... јас напишав совет како да постапат приватните специјализанти кои се со Договор на дело, да не бидат изиграни, ти ми наметнуваш дека ,,ќе пукнам од мака", зашто би, не ми е јасно, не се умилкува на ,,кремчето" на таков начин.
... а хуманоста што врска има со Договор на дело каде се ангажира личноста според законски договор меѓу двете страни, како правник ги спроведуваш законите или гледаш хуманост?
...па нормално и законски е така, кога едните се вработени, а другите не се вработени!
... под државна капа не се приватните специјализанти тие се со Договор на дело ангажирани денес важи договорот утре не важи, државниот вработен специјализант не може да си замине на друго место и по специјализација, а приватниот специјализант оди каде сака нема обврска према болницата зошто не е вработено лице туку со Договор на дело АНГАЖИРАНО!!
... но држи вода ова опција - ,,со идентичен образовен профил исто работно место вработени под државна капа, а различна плата" така да доктор специјалист од било која специјалност од ОБ ,,8ми Септември" Скопје, зема побајаги поголема плата од ист колега специјалист од иста специјалност и стаж од ОБ Струмица.
...не знаеш баш добро,
ако мислиш за приватни специјализанти дека земаат ,,финасиски надоместок, ноќна работа итн" не земаат по законски пат и не важи за сите, само за ВИП личности и тоа колега кој е вработен по директива на заштитникот на ВИП приватен специјализант, си допишува фиктивно дополнителни часови на работа на пример во месецот 130 ч и тие пари, кога ќе подигне плата вработениот колега му ги дава на рака на ВИП специјализантот кој е со Договор на дело, па наместо само 26 000 ден ќе зема 70 000 ден вкупно тој месец,
...јавна тајна, контроли имаше сега кога С.Клековски беше Директор на ФЗОМ, законски, неделно може вработен да има САМО 8 ч дополнителна работа, а годишно мислам беше 190 ч, све друго над ако има потреба треба да образложи написмено Директорот на клиника до ФЗОМ да ги запознае и да добие ,,одобрение" за оправданоста на тие дополнителни часови, а ваму само во еден месец 130 ч.
...тие земаат повеќе од 26 000 ден затоа што се вработени лица на таа здравствена институција и плата им се пресметува според бодовите на образовниот профил одреден со систематизација множено со вредноста на коефициентот со дополнителен износ за стаж ако има, додека СИТЕ ангажирани со Договор на дело земаат ангажман фиксен финасиски износ од 26 000 ден (тоа не е плата зошто не се вработени лица) било да се хигиеничари, медицински сестри, доктори, економисти, болничари СИТЕ 26 000 ден таков е Договорот на дело, беше претходно 18 000 ден, па 21 000 ден, па сега 26 000 ден.
...еве убаво ти објаснив, се надевам дека ќе разбереш!