Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 51: Законски да се ограничи голотијата во земјава, онлајн и офлајн.)

За да се укине демократија прво треба да се има демократија, а во Македонија такво нешто нема.
Државниот апарат на Македонија откако е создаден пред 80 години остана непроменет, она што се случи е наводната илузија на имањето демократија и имањето на некаков избор, а реалноста е дека Македонија во нејзината срцевина е истата држава како пред 80 години со истиот скриен прогонувачки систем.
Со примарната негативна селекција во секоја сфера на општеството, со интелектуална елита создадена директно од државата кои пак се најголеми приврзаници на истиот тој систем.

Кои пак не дозволуваат никаква промена на статус кво-то
 
...во Кина населението е под целосен видеонадзор, на пример доколку три пати се фрла пикавец на земја, а е со закон забрането и казнливо, снимен на камера граѓанинот добива по смс казна,

... дополнително ќе му се собира негативни поени како,,несовесен" и како таков непожелен граѓанин и при запишување на децата да речеме во некое добро училиште ако има одреден број негативни поени добиени како несовесен и непослушен граѓанин, не може да си ги запише децата, да купи автобуска карта да патува во друг град не му следува за истата причина,

...ваква контрола на секој чекор, при таква дисциплина на граѓанинот нормално дека ќе доведе до напредување во секоја сфера по домино ефект.
 
Данска, Холандија, Шведска, Норвешка и Јапан се монархии, кои до пред 50-100 години биле колонијални сили, со авторитарни системи!
Очигледно авторитаризмот од претходно довел да таму животниот стандард е значително висок, да има стандарди, судство, полиции.. па на крај и менталитет за успешна демократија!
Норвешка е европскиот дубаи/абу даби, лежи на нафта и гас..
Швајцарија ти е перална и сеф на пари отсекогаш...

И уствари што ти беше поентата?!
Поентата ми е дека денешниот успех на тие држави не доаѓа од тоа што пред 100 години биле поинакви системи, туку од тоа што денес имаат силни институции, владеење на правото и стабилни демократии. Во спротивно, ќе требаше сите поранешни колонијални сили и сите поранешни авторитарни држави денес да бидат успешни, а очигледно не се
 
Поентата ми е дека денешниот успех на тие држави не доаѓа од тоа што пред 100 години биле поинакви системи, туку од тоа што денес имаат силни институции, владеење на правото и стабилни демократии. Во спротивно, ќе требаше сите поранешни колонијални сили и сите поранешни авторитарни држави денес да бидат успешни, а очигледно не се
А кој ги направил тие: "тоа што денес имаат силни институции, владеење на правото и стабилни демократии."?

Комунизмот знаеме дека не.. ама види чудо, сите западни бивши колонијални сили и монархии имаат успешна демократија :cautious:

Ај те молам најди ми друг исклочок, вака како аргумент?

А да, и заборавив да спомнам дека Ј.Кореа била 30 години диктатура под покровителство на УСА! (ако не си знаел)
И тој типот владеел бетер од Тито кај нас, само што место самоуправување, помогнал да се формираат Чаебол-ите, кои буквално и тогаш и сега ја контролираат Ј.Кореа!
Good luck ако мислиш дека они имаат демократија со 20 фамилии што ја држат цела земја во шака и не одговараат за ништо ;)
 
Секој систем си има слабости. Западните демократии постигнаа невиден економски прогрес после втората светска војна. Денес, не можат да се одбранат од наезда мигранти кои немаат никаква намера да се асимилираат или да бидат продуктивни. И сите пари на светот не можат да ги одбранат од ова, затоа што мигрантите ги користат токму слабостите на демократијата и корумпираноста на системот.
Мешаш систем со конкретни политики. Демократијата не наложува масовна миграција. Тоа се одлуки на конкретни влади, а тие можат да се сменат. Во авторитарен систем, ако лидерот донесе погрешна политика, како ќе ја смениш без да го смениш целиот режим? Имаш одговор?

Во меѓувреме, земји кои немаат „независни институции“ туку диктатури и хибридни режими, ги немаат овие маки. Си градат патишта, железници, брзи возови, болници, привлекуваат инвеститори, платите им растат... јебига сега, не можат да се фалат со слобода на изразување ама и не мораат да вадат туѓи пасоши за бегство од дома
Повторно ги сведуваш работите на еден фактор. И демократски држави градат автопати, брзи железници, болници и привлекуваат инвестиции. И авторитарни држави имаат корупција, сиромаштија и пропаднати проекти.
 
Во демократијата и јас и ретардот имаме исто право на глас и наместо да трошат партиите време на работење на државните проблеми, они трошат на убедување на ретардот да ги гласа.
 
Доволно беа одмори, одиме со рестарт на темава. Ќе бидам краток: Да ја укинеме демократијата во следните 20 години и да избереме диктатор.

Едноставно не ни оди со демократија и тоа е повеќе од очигледно. Освен тоа што имаме слобода да јадеме трици на форум, назадуваме во сите сегменти и не сме во состојба да уредиме една мала и убава држава да функционира нормално. Политичарите си прават што сакаат, се богатат, присвојуваат јавни површини и добра. Тонеме во загаденост, не можеме да го средиме сообраќајот, болниците и училиштата ни пропаѓаат, не можеме ни да ги одржуваме. Нема добри иницијативи а ако ги има заглавуваат во бирократија и никогаш не се реализираат. Секоја одлука што се носи е компромис помеѓу партии за остварување на власт, не постои меритократија, секој директор е поставен по партиски клуч, често не ни знаат што им е работа. И да не редам понатаму затоа што реков дека ќе бидам краток.

Значи, да се избере диктатор за наредните 20 години со едноставни задолженија:

- Намалување на јавна администрација и воведување дигитализација за се, од плаќање сметки до поднесување жалби и барања итн...
- Рушење на дивоградби секаде и без исклучок.
- Рушење на легални градби кои се изградени со криминални промени на градежни планови.
- Плажи, паркови и други рекреативни површини да бидат исчистени од комерцијални објекти од траен карактер и да бидат бесплатни за народот.
- Средување на јавен сообраќај, еколошки автобуси, трамваи, дронови, хеликоптери, што год да е.
- Бесплатен јавен превоз. Возен ред и возила кои нема да доцнат.
- Казни за тие што фрлаат ѓубре, ефикасни комунални претпријатија.
- Чиста вода за пиење.
- Поддршка за производители на домашни производи.
- Обнова на болници и училишта. Озеленување на јавни површини.
- Стипендии за деца кои спортуваат. Враќање на спортот. Поддршка на локални клубови.
- Ќорка за сите што мрчат.

После 20 години, диктаторот да си замине и да се воспостави привремена демократија, да видиме дали сме научиле нешто. Ако не сака да си оди да се симне на сила, да се егзекутира, и во наредните 100 години идните генерации да зборуваат колку бил лош и неспособен.

Ајде...
Добро размислување, уште подобра листа, ако немаш против би додал уште една ставка на пописот:
- Задолжителен воен рок од минимално шест месеци, со вистински војнички дрил, ако евентуално родителите не стигнале или немале време да ги воспитаат своите галеничиња.
 
Автоматски споено мислење:

Јас сум за диктатура, ама под услов да се донесе јапонската принцеза, а таа цела свита со нејзе, министри, директори, па дури и судии и полиција!
Бар додека нашиве не се исчистат од корен!
 
Демократијата си бара одредена споделена етика и општествена доверба, што пак си бара некакво културолошко НЗС кај граѓаните.
Ние, како промашен мултикултурен проект, максимум што можеме, е ова што моментално го имаме.
Сврзно ткиво не може да е споделена сиромаштија и мантри за влез во ЕУ. Не иде тоа така.
 
А кој ги донесол тие економски реформи,индустриска политика и другите фактори ?? Таа иста авторитарна власт,очигледно со огромен успех
Постои успех во Кина и тоа не е спорно. Веројатно историско брзо кревање од сиромаштија во развој со помош на странски капитал, домашно претприемаштво и копирање на модел на државно управување од Сингапур (авторитарен систем со слободен пазар). Доста импресивно.

Али ако ставиме ствари во перспектива, Кина создава огромна економска вредност во апсолутни бројки пошто се милијарда плус народ. Развој поправилно се мери по глава на жител, не во апсолутни бројки.

Ако гледаме БДП по глава на жител (ППП), Кина е на ранг на Македонија. Грубо кажано, ако Македонија готви пица и Кина готви пица, и треба секој граѓанин во двете држави да добие по едно парче, тоа парче ќе биде горе доле со иста величина. Ако гледаме ранг листа на топ 50 земји со БДП по глава на жител во свет, најголем дел се демократии и се на запад. Кина има ненормален раст, има огромно БДП во апсолутни бројки, али ако се мери развој по човек (не само Шенжен, Шангај и Пекинг, туку цела Кина), по глава на жител е далеку од западните системи.

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_GDP_(PPP)_per_capita
 
Тој што ќе им го одземе правото на глас, како ќе го викаме? :kafence:
I see your point.

Тогаш теоријата на Аматерацу е подобро решение. Сите го задржуваат правото на глас, а оние што придонесуваат повеќе добиваат поголема тежина при гласањето. На тој начин се спречува еден паразит да има исто влијание како некој што реално придонесува многу повеќе.
 
I see your point.

Тогаш теоријата на Аматерацу е подобро решение. Сите го задржуваат правото на глас, а оние што придонесуваат повеќе добиваат поголема тежина при гласањето. На тој начин се спречува еден паразит да има исто влијание како некој што реално придонесува многу повеќе.

врска ти нема муабетов, баш сиромашните повеќе гласаат десно. Ако испадне твоево, реднеците у америка воопшто нема да гласаат.
 
Значи технофеудализам.
Уште да се индексира гласот со сумата демек уплатена како даноци, Анѓушев сам ќе си се бира, не му треба мојот глас.
Јака фора, морам да признаам. КГБ вака ги регрутира депутатите. Не јавно, ама тука некаде. Кој украл највеќе, наш е, ај во Думата.
Зошто технофеудализам? Секој може да работи и да пријави данок. Можеш и како земјоделец тоа. Мрзофеудализам имаме моментално, од луѓе што не сакаат да работат.
врска ти нема муабетов, баш сиромашните повеќе гласаат десно. Ако испадне твоево, реднеците у америка воопшто нема да гласаат.
Имаш два видови сиромашни. Едните сакаат да работат а немаат работни места, тие гласаат десно, другите што се по гета, не сакаат да работат и зависат од Section-8, EBT, Medicare, Medicaid etc. Е тие гласаат лево затоа што само демократите им даваат да бидат паразити на цел систем.
 
apsolutno.

smesno e sto lugje sto ne ja sakaat demokratijata go obozavaat komunizmot i obratno, a vistinata e deka dvata politicki sistemi se outdated, potreben e nov sistem koj ke e vo tek so vremeto i potrebite na lugjeto vo ova vreme.

od druga strana - glasav da, zatoa sto smetam deka pokazavme deka kako narod i kolektivitet nemame demokratski kapacitet niti sposobnost za rasuduvanje za toa koj treba da e izbran i da upravuva so centralnata vlast, taka da, najdobro e da go stavime najsposobniot, najpametniot da ja vodi drzavata i istiot da ima apsolutna mokj da pravi shto saka, pod uslov da ja opravi drzhavava.
 
Во демократијата и јас и ретардот имаме исто право на глас и наместо да трошат партиите време на работење на државните проблеми, они трошат на убедување на ретардот да ги гласа.
Во диктатурата ни ти ни ретардот нема да имате право на глас.
 
Back
На врв Bottom