Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 50: @Darling - Неверството да биде криминално дело)

„Независни институции“ е поголема утопија. Еве веќе 35 години се обидуваме а резултатите се тие што се. Само еден човек со вистинска намера и решителност да ги поправи работите може да не извлече од овој хаос.
35 години кај нас не пропаднаа независните институции, туку пропадна тоа што партиите никогаш не ги пуштија тие институции реално да станат независни.
 
Доволно беа одмори, одиме со рестарт на темава. Ќе бидам краток: Да ја укинеме демократијата во следните 20 години и да избереме диктатор.

Едноставно не ни оди со демократија и тоа е повеќе од очигледно. Освен тоа што имаме слобода да јадеме трици на форум, назадуваме во сите сегменти и не сме во состојба да уредиме една мала и убава држава да функционира нормално. Политичарите си прават што сакаат, се богатат, присвојуваат јавни површини и добра. Тонеме во загаденост, не можеме да го средиме сообраќајот, болниците и училиштата ни пропаѓаат, не можеме ни да ги одржуваме. Нема добри иницијативи а ако ги има заглавуваат во бирократија и никогаш не се реализираат. Секоја одлука што се носи е компромис помеѓу партии за остварување на власт, не постои меритократија, секој директор е поставен по партиски клуч, често не ни знаат што им е работа. И да не редам понатаму затоа што реков дека ќе бидам краток.

Значи, да се избере диктатор за наредните 20 години со едноставни задолженија:

- Намалување на јавна администрација и воведување дигитализација за се, од плаќање сметки до поднесување жалби и барања итн...
- Рушење на дивоградби секаде и без исклучок.
- Рушење на легални градби кои се изградени со криминални промени на градежни планови.
- Плажи, паркови и други рекреативни површини да бидат исчистени од комерцијални објекти од траен карактер и да бидат бесплатни за народот.
- Средување на јавен сообраќај, еколошки автобуси, трамваи, дронови, хеликоптери, што год да е.
- Бесплатен јавен превоз. Возен ред и возила кои нема да доцнат.
- Казни за тие што фрлаат ѓубре, ефикасни комунални претпријатија.
- Чиста вода за пиење.
- Поддршка за производители на домашни производи.
- Обнова на болници и училишта. Озеленување на јавни површини.
- Стипендии за деца кои спортуваат. Враќање на спортот. Поддршка на локални клубови.
- Ќорка за сите што мрчат.

После 20 години, диктаторот да си замине и да се воспостави привремена демократија, да видиме дали сме научиле нешто. Ако не сака да си оди да се симне на сила, да се егзекутира, и во наредните 100 години идните генерации да зборуваат колку бил лош и неспособен.

Ајде...
И најчесниот човек да го најдиш за 20 години тотална власт има да стани невиден диктатор . Човековата природа е таква. Коруптивна. Француската револуција на чело со Робеспиер е најдобар доказ за тоа.
 
Диктаторот по 20 години нема доброволно да си замине од власт со демократски избори, туку неговите најблиски соработници кога ќе осетат каква моќ и богатство акумулирал за време на неговото владеење, ќе направат се за да го елиминираат и да дојдат на негово место па да си продолжат уште 3х20 години.

Значи ти би одбрал да се откажеш од слободата во замена за чиста околина и редовен јавен превоз? Спремен си да јадеш пендреци и да дремиш во притвор за искажано мислење на Кајгана? Или можеби сметаш дека ти ќе си еден од тие кои ќе ги спроведуваат директивите на диктаторот?

Еве јас од утре сум диктатор. Што мислиш дека ќе се случи со тебе? Ќе ми бидеш прв соработник/советник или ќе те елиминирам како потенцијална закана за мојата позиција?

Човековата слобода да размислува, твори, критикува е бесценета. Секој што сака да го промени тоа и да донесе диктатор на власт кој ќе го опресира, затвора и убива својот народ е противник на природата и еволуцијата и заслужува ц4 во полн автобус со негови истомисленици додека оди на работа во фабриката отворена од неговиот диктатор кој ревносно го поддржува само затоа што имал чисти улици и јавен превоз.

Приватно возило би забранил, да си знаеш. Точаци ќе ви купам и електрични автобуси ама тие само за во зима ќе се користат. Што е твое, ќе биде и мое. Јас ќе ти кажам кога ќе го користиш и како, ако не ме слушаш ќе ти го земам.

Пак сакаш диктатор? Или демократски избрана власт која строго ќе ги спроведува законите кои се напишани и препишани од понапредни демократии од нашава каде се ова што си го напишал функционира?
 
Имаме и еден кој добвоволно ќе се пвијави да ја изв'шува оваа ваботна задача.

На глобално ниво, длабоко сме навлезени во ерата на технологијата, а ние како држава сеуште се мачиме да им обезбедиме пивка вода на граѓаните, редовно да им го собираме сметот и да креираме ефективен и ефикасен јавен сообраќај кој би се користел за широка употреба, независно од социјалната структура. Дури и здравата животна средина, нешто што е загарантирано со Уставот, е мисловна именка. Нема затоа што не се сака, а се може. Владее политички дуопол, тој е во неформална коалиција. Меѓусебно не се чепкаат, сем натрапниците.

Политиката е алатка за зборатување, од голтари станаа милионери. А врска си немаат од политика, доаѓаат од сфери кои немаат допирна точка со менаџментот, ги прерипнуваат политичките скалила и одма се приграбуваат до раководна функција. Не можеш да не знаеш елементарност, а сакаш да бидеш раководител. Треба да имаш ускуство, знаење, акал, карактер, па да те постават во средина во која ќе воспоставиш ред, независно дали си некое раководителче, министер, заменик-министер, пратеник, советник или градоначалник. И затоа нема јавни дебати, нема тв дуели каде ќе добива прашања кои малку ќе те запотат, ќе ти го загрозат рејтингот, одат да разговараат на теми кои им се однапред познати, а често и на подготвени прашања каде ќе рецитираат одговори. Глупи луѓе ни ја водат државата.

Сите големи државни болнички комплекси, во Скопје, се правени од некои претходни режими, воена, и градска и државна. Никнаа Систина и Митрев, а државата не е способна да направи уште еден комплекс за 35 години. Истиот е во некоја фаза на просторно планирање, па не во Ѓорче, ај во Карпош! Ова беше најавено уште во времето на Никола, пред 10-15 години и сеуште немаат ставено камен на камен, а веќе сме на средината на мандатот на актуелната влада со најавени нови предвремени парламентарни избори.

Дури и интелектуалната сфера, кога ќе дојде на власт, се губи. Не знаат што со себе, не знаат во која насока да се движат. Загубени во простор и време. И еве до каде е донесена државата. И да, секогаш имало миграција, и во турско, и во комунизмот/социјализмот, но не со ваков интензитет.

Ако диктатурата е во интерес на народ и државата, како Либија на пример, тогаш да. Или Југославија. Да направи мини оаза од оваа држава, реалокација на средствата од џебот кон јавно добро. Нека живее ко крал, во вила Водно, во вила Билјана, на државна смета, нека јаде манго на даска и редок вид на школки, нека се вози со тоа на “м“, ама зад себе да не остави ништо од кое би живееле нековите поколенија. Ко Тито.

Функцијата не треба да се прозор кон лесно и брзо збогатување, туку за вршење на јавна должност, реализација на проекти и санирање на проблеми.

Како бе доволно беа одмори кога денес ми е прв ден одмор!? Нишо тогаш, ај ќе се вратам на работа...
 
би додал на ова забрана за кучиња, скитници и домашни. Расчистување со диви мечки што загрозуваат села, и сечење дрва што го загрозуваат градот. Настрана тоа, донесување закон за ливадарки кој ќе им даде рок од 1 година да се мажат и да раѓаат минимум 3 деца.
 
Немај грижи. Ти ќе бираш дали да те пуштат да расчистуваш со мечките, да чуваш едно куче со emotional support лиценца или да плодиш законски обврзана ливадарка.. Ако покажеш емоционална интелигенција, најверојатно ќе добиеш две мечки и дрвена плакета окована во некоја шума.
 
Значи ти би одбрал да се откажеш од слободата во замена за чиста околина и редовен јавен превоз? Спремен си да јадеш пендреци и да дремиш во притвор за искажано мислење на Кајгана? Или можеби сметаш дека ти ќе си еден од тие кои ќе ги спроведуваат директивите на диктаторот?
Од која слобода? Да јадам бурек на форумов? Ако е тоа цената што треба да се плати за нормално образование, здравство, крај на градежната мафија, ред и поредок, чист воздух и вода... тоа е мала цена за да се плати. Ќе се држам до фудбал и до филм и ич нема да ме боли Тасе кој бил градоначалник и кој го товарил магарето. Патем, сум бил во држави во кои не смее да се мрчи по форуми, и во секој поглед се државишта за нашата, луѓето работат, заработуваат, одат на одмори, си гледаат фамилија и курс ги боли што не можат да мрчат за нивните диктатори.
 
Доволно беа одмори, одиме со рестарт на темава. Ќе бидам краток: Да ја укинеме демократијата во следните 20 години и да избереме диктатор.

Едноставно не ни оди со демократија и тоа е повеќе од очигледно. Освен тоа што имаме слобода да јадеме трици на форум, назадуваме во сите сегменти и не сме во состојба да уредиме една мала и убава држава да функционира нормално. Политичарите си прават што сакаат, се богатат, присвојуваат јавни површини и добра. Тонеме во загаденост, не можеме да го средиме сообраќајот, болниците и училиштата ни пропаѓаат, не можеме ни да ги одржуваме. Нема добри иницијативи а ако ги има заглавуваат во бирократија и никогаш не се реализираат. Секоја одлука што се носи е компромис помеѓу партии за остварување на власт, не постои меритократија, секој директор е поставен по партиски клуч, често не ни знаат што им е работа. И да не редам понатаму затоа што реков дека ќе бидам краток.

Значи, да се избере диктатор за наредните 20 години со едноставни задолженија:

- Намалување на јавна администрација и воведување дигитализација за се, од плаќање сметки до поднесување жалби и барања итн...
- Рушење на дивоградби секаде и без исклучок.
- Рушење на легални градби кои се изградени со криминални промени на градежни планови.
- Плажи, паркови и други рекреативни површини да бидат исчистени од комерцијални објекти од траен карактер и да бидат бесплатни за народот.
- Средување на јавен сообраќај, еколошки автобуси, трамваи, дронови, хеликоптери, што год да е.
- Бесплатен јавен превоз. Возен ред и возила кои нема да доцнат.
- Казни за тие што фрлаат ѓубре, ефикасни комунални претпријатија.
- Чиста вода за пиење.
- Поддршка за производители на домашни производи.
- Обнова на болници и училишта. Озеленување на јавни површини.
- Стипендии за деца кои спортуваат. Враќање на спортот. Поддршка на локални клубови.
- Ќорка за сите што мрчат.

После 20 години, диктаторот да си замине и да се воспостави привремена демократија, да видиме дали сме научиле нешто. Ако не сака да си оди да се симне на сила, да се егзекутира, и во наредните 100 години идните генерации да зборуваат колку бил лош и неспособен.

Ајде...
Значи диктатор го прави само тоа што ќе остане 20 години на власт?
Дефиниција по европски стандарди (y)
 
Не бе. Му даваме мандат од 20 години и одврзани раце да ги реши проблемите.

Ако не се обиде да си даде уште 20 години тогаш не бил вистински диктатор :pos:
 
би додал на ова забрана за кучиња, скитници и домашни. Расчистување со диви мечки што загрозуваат села, и сечење дрва што го загрозуваат градот. Настрана тоа, донесување закон за ливадарки кој ќе им даде рок од 1 година да се мажат и да раѓаат минимум 3 деца.
Се надевам дека се зезаш. Ако не се зезаш, зимај мерки понавреме дур не прогресирало што и да те мачи.
 
Од која слобода? Да јадам бурек на форумов? Ако е тоа цената што треба да се плати за нормално образование, здравство, крај на градежната мафија, ред и поредок, чист воздух и вода... тоа е мала цена за да се плати. Ќе се држам до фудбал и до филм и ич нема да ме боли Тасе кој бил градоначалник и кој го товарил магарето. Патем, сум бил во држави во кои не смее да се мрчи по форуми, и во секој поглед се државишта за нашата, луѓето работат, заработуваат, одат на одмори, си гледаат фамилија и курс ги боли што не можат да мрчат за нивните диктатори.
Ма ни мислење за фудбал и филм нема да ти биде дозволено ако не е во согласност со политиката на диктаторот. Збориме за диктатура, нели?
Ај те молам наброј ги тие држави во кои си бил.

Ќе те заболи тасе кога во кафана ќе ја опцуеш музиката поднапиен од 2 чашки домашна ракија а 3 ти се дозволени, а зад тебе на маса седи офицер на диктаторот и те бележи ко дисидент.
 
Се надевам дека се зезаш. Ако не се зезаш, зимај мерки понавреме дур не прогресирало што и да те мачи.

Знам дека вие менструатори ќе се возбудите, но нашата цивилизација нема да постои за едно 50 години ако тераме вака. Комшии ќе ви станат алаху акбер и луѓе што серат по улици. Децата се столбот на нацијата, ако ги немаш, нема да постоиш. А моментално они не постојат ради себични задоволства.
 
Јасно, не се зезаш, разбрано.
Автоматски споено мислење:

Од која слобода? Да јадам бурек на форумов? Ако е тоа цената што треба да се плати за нормално образование, здравство, крај на градежната мафија, ред и поредок, чист воздух и вода... тоа е мала цена за да се плати. Ќе се држам до фудбал и до филм и ич нема да ме боли Тасе кој бил градоначалник и кој го товарил магарето. Патем, сум бил во држави во кои не смее да се мрчи по форуми, и во секој поглед се државишта за нашата, луѓето работат, заработуваат, одат на одмори, си гледаат фамилија и курс ги боли што не можат да мрчат за нивните диктатори.
Нема историски позитивен исход од диктатор во таа смисла на зборот, па дури и за нашава вукојебина не е добра алтернатива.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom