Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
...повели биди љубезен и напиши во врска со специјализантите како работаат во Германија, дали има приватни со Договор на дело и вработени и дали воопшто имаат врска со Факултетот - дали имаат специјалист ментор за да споредиме нели со нас, па да ја видиме и ефикасноста, не само со еден збор ,,уредено" тоа ништо ме ни кажува, само напад на нашето, без објаснување.
Ајде биџи уклучи чатџубити и напиши еден долгометражен пост. :icon_mrgr: да видам што не ти е јасно
 
Луѓе, први сме во Европа. Можеби не ви изгледа така, ама државата цвета.

Прегледај го приврзокот 483766
Жалосно е што некој ќе мисли дека сме стварно најаки во се и ќе сме во таква заблуда со која само ќе тонеме ,а резултатот на ваквото бахато понашање на политичарите е недоволното ниво на образование и на политичката (не)писменост на 90% од народот!!
 
Нирмално дека нема потреба кога не гледаш подалеку од сендвичот.

Целна група сендвичара РОН
Сендвич па сендвич во 101 пост :pos: ..... запнал за сендвич :pos:доста бе се мољакај за сендвич .... нек некој од вмровците ти порача веќе еднаш два/три сендвича колку да не ко гладно кутре цвилиш веќе ....
 
... нека ти објасни (напише) како е во Германија, баш би сакала од прва рака да прочитам, но да се споредиш со држава каде здравствениот систем е поинаков и нема таму државни и приватни специјализанти, ниту постои ангажирани со Договор на дело, ниту пак специјализантите се поврзани со факултетот, ама еве ќе оставам простор од прва рака да напише!
епа не постои бе Бијонс. Сите знаеме зошто е договор на дело кај нас, а зошто не постои тоа во Германија и дали имаат сите иста плата за истата работа што ја работат или има дискриминации по тоа прашање.

Приватен специјализант е најапсурдното нешто што постои. Од секој доктор бараш професионалност, одговорност и знаење на ниво на лекарите во развиените земји, а ги третираш полошо од инсектите.

Ама цената на крајот на краиштата ја плаќа народот. Не е будала некој што си плаќал од џеб, шест години по 1200 евра, до недоглед да трпи некој да му го потценува трудот. Затоа болниците се без доктори.
 
Какво е тоа миснистерство без ресор? Дали има такви министерства по другите држави? Со која проблематика се занимава? Дали има еден куп паразити вработени во тоа министерство?
 
Какво е тоа миснистерство без ресор? Дали има такви министерства по другите држави? Со која проблематика се занимава? Дали има еден куп паразити вработени во тоа министерство?

Одговорот е во болдуваниот дел од твојот допис.

Кога партиите ќе ја фатат и поделат власта и проценат дека нема доволно државни цицки за „ухлебување на нашите„, се впушаат во измислување на „работни места„ кои се практично непотребни, освен нели, за „нашите„.
 
Самиот поим договор за дело е апсурден сам по себе ако се спореди со реалноста. Вон здравството со години работи иста работа како редовно вработените, но не му следува никаков надоместок ниту платата му е иста. Ниту стаж, ниту одмор ниту боледување. А одговорноста пред раководното лице е иста. Дури и полошо, може да ти го прекине договорот кога сака.
Договор за дело се знае за што се применува ама 10% се 10%. К15 е К15, 0.5% е 0.5%. Легален лоповлук од институциите на сметка на договорците.

Се оградувам за специјализанти и други лица во здравството пошто не сум упатен и не би сакал да спорам со доктор од Германи и доктор од Скопје, нормално тие се упатени во проблематикава.

Ова погоре општо важи за јавните, државните и локални органи минус здравство. За здравство Ацесо и Кадаиф си го знаат знаењето.
Можеби и Бјонс ама не знам.
 
Последно уредено:
Ее така.. Извади го комуњарското и не се криј позади разочаран граѓанин-филмови. Никој не напраил кула во Дубаи со криење

Или цел хотелски комплекс во заштитено подрачје од УНЕСКО покрај Охридско езеро.

mijalkov_grafit_stencil_2.jpg
 
епа не постои бе Бијонс. Сите знаеме зошто е договор на дело кај нас, а зошто не постои тоа во Германија и дали имаат сите иста плата за истата работа што ја работат или има дискриминации по тоа прашање.

Приватен специјализант е најапсурдното нешто што постои. Од секој доктор бараш професионалност, одговорност и знаење на ниво на лекарите во развиените земји, а ги третираш полошо од инсектите.

Ама цената на крајот на краиштата ја плаќа народот. Не е будала некој што си плаќал од џеб, шест години по 1200 евра, до недоглед да трпи некој да му го потценува трудот. Затоа болниците се без доктори.

Концептот приватен специјализант е нешто што мора да се укине, а од друга страна да се направи од корен реорганизација и план за вработување на кадри од различни специјалности низ целата држава, во смисол секој доктор дали е општи лекар или специјализант да си има редовен работен однос. Од друга страна за жал пак приватната специјализација , како и разни магистерски докторски итн студии постојат за да им го полнат џебот на факултетите, а без притоа да обезбедат квалитетно знаење.
 
груески беше малце глуп, ги чуваше све во медицина како на резерва. Дојдоа дуи и сдсш после све го напунија цел клинички со албанци. Сега место врвна институција е да бегаш подалеку од таму. А и не беше само клинички, сите институции место со свои луѓе му ги избркаа и ги напунија со нивни, и ај сега избркај ги.
 
More kako mu se zapnavte, ke ja oprajte republikata, taka mi lici mene :pos:
Не е работа на народот да ја оправа републиката. Затоа има премиер и министри. На последните избори добија огромна подршка,ветија дека кога ќе дојдат на власт ќе ја оправат републиката. За да ја оправат републиката треба прво да се занимаваат со судството,здравството економијата. Нема веќе изговори и мавтање со знамиња. На народот најмногу го иритира кога кажуваат за криминалите на предходната власт а не преземаат ништо во врска со тоа. Кај е Муртинецот,нели ќе одговараше?Со чиви пари врти бизниси во Дубаи?Кај е Таче кај се тие од ДУИ? Нели ќе одговараа? До кога со истите финти? Не чинело судствотото. Па ореземи нешто во врска со тоа. Доста само изговори.
 
Самиот поим договор за дело е апсурден сам по себе ако се спореди со реалноста. Вон здравството со години работи иста работа како редовно вработените, но не му следува никаков надоместок ниту платата му е иста. Ниту стаж, ниту одмор ниту боледување. А одговорноста пред раководното лице е иста.
Можеби и Бјонс ама не знам.
...од улица може да влезе во клиника и да работи некоја личност, тоа не значи дека има исти права како редовните вработени?? смешно ми е како размислувате, до толку да не сте запознати со законите?

... Договор на дело е ,,измислено" како советник или да се искористи искуство, знаење и пракса на некоја личност која во моментот не може да се вработи или има друга работа или е пензионер, а не да се ангажира со Договор на дело анонимуси во проблематиката или пилци излезени тукушто од факс и да се вратат како мува без глава и да добијат финасиски износ (тоа не е ,,плата" не важи за него терминологија од Закон за работни односи ,,плата,, стаж,, годишен одмор, К15, здравствено и пензиско осигурување).

...Договор за дело и начинот на такво ангажирање е ист било во здравство било во која друга сфера и тоа се искористува како предност при вработување доколку особата не е вработена и ништо повеќе.

...е сега политички се злоупотребува склучувањето на такви договорци, една група од партиски членови се во работен однос во ЕВН, МЕПСО најчесто со високи плати и склучуваат Договор на дело дополнително на пример во администрација во здравство и изиграваат шерифи со поддршка на партиски поставен Директор,

...друга група се договорци кои не идат воопшто на работа туку им се исплатува само ангажираниот износ на трансакциона, а нив никој не ги видел на работа,
...трета група договорци нивните договори се со друга работна позиција, а работаат сосема трета, на пример склучува договор како болничар или хигиеничар затоа што за тоа има моментално потреба на некоја клиника, а всушност тие се медицински сестри и работаат како медицински сестри, болничар пак нема, а тие после на медиуми ќе кажат дека работеле три години како медицински сестри, а ваму договорот како болничар или хигиеничар, така да Министерство за финасии се збунува при одобрување на средства доколку се вработат, а Министерство за администрација нема никаква систематизација за тие работни позиции!

...и кога ќе се земе во предвид дека медицински кадар со средно образование добива вонредно дипломи иако е стопирано од 2020 год, наоѓаат начин за заверка со последен датум од 2020 год, па влегуваат во здравство економисти гимназијалци како медицински сестри, кога ќе се додаде и завршување на ,,факултет" на медицинска сестра за време на работен однос, тоа значи последиците од незаконско работење на Министерство за образование се рефлектира во здравството и болниците и никој крај не може да им најде!

... значи еден од кривците за хаотичната ситуација со кадар во здравството е и Министерството за образование до сега како работеле, тие не нострифицирале дипломи и специјализации на доктори, а не пак ќе се занимава со среден кадар,

... дополнитрлно Лекарска комора ,,слепа" дава Лиценца за работа на доктори или специјалисти пред да проверат дали воопшто им се нострифицирани дипломите и специјализациите, кој беше претседател на Лекарска комора и сеуште е?

- особа која никој не ја изгласи за претседател и директно била поставена од СДСМ конкретно од З Заев, за што муабет правиме сега?
 
Последно уредено:
Или цел хотелски комплекс во заштитено подрачје од УНЕСКО покрај Охридско езеро.

mijalkov_grafit_stencil_2.jpg

Како да ти кажам дека не е ова тој тонч-момент што мислиш дека е .
Треба ли да де потсетиме која про-европска- анти-руска- анти српскосветовска опција и кои амбасади се служеа со неговите капацитети.
 
Како да ти кажам дека не е ова тој тонч-момент што мислиш дека е .
Треба ли да де потсетиме која про-европска- анти-руска- анти српскосветовска опција и кои амбасади се служеа со неговите капацитети.

Авторите на графитите?

Или сега си во пу-пу не важи фаза?
 
Back
На врв Bottom