Тоа ти зборуваа, а што ти си слушал - тоа ти си знаеш (или не знаеш, поверојатно).
За финската „победа“ над Советите, за западното помагање на Турците кај Крим (кој по некое време пак заврши кај сегашните газди), и за слични „победи“... Тоа се нафо talking points, пошто немаат друга рачка за што да се фатат.
Продужи така, види како ќе ти иде.
Мене ми реплицираш?? Можеш инаку и директно, не е проблем..
Туку друго ми е зборот.. и одамна тоа ме живцира у "нашиов камп" тука! Да, да! У нашиов, арно слушна.
Што цело време и у било кој контекст РФ се изедначува со СССР или Царска Русија!
А тоа не да не е исто.. поразлично и да не може да биде!
За сите победи (и порази) и на двете претходни држави.. крвареле подеднакво и украинци, и белоруси, и узбеци, и таџици.. и сите!
(Естонци и латвијци во Афганистан), сите-станци во WWII, и не за џабе сеуште таа војна им е света, бидејќи крваво ја платиле! Оди во Самарканд, Ташкент, Бишкек, Алма Ата, па дури и Баку...
И до ден денес ќе видиш како ги одржаваат и ги почитуваат споменците од WWII !
Претходно во руската империја, каде сите биле "руси", во пракса баш и не биле!
Исто како и нашите прадедовци со сила мобилизирани од бугарите и србите во WWI и балканските војни!
Хек, козаците дури биле на ниво на царска гарда! Најспособните и најверните!
Белорусија најскапо ја платила WWII по број на мртви како процент од население.. со грозотии што не се ни опишуваат!
И сега да се правиме на тошо дека русите победувале, или се бранеле, или не знам шо.. не малку, туку многу надвор од умот треба да е некој!
Моментално Русија е првпат во историјата сама (со своите малцинства), и помирете се со тоа!
Сите паралели со СССР или Империјална Русија се безвезе!
Едит: за да бидам објективен, еве ќе кажам дека непропорционално повеќе руси биле ликвидатори во Чернобил него ли украинци или било кој друг..
Ама тоа е исклучок од правилото и сосем друг муабет.