Самиот поим договор за дело е апсурден сам по себе ако се спореди со реалноста. Вон здравството со години работи иста работа како редовно вработените, но не му следува никаков надоместок ниту платата му е иста. Ниту стаж, ниту одмор ниту боледување. А одговорноста пред раководното лице е иста.
Можеби и Бјонс ама не знам.
...од улица може да влезе во клиника и да работи некоја личност, тоа не значи дека има исти права како редовните вработени?? смешно ми е како размислувате, до толку да не сте запознати со законите?
... Договор на дело е ,,измислено" како советник или да се искористи искуство, знаење и пракса на некоја личност која во моментот не може да се вработи или има друга работа или е пензионер, а не да се ангажира со Договор на дело анонимуси во проблематиката или пилци излезени тукушто од факс и да се вратат како мува без глава и да добијат финасиски износ (тоа не е ,,плата" не важи за него терминологија од Закон за работни односи ,,плата,, стаж,, годишен одмор, К15, здравствено и пензиско осигурување).
...Договор за дело и начинот на такво ангажирање е ист било во здравство било во која друга сфера и тоа се искористува како предност при вработување доколку особата не е вработена и ништо повеќе.
...е сега политички се злоупотребува склучувањето на такви договорци, една група од партиски членови се во работен однос во ЕВН, МЕПСО најчесто со високи плати и склучуваат Договор на дело дополнително на пример во администрација во здравство и изиграваат шерифи со поддршка на партиски поставен Директор,
...друга група се договорци кои не идат воопшто на работа туку им се исплатува само ангажираниот износ на трансакциона, а нив никој не ги видел на работа,
...трета група договорци нивните договори се со друга работна позиција, а работаат сосема трета, на пример склучува договор како болничар или хигиеничар затоа што за тоа има моментално потреба на некоја клиника, а всушност тие се медицински сестри и работаат како медицински сестри, болничар пак нема, а тие после на медиуми ќе кажат дека работеле три години како медицински сестри, а ваму договорот како болничар или хигиеничар, така да Министерство за финасии се збунува при одобрување на средства доколку се вработат, а Министерство за администрација нема никаква систематизација за тие работни позиции!
...и кога ќе се земе во предвид дека медицински кадар со средно образование добива вонредно дипломи иако е стопирано од 2020 год, наоѓаат начин за заверка со последен датум од 2020 год, па влегуваат во здравство економисти гимназијалци како медицински сестри, кога ќе се додаде и завршување на ,,факултет" на медицинска сестра за време на работен однос, тоа значи последиците од незаконско работење на Министерство за образование се рефлектира во здравството и болниците и никој крај не може да им најде!
... значи еден од кривците за хаотичната ситуација со кадар во здравството е и Министерството за образование до сега како работеле, тие не нострифицирале дипломи и специјализации на доктори, а не пак ќе се занимава со среден кадар,
... дополнитрлно Лекарска комора ,,слепа" дава Лиценца за работа на доктори или специјалисти пред да проверат дали воопшто им се нострифицирани дипломите и специјализациите, кој беше претседател на Лекарска комора и сеуште е?
- особа која никој не ја изгласи за претседател и директно била поставена од СДСМ конкретно од З Заев, за што муабет правиме сега?