Ај да не претерам ама едно 60-70% од инвеститорите така градат. Земаат кредит, почнуваат да ја градат и од самата продажба ја доградуваат зградата и враќаат кредити или само враќаат кредити во зависност од финансиската конструкција на проектот. Верувај, еден куп фирми има што се тегнат со банки, нотари, уписи во катастар итн, само за да се пуштат побрзо парите за да може да платат рати или да докупат материјали. Не ги глеј ти овие Адора, Мадора, тоа се гиганти, а имаш еден куп други помали фирми што градат така како што опишав.