Изворот му е баш како траст ми бро, во текстот се вели дека не се знае кога се случил состанокот,на која локација, Црепот бил качен во непознато возило, можеби и очите му биле врзани (не го знаат тоа), не пишува дали и бил сам, кога веќе го киднапираат треба да е сам, што значи он е единствениот кој кажал некаде (на жена му најверојатно) дека не е сигурен дали е он, и што е најинтересно, тоа го кажал по неколку месеци од средбата (се спомнува мај).
Иранците тврдат дека е жив, било кој може само да шпекулира, ако е стварно умрен нема до кога да кријат еден ден ќе мора да го покажат, ништо не менува дали он е жив или не, системот им функционира.
Во врска со бројот на ракети што и останале помалку од 20%, пак не знаеме дали е точно, ама за разлика од русите на кој ракетите им се произведуваат во државни претпријатија и никој нема поим колку и што се произведува, самите си знаете во државно како е, не се замараш колку и што е сработено, битно е да се одспие пола смена, и кога ќе затреба не е проблем да се дуплира производството,
во САД секоја година пишува по колку парчиња порачуваат од било кој тип на оружје, сигурно имаат и такви ставки каде не се опишува за што се трошат парите (како думздејскиот авион порачан уште во првиот мандат на Трамп, порачан е во буџет на модерзирање на нуклеарна програма и уште го нема),
претпоставувам има земји кој и ги бројат колку порачале и колку потрошиле (војна или вежби) и отприлика можат да проценат колку имаат, не зборуваме за артилериска муниција која не може толку прецизно да се изброи, туку ракети кој се произведуваат во одвај трицифрени броја годишно.
20% не е можеби ни мала бројка, зависи како планираат да ги трошат во иднина, ако штедат Иранските градови во внатрешноста ќе си останат на раат, можеби имаат поголема количина авионски кој летаат по 100км, па некое време ќе го прикриваат недостатокот од земја-земја и вода-земја, освен ако и тие количини се толку мали што веќе не можат ништо да скријат, ќе треба да почнат и они како русите што направија со ФАБовите, ќе монтират крилца и ќе ги глајдат, ака тука американците пак се назад од русите, оти ќе треба да најдат приватна компанија која ќе и ги наплати 10 пати поскапо..
Имаат и друг проблем американците, и шуто и рогато им е примано во администрацијата кој се желни за да бидат видени (јутубери, тиктокери итн) и многу лесно излегуваат информации за скоро се, пред некоја година имаше 20 годишен со доверливи документи на Дискорд за Украина, авионот од Анкара шо беше, да не зборам дека и Инфантино го преебаа со неговиот таен договор.