Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 50: @Darling - Неверството да биде криминално дело)

Пишав веќе, леб и игри. Не оди тоа така. Мора да има дистракции за широките народни маси.
Не си ти за диктатура. Нит леб ќе видиш нит игри. Ќе добиеш присилна работа за градење на општеството кое го бараш и ќе умреш на 50 години. Да не мислиш дека ќе гледаш фудбал и кркаш пиво додека некој друг умира на градилиште?
 
би додал на ова забрана за кучиња, скитници и домашни. Расчистување со диви мечки што загрозуваат села, и сечење дрва што го загрозуваат градот. Настрана тоа, донесување закон за ливадарки кој ќе им даде рок од 1 година да се мажат и да раѓаат минимум 3 деца.
Колку деца имаш ти?
 
Штета што ја избриша дискомуникацијава со дебилов. За ваквиве петарди нема лек освен да им го скршиш егото.
Штета!
Не знам од кога си ти на форумов, 1000 јузери му имаме избришано (ова не е претерување). Сите ќе не надживее ликот. Не хранете го, секако оди во канта.
 
Не знам од кога си ти на форумов, 1000 јузери му имаме избришано (ова не е претерување). Сите ќе не надживее ликот. Не хранете го, секако оди во канта.
Го разбрав ликот. Има психолошка бариера, кога ќе му ја скршиш се губи ко мало дете, тотал ресет му се прави до следна психотична состојба без надзор и медикаменти.
 
Решението не е еден силен човек, туку силни и независни институции. Мене, ми се свиѓа моделот на Сингапур на пример, систем што успеа да спои строга меритократија, нулта толеранција за корупција и висок животен стандард. Тој модел покажува дека државата може да биде истовремено строга и функционална, без притоа да се претвори во идеолошка диктатура или да заглави во партиски хаос.
Сингапур кон тоа беше воден од еден човек со визија и кој неверуваше дека западната демократија е применлива веднаш во било која земја. 30+ години LKY беше на власт и потоа и неговиот син беше главен. Под негова власт немало баш независни институции кога се донесувале одлуки и бил спремен со сите да се пресмета само да го истера неговото кое патем секогаш е било во интерес на Сингапур, а не на некој недораснати квази демократи. Можеби на хартија е демократија Сингапур ама таму ја води една власт од нејзиното постоење и еден човек(ок не е баш еден ама тој е најзаслужниот) ја однесе од рибарско село со британстко пристаниште во една од најсовремените и најчисти држави.

Всушност тоа и што бара Ио Соно Интериста само зборот диктатор малку е тежок збор. Инаку ние уште не сме созреани за демократија, имаш огромна маса остатоци од комуњаризмот што мислат се ги следува и имаш огромна маса на народ што партијата ја гледа како завод за вработување. Таа група нема сенс за државност, ниту пак за рационално размислување за тоа што е најдобро за сие туку само за нивниот гз или ќе свират како ќе им кажат затоа што се неспособни за некоја посериозна работа и ова им треба да преживеат. Толку е вкоренето тоа во системот што нема да се откине. Овие одлучуваат за сите и се додека не се создаде едно 60-70% образовано (немора да значи факултет, кај нас средното е чисто ради реда) и способно население нема да фукнционира демократијата. Ова е и тоа што пред телевизија го има изјавено LKY.

Сум за ова @Io Sono Interista што предлага заради претходно што напишав дека демократија не е за секој и треба одредени услови за демократијата да успее. Сепак со секоја година се полош и полош е квалитетот на луѓе што не водат, а никогаш и не сме имале некој квалитетни да не водат.

Eве каков човек ги има водено Сингапур:

Тоа е Сингапур а кај нас е ова горе-долу:
 
Додека Мицко и Меџити ствараат капитални проекти за албанското население, учк зуи во собрание на говорница преку села и илире даути „Зошто нема албански јазик !!!!“. Оваа како би ја ебел, у православие ќе се префрли одма.

Мицкоски искрено верува во заедништво меѓу сите заедници, затоа им го опна србинот за министер за локална самоуправа и го зема турчинот во коалиција.

Мене не ми прај баш ќеф таа шиптаpката ама до вкус е . Иначе во врска со темава , за стока како нас само диктартор му е мајката , ама не од типот на Ким дебелиот или Чаушеску . Некој како Хитлер шо беше во почетокот на неговото владеење , кога ја среди пропаднатата Германија и без глупостите и нечоештините шо ги направи во ВСВ .
 
Доволно беа одмори, одиме со рестарт на темава. Ќе бидам краток: Да ја укинеме демократијата во следните 20 години и да избереме диктатор.

Едноставно не ни оди со демократија и тоа е повеќе од очигледно. Освен тоа што имаме слобода да јадеме трици на форум, назадуваме во сите сегменти и не сме во состојба да уредиме една мала и убава држава да функционира нормално. Политичарите си прават што сакаат, се богатат, присвојуваат јавни површини и добра. Тонеме во загаденост, не можеме да го средиме сообраќајот, болниците и училиштата ни пропаѓаат, не можеме ни да ги одржуваме. Нема добри иницијативи а ако ги има заглавуваат во бирократија и никогаш не се реализираат. Секоја одлука што се носи е компромис помеѓу партии за остварување на власт, не постои меритократија, секој директор е поставен по партиски клуч, често не ни знаат што им е работа. И да не редам понатаму затоа што реков дека ќе бидам краток.

Значи, да се избере диктатор за наредните 20 години со едноставни задолженија:

- Намалување на јавна администрација и воведување дигитализација за се, од плаќање сметки до поднесување жалби и барања итн...
- Рушење на дивоградби секаде и без исклучок.
- Рушење на легални градби кои се изградени со криминални промени на градежни планови.
- Плажи, паркови и други рекреативни површини да бидат исчистени од комерцијални објекти од траен карактер и да бидат бесплатни за народот.
- Средување на јавен сообраќај, еколошки автобуси, трамваи, дронови, хеликоптери, што год да е.
- Бесплатен јавен превоз. Возен ред и возила кои нема да доцнат.
- Казни за тие што фрлаат ѓубре, ефикасни комунални претпријатија.
- Чиста вода за пиење.
- Поддршка за производители на домашни производи.
- Обнова на болници и училишта. Озеленување на јавни површини.
- Стипендии за деца кои спортуваат. Враќање на спортот. Поддршка на локални клубови.
- Ќорка за сите што мрчат.

После 20 години, диктаторот да си замине и да се воспостави привремена демократија, да видиме дали сме научиле нешто. Ако не сака да си оди да се симне на сила, да се егзекутира, и во наредните 100 години идните генерации да зборуваат колку бил лош и неспособен.

Ајде...
па и сега живееме во еден вид на диктатура посекако е како ќе каже лидерот останатите се само аминари!
 
Диктаторот по 20 години нема доброволно да си замине од власт со демократски избори, туку неговите најблиски соработници кога ќе осетат каква моќ и богатство акумулирал за време на неговото владеење, ќе направат се за да го елиминираат и да дојдат на негово место па да си продолжат уште 3х20 години.

Значи ти би одбрал да се откажеш од слободата во замена за чиста околина и редовен јавен превоз? Спремен си да јадеш пендреци и да дремиш во притвор за искажано мислење на Кајгана? Или можеби сметаш дека ти ќе си еден од тие кои ќе ги спроведуваат директивите на диктаторот?

Еве јас од утре сум диктатор. Што мислиш дека ќе се случи со тебе? Ќе ми бидеш прв соработник/советник или ќе те елиминирам како потенцијална закана за мојата позиција?

Човековата слобода да размислува, твори, критикува е бесценета. Секој што сака да го промени тоа и да донесе диктатор на власт кој ќе го опресира, затвора и убива својот народ е противник на природата и еволуцијата и заслужува ц4 во полн автобус со негови истомисленици додека оди на работа во фабриката отворена од неговиот диктатор кој ревносно го поддржува само затоа што имал чисти улици и јавен превоз.

Приватно возило би забранил, да си знаеш. Точаци ќе ви купам и електрични автобуси ама тие само за во зима ќе се користат. Што е твое, ќе биде и мое. Јас ќе ти кажам кога ќе го користиш и како, ако не ме слушаш ќе ти го земам.

Пак сакаш диктатор? Или демократски избрана власт која строго ќе ги спроведува законите кои се напишани и препишани од понапредни демократии од нашава каде се ова што си го напишал функционира?
Па еве 35 години имаме демократски избрани влади. Вака барем знам дека диктатор ќе ме дупи, а не демократија.
 
... ние влегуваме во криза на граѓанската култура (аномија) состојба каде што слободата погрешно се толкува како анархија, односно како право да се прави што сака без одговорност и без почитување на законите и кога општеството ќе западне во ваква фаза на општа недисциплина, непослушност и себичност, историски се создаваат специфични услови за доаѓање на диктатор чија примарна мисија не е само промена на институциите, туку „превоспитување“ и присилно дисциплинирање на самиот народ.

... кога секојдневниот живот ќе стане жртва на туѓата неодговорност (сообраќаен хаос, фрлање ѓубре насекаде, непочитување на јавен ред, неплаќање даноци), кај помирниот дел од народот се раѓа силен гнев со идеја за силен лидер кој ќе воведе ред по секоја цена - Диктатор!

... НО, ако се зема во предвид фактот дека слабите држави (нели и Македонија), кои најчесто се целосно зависни од странска помош, ЕУ фондови и кредити од меѓународни институции, ќе ја изолира државата од надворешниот свет, ќе се воведат визи и забрана на движење и што со Диктаторот во Македонија?

... НИШТО!, само ќе ја погребаме државата веќе да не постои, за поставување и функционирање на Диктатор на некоја држава, без разлика за која цел ќе биде поставен, треба истата држава да биде барем економски независна, со сопствени ресурси, геополитички силна, ние ништо не сме од тоа, така да џабе фантазирање! :toe:

... за нас во ваква состојба како што сме како држава Диктатор не е опција, туку радикално засилување на владеењето на правото (каде законите важат за сите еднакво и се спроведуваат без исклучок) и подигнување на граѓанската свест преку образованието.

... или во крајна линија следење на населението преку напредна технологија со видео камери и вештачка интелигенција за да го оценува однесувањето на граѓаните во секое време, ако некој ја минува улица на црвено, не плаќа сметки или зборува лошо за моментална власта, се додава негативни поени со што во некој зголемен број, граѓанинот всушност ќе биде оценет негативно негово однесувањеи ќе го изгуби правото да патува со воз, бус, авион, да зема кредит или да ги запише децата во градинка, училиште, факултет, нема да има можност да купи влезници за спортски натпревари, концерти, па тогаш самиот граѓанин самиот „ќе се смири и дисциплинира“ ако сака да биде дел од опшетството!
 
Одговорив против за мислењето.

Демократијата не е совршена, ама пак е подобро решение од диктатура. Само треба да им се одземе правото на глас на сите што не се нето доприносувачи на државата.
 
Back
На врв Bottom