ИСТОРИЈА НА ФИЛМСКАТА ПРОПАГАНДА
Од самите почетоци, кинематографијата станала средство за создавање илузии. Имено, францускиот уметник Жорж Мелие прв ја препознал „магичната“ моќ на филмот. Сепак, неговите филмови не можат да се наречат пропаганда, бидејќи нивната суштина била да создадат магија на екранот и да го натераат гледачот да поверува во сите неверојатни ефекти. Мелие несомнено бил мајстор за манипулација, но повеќе во смисла на илузионист, магионичар и пронаоѓач.
Дваесет години подоцна, вистинските пионери на филмската пропаганда станале советските филмски автори. На крајот од ерата на немиот филм, во втората половина на 1920-тите години, Сергеј Ајзенштајн и Ѕига Вертов истовремено развиле практични техники на монтажа и снимање, чие наследство е тешко да се прецени, бидејќи филмските автори и денес се водат според нивните теории. Наклонети кон идејата за револуцијата, Ајзенштајн и Вертов создадоа некои од најголемите филмови во историјата, како и култни примери на филмска пропаганда. Во 1925 година, Сергеј Ајзенштајн го објавил долгометражниот филм „Battleship Potemkin“, кој претставувал делумна примена на теориите на советскиот режисер, особено на теоријата за монтажа на атракции. Според Ајзенштајн, монтажата е „нервот на кинематографијата“, односно токму комбинацијата на кадри и музика го прави „Battleship Potemkin“ револуционерен филм. Од друга страна, Ѕига Вертов не верувал во играниот филм и сметал дека вистината може да се прикаже само преку документарниот филм. Неговиот филм „Човекот со филмска камера“ (1929) обединил бројни техники и методи кои и денес се користат. Тој верувал дека филмската вистина може да долови сè и насекаде, па во обид да создаде футуристичка и утописка слика за Советскиот Сојуз измислил и применил многу филмски техники, како што се: двојна експозиција, забрзано движење, забавено движење, замрзнат кадар, скоковити резови (jump cuts), поделен екран (split screen), екстремни агли на снимање, екстремни крупни планови, следечки кадри (tracking shots), обратно репродуцирана снимка, стоп-анимација и многу други.
Така, уште во своите почетоци, кинематографијата била сфатена како средство за манипулирање и контролирање на масовната свест. Но, што се случило потоа?
Во првата половина на 20 век, во Европа се појавиле голем број тоталитарни режими кои ја користеле пропагандата преку кинематографијата за промовирање на одредени идеи. Лени Рифенштал, на пример, е една од најзначајните пропагандни фигури на 1930-тите години. Нејзините документарни филмови „Triumph of the Will“ и двете продолженија на „Olympia“ претставуваат пропаганда на идеите на владејачката партија во Германија. Овие филмови биле нарачани директно од владата со цел да се промени перцепцијата на јавноста за политичката сцена во 1930-тите години и да се наметне одреден општествен, политички, културен, па дури и историски поредок.
За жал, токму тоталитарните режими први ја сфатиле моќта на кинематографијата како средство за манипулирање со масите, поради што, на пример, Третиот Рајх имал министерство за пропаганда кое вршело целосна контрола врз целокупната филмска продукција во Германија.
Сепак, погрешно е да се тврди дека филмската пропаганда е карактеристична само за тоталитарните режими. Холивуд малку подоцна ја прифатил контрапропагандата, но сепак ја користел. Доказ за тоа е појавата на институции кои ја контролирале и цензурирале кинематографијата со цел да наметнат одредени идеи. Такви владини агенции биле Бирото за филмови (The Bureau of Motion Pictures - BMP) и Канцеларијата за воени информации (The Office of War Information - OWI). Тие продуцирале десетици филмови кои ја промовирале идејата за влегување на Соединетите Американски Држави во Втората светска војна. Истите принципи на пропагандата се појавиле и во филмовите за време на Виетнамската војна и Студената војна, како и за време на советската инвазија на Авганистан.
ПРОПАГАНДАТА ДЕНЕС
Последниве неколку години се забележува дека некако пропагандата е многу повеќе вклучена во светот на филмот. Woke и cancel културата е се позастапена, па така дури и беше вклучена во условите за еден филм да биде во конкуренција за некои награди, како Оскарите. Нешто порано од тоа бевме сведоци на #MeToo движењето по кое еден куп филмови, актери, режисери и филмски работници од кои голем дел врвни уметници беа „канселирани“. На форумов се појавија и многу ликови кои почнаа самиот филм да го поистоветуваат со пропагандата, па така тие не го „канселираа“ некој конкретен филм или актер, режисер... туку ја „канселираа“ цела филмска уметност. Евидентно е дека во многу теми на подфорумов веќе не се ни зборува за филмот и филмските елементи, туку за тоа колку црн или колку педерастичен бил актерот, колку имало „ебење во здрав мозок“ во филмот и колку тивко или гласно се обидувале да ни продадат некои западни современи идеологии. Не велам дека не се во право, ама со целото тоа труење на просторот не оставаат на останатите, кои сакаат да дискутираат за филмот, а не за некои вонфилмски елементи, да ја видат шумата, од дрвјата. Последно и најеклатантно беше со скоро стотина испишани мислења за пропагандата во најновиот филм на Кристофер Нолан, „The Odyssey“, во темата за генерална филмска дискусија. Неколкумина дури и ми се пожалија дека целата таа дискусија е офтопик. Затоа со @Io Sono Interista одлучивме да ја отвориме оваа тема, каде ќе ве оставиме на раат да си дискутирате за се она што очигледно ве исполнува - пропагандата во светот на филмот, а што, гледаме, од историјата погоре, дека не е ништо ново.
ДАЛИ ФИЛМОВИТЕ МОЖЕ ДА СЕ АПСТРАХИРААТ ОД ПРОПАГАНДАТА?
Историскиот контекст засекогаш ја променил нашата перцепција за пропагандата: зборот денес предизвикува само негативни асоцијации. Во исто време, треба да се признае дека пропагандата е составен дел од уметноста, а особено од современата кинематографија. Сепак, би сакале да се потсетиме на оние филмови кои ја изразуваат слободата на кинематографијата и ја претставуваат уметноста.
На пример, можеме да ги споменеме хуманистичките пораки на Стивен Спилберг — „Saving Private Ryan“ (1998) и „Schindler's List“ (1993). Или, пак, да се потсетиме на германскиот експресионистички филмски период од 1920 до 1925 година, кој бил вознемирувачки израз на растечката општествена напнатост, како и на ширењето на радикалните ставови во германското општество — „The Cabinet of Dr. Caligari“ (1920), „Nosferatu: A Symphony of Horror“ (1922), „The Golem: How He Came into the World“ (1922).
И, секако, треба да ги споменеме сатиричните филмови на Чарли Чаплин, кој го создал еден од своите најпознати филмови, „The Great Dictator" (1940). Иако генерално се смета за американско пропагандно дело, овој филм сепак е производ на хуманистичката порака на самиот Чарли Чаплин, бидејќи тој целосно го продуцирал.
За среќа, ова се само неколку примери на филмски автори кои ја користеле моќта на кинематографијата за да го искажат својот став. Тоа само покажува дека уметноста е над ограничувањата и дека вистинските уметници секогаш ќе најдат начин да ги раскажат своите приказни, без разлика дали станува збор за фикција или документарен филм. Сега е време да го следиме нивниот пример и да ги бараме можностите за да го изразиме својот глас!
А вие, на кои пропагандата ви е поважна, еве, си имате своја тема! Па пуцајте!