезентација и со сигурност ќе победиме.

Сега е цел да бидиме во топ15, бидејќи тие репрезентации ќе обезбедат пласман на светското првенство следната година. За да бидеме во топ15 мора да ја победиме Турција со поголема разлика и да бидеме најдобро второпласирани. А понатаму ако се случи тоа ќе треба уште 1 победа најверојатно.

Инаку доказ дека бевме во тешка група се денешните победи на Словенија и Франција.

Според мене доколку работат на исправен начин, играат во својте клубови, овие играчи:

Ѓорги Николовски - голман
Горазд Дамчевски - лев бек
Стефан Ѓоргиевски - среден бек
Стефан Ѓоргиески - лево крило
Петар Николоски - лев бек
Бобан Попоски - десно крило
Трајче Костов - среден бек

за 2-3 години би можеле да ги видиме во сениорска репрезентација.

Нормално и останатите играчи имаат шанса доколку напредуваат.

Ваши мислења?!
 
Ѓорѓи Николовски ѕвер. Од овие играчиве двајца има од Пролет - Дамчевски и Костов. Дали двајцата ќе продолжат во Прва лига со клубот, или ќе се преселат во некој друг клуб за да играат Супер лига (Мулти можеби?), ќе дознаеме наскоро. Двајцата минатата сезона беа одлични во кадетската лига, со Пролет ја освоија титулата, имаа минути и во Супер лига. За Попоски немам коментар, детето уште лани докажаа дека има квалитет, прашање е колку ќе има минутажа во Вардар. Средниот бек Стефан направи добар потег со трансферот од младинскиот тим на Пелистер во Мулти, се изнаигра и во Прва лига и младински категории, исто и за крилото Стефан, од Струга појде во Мулти, минатата сезона и пред една сезона беше во идеалниот тим на кадетскиот Ф4 (МВП, ако не се лажам....)
 
Кога ќе се споредат навидум две слични држави Словенија вс Македонија. Словенците разбиваат на секое поле, што ракомет, што кошарка, одбојка за други индивидуални спортови да не правам муабет. А ние ?
Вистина до ден денес не ми е јасно зошто немаме никаква стратегија за работа со млади
Ај не можат само смислат нешто измислат но можат да препишат во фудбал ракомет ичи било кој спорт еве гледам Миркуловски е на клупата а беше во Германија дестина години исто лани цели време во Словенија беше Раде шо значи имаат видено знаат
Нека земат само нека препишат и модерираат за наши услови мора да најдат модел да се финансираат тренерите дали од клубови дали од федерација ич да не се плаќа членарина за децата односно да платат ако се откажат пд тренирање а тренерите нека бидат на плата реквизити од општините тоа се минимални средства и најважно да имаат турнири децата зборам да се почнува како Германија па и Словенија со деца од 4 -6 години а не како кај нас со 12 години плус стипендии оти сме мала држава и мал народ друго чаре нема освен да воведат како странство ако не врв ќе ни биди 12-16 место а Фарските острови се најинтересен пример во ракомет и фудбал последните гпдини како и Исланд кој се многу по мали од Македонија треба систем не треба многу пати да не речам ич и нема врска кој му биле малцинство тоа е само оправдување ништо друго од нас зависи да не се правиме луди !
 
Добро е, некако се извадивме со тоа што Швајцарија ја победи Чешка и останавме да играме за пласман на СП. Денес тој пласман е обработен. Дечките ги победија Фарските Острови со 34-32 и ќе играме за 9-12 место и тоа со Португалија, со која игравме на ЕМОФ па ќе биде интересно да се види како ќе изиграме сега. Инаку завршуваме и пред Шведска, која не победи со мала разлика претходно. Ова 9-12 место ќе биде втор најдобар пласман на кадетско ЕП по она во 90-тите кога бевме 6-ти и ќе ни донесе веројатно втор шешир на следното СП. Е супер е што на следното СП ќе играат двете младински екипи, а другата ќе биде домаќин (освен ако не смениле нешто).
 
Во право си целосно, баш реков да проверам оти ми беше тешко за верување...

Навистина, најдобар пласман во поновата ера на македонски ракомет. Всушност, само 3 пат (од модерната ера) учествуваме на ЕП за кадети (мислам 4ти пат вкупно). Генерацијата 96та заврши како претпоследна 15та, минатата генерација 2006та заврши како 19та од 24. Другите генерации не можеа ни да се квалификуваат (по стариот систем беше многу безвезе квалификувањето и останувавме заглавени во Б дивизија долго време).

2024: 19
2022: /
2020: /
2018: /
2016: /
2014: 15
2012: /
...
~2000: 4 (ако не грешам на кадетско европско е 4тото место на Миркуловски, Борко, Кузманоски, Мите Стоилов...)

Испаѓа позитивен стартот на оваа генерација, иако ми се чини дека доста топло-ладно и неконзистентно играат. Се надевам ќе врзат неколку првенства, како ниедна генерација досега, и ќе видиме напредок низ годините.

П.С. Еден ден ќе направат компаративна анализа на генерациите, би било интересно да се види како сме стоеле низ младинските категории. Барем овие понови времиња (последни 15 години) кога имаме настапи, за 80 и 82 генерациите знам дека имаат некои настапи на ЕП/СП но многу тешко е да се најдат податоци. Имаме и еден настап кога бевме домаќини на младинско СП некаде крај на 2000ти. Додуша и без анализа, знам дека 96та и 04та имаат генерално најдобри резултати (и најмногу настапи).
 
~2000: 4 (ако не грешам на кадетско европско е 4тото место на Миркуловски, Борко, Кузманоски, Мите Стоилов...)

П.С. Еден ден ќе направат компаративна анализа на генерациите, би било интересно да се види како сме стоеле низ младинските категории. Барем овие понови времиња (последни 15 години) кога имаме настапи, за 80 и 82 генерациите знам дека имаат некои настапи на ЕП/СП но многу тешко е да се најдат податоци. Имаме и еден настап кога бевме домаќини на младинско СП некаде крај на 2000ти. Додуша и без анализа, знам дека 96та и 04та имаат генерално најдобри резултати (и најмногу настапи).
2002 беше тоа и е јуниорско ЕП во Полска. Имаше одамна во 94-та или 96-та, не сум сигурен кога завршија некаде на 6-то место, благодарение на тоа што Грција не сакаше со нас да игра, и тие завршија последни во групата автоматски.
 
Сега со Израел ќе играме за 9-то место и тоа е добар резултат, поготово како отворија со 3 порази. Треба да го затворат тој Пелах кој дава по 12+ гола на утакмица.

Добар отскок е ова, затоа што во Скопје загубивме од Португалија со 1 разлика. А мислам дека Португалија дојде на првенствово позасилена (овој Соуса не играше во Скопје што ни даде 10 гола)
 
Последно уредено:
Словенија ја прегази Данска со 9 разлика и ќе игра финале... останува да жалиме што не го добивме тој натпревар, којзнае каде ќе бевме сега ако почневме со победа. Навистина добра генерација имаме и мислам дека доколку успееме да ги намалиме осцилациите кои ги имавме речиси на секој натпревар, ќе можеме да целиме на највисок пласман.

Пласманот во ТОП 10 веројатно ќе ни донесе и втор шешир во жребот за светското кадетско следната година што ќе биде клучно за повторување на висок пласман. Останува дечките да имаат добра минутажа во престојната сезона и уште поспремни да бидат за светското првенство. Исто така, од огромна важност ќе биде ситуацијата во РК Пролет, знаеме колку е важен клубот во работата со млади категории и се надевам на негово стабилизирање што поскоро.
 
Европско првенство организирано во погрешно време(2034 година). Ако го доделат првично.
 
Back
На врв Bottom