Ако Роџерс вреди толку колку што изгледа ќе платиме, Кукуреља и Ензо заедно треба да коштаат билион....
Не ми е јасно како уште сте изненадени со цифрите и упорно се тераат муабети во стил: Ако играч А вреди Х, тогаш играш Б треба да вреди Y.
Играчот вреди толку колку што ќе дадат купувачите и ќе прифатат продавачите. Ни помалку, ни повеќе.
Дали ќе е подобар од играч што е поефтин или поскап од него тоа е друг муабет.
За трансфери, ми излезе твит дека Арсенал се распрашувале за Гарначо и имаше еден деген од Арсенал како плаче дека не требало да го земат.
Ако може да им го увалат Гарначо на Арсенал и Џаксон на Вила тогаш ќе се легенди.
Остануваат уште Густо, двајца од Бадијашил, Дисаси и Тосин и еден од Емига и Делап да продадат.
Се натегаат со Лекроуа или како и да се пишува (Lacroix) а ги испуштија Сенеси, Ван Дер Вен и Ван Хеке.
Добар стопер мора да се земе, без стопер џабе ќе е се што прават.
За Чалоба се стопираа малку работите, Комо сакаше да го земат ама изгледа за некој милион е работата.
Густо исто, 75 му бараат, не верувам Сити да лупне толку за него ама пак на крај Сити е Сити и Густо е син на Мареска, така да нема да ме изненади.