- Член од
- 25 ноември 2010
- Мислења
- 655
- Поени од реакции
- 1.822
Против. Во дисфункционална демократија немаме еден политичар на кој може да му се верува. Ако станеме диктатура, тоа значи дека на истата багра на која не и веруваме, ќе и дадеме власт да контролира се со надеж дека за 20 години доброволно ќе се откажат од власт, моќ и пари. Подучени од историја, ова нема да се случи, ќе пуштат длабоки корења.Доволно беа одмори, одиме со рестарт на темава. Ќе бидам краток: Да ја укинеме демократијата во следните 20 години и да избереме диктатор.
Секој диктатор доаѓа на власт со ветувања за промети, против кој и да е непријател, со декларации за решавање на сите проблеми, за да на крај дојде во ситуација да биде на позиција само за да акумулира власт и го опресира народот со цел лично да се збогати. Диктатура во суштина е: целосна контрола на медиуми и образование (што мисли народот, а мислите и уверувањата одредуваат како ќе се однесува), власт и правда (полиција и судови, одредуваш кој е слободен, кој позади решетки) и економија (кој ќе има можност капитализира, а кој не во државата). Ако имаме диктатор, дали бил тоа Заев, Груевски, Мијалков, Али Ахмети, Петко, Станко, на крај на ден ќе се владее по ист модел како до сега. Прво, ќе постават некомпетентни прљави луѓе околу себе кои лесно можат да ги сменат ако не им се лојални (не ти треба кадарен свет како диктатор, пошто тој работи по закон, а законот неќеш да важи за тебе, неможеш така да крадеш и да останеш на власт). Заради ова овие системи тонат. Пљачкање на државата и уживање во пленот на сметка на 1.8 милиони луѓе, пошто нема кој да те контролира, судиите, џандарите, обвинителите, се твои луѓе кои ако мрчат, можеш да ги смениш (а они тоа не го сакаат). Разликата ќе биде што во систем на диктатура, никој нема да може да ги контролира и од лошо, би отишле на полошо.
И да каже диктаторот "остај ме 20 години на влас, жими мајка ќе ти завршам работа" - кога ќе има пристап до сите клучни институции, нема да може да биде сменет. Овие партиски ботови што ги имаме раштракани низ неколку партии сега ќе се консолидираат во една. Со други зборови од ВМРО, ДУИ, СДСМ, кој и да е, ќе станат сите некоја модерна интерпретација на КПЈ - се за партијата и за лидерот (дали маската е комунизам, патриотизам, човекови права, уопште не е битно, моделот е авторитарен).
Алтернативен систем: функционална демократија. Додека Британија, Америка или делови од Европа имале демократија со векови каде се развивала, еволуирала, ние сме нови во ова (30 и кусур години). За жал, нашата демократија беше градена од водечки фигури и деца на авторитарен систем, кои државата си ја сфатија како систем за лично збогатување и акумулирање власт. Не капираат држава до ден денес. Кај нас и Свети Петар да дојде на власт, луѓето околу него (што ќе треба да спроведуваат одлуки) ќе бидат исти како овие што ги имаме сега, ќе местат тендери за себе и свои луѓе, ќе пљачкаат каде стигнат, не треба да се чека виша сила да дојде од надвор да не спаси. Внатре треба да се мења системот, најмногу во два сегменти: судство и полиција. Добри закони имаме, не се спроведуваат или се спроведуваат селективно. Судството ни е под капа на партиите, и овозможува да се пумпаат милијарди од Македонија и државава да се осиромашува. Ни диктатура, ни демократија нема да не спаси, се додека овие две институции служат на мал број луѓе кој под маската на "ја сум тука за државата" се опарија за генерации и иселија генерации млади луѓе од тука. Судството и полицијата да профункционира независно од партиите е доволно за да мрдне државава од мртва точка. Со други зборови: ни треба демократија со јаки институции.
Последно уредено:

